БАДНИК – „ИДЕ ЗА ДА БИДЕ“, ОБИЧАИТЕ ОД МАКЕДОНСКАТА ВЕРА ПРЕТОПЕНИ ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО

06-01-2019       Колумната е напишана на ден 29.12. 2016 г., според најновите сознанија

                         корегирана е и објавена на ден 06-01-2019 г.

 

                                                                      БАДНИК – „ИДЕ ЗА ДА БИДЕ“

 

Јудео-христијанство, односно тоа е полуискривена вистина, добро наштимана за заведување на простата маса, што би се рекло – перење на мозокот“. - Извадок од „АНАНТИТЕ И АНТЛАНТА – АТЛАНТИДА“.

Уште од времето на камениот историски период, најмалку од пред 500.000 г, за Македонците и македонскиот календар, крајот на старата година и почеток на новата се смета од денот XXII-ри март, кога се оплодува природата и почнува годината во род, тој ден се раѓа ИС -ИСУС, ИСО, најсреќниот и најрадосниот ден за Македонците.
Во месец декември во природата се случува еден феномен, кој се вика сонцестоење од три дена од 22-ри декември до 25-ти декември. За што станува збор? Мајката Светот Македониа-Богородица на 25-ти декември го раѓа Р'С - растот на денот, наречен Рис, Ристос, Ристо


Во однос на годишните времиња, Мајката Светот Македониа-Богородица со својата оска на движење, прави наклон на едната и другата странa, на тој начин ги раѓа четирите годишни периоди.
На XXV-ти декември Мајката Светот Македониа-Богородица, по три дена двоумење, ќе реши со нејзината оска да направи наклон од соѕвездието АЖДЕР кон соѕвездието КРСТ. За крстот прочитај повеќе во книгата „Зета Македониа“ ст. 42. На 24-ти декември вечерта се пали оган, наречен ЛОМАЧА. Оганот го стимулира сонцето да изгрее порано, воедно на оганот се принесува жртва во вид на храна и вино. Оваа македонска традиција православните догми, (православие - фрлање прашина во очите на верниците, да неможат да ја видат маќедонската вера на Вистината - Реинкарнација), ја извртуваат наопаку. Македонските празници денес ги славиме со закаснение од 12 дена.

Мајката Светот Македониа-Богородица правејќи наклон кон соѕвездието Крст го означува моментот кога, всушност, почнува да се зголемува денот, а да се намалува ноќта. Ова скршнување на оската кај Македонците се нарекува: крст, крешт, воскресе, прекрштвање на денот, блом, лом, лом на дон. Тоа е почетокот на растот на денот, наречен е како: Р’С, Р’СТОТ на денот, Р’СТОС, ХРИСТОС, во христијанството погрешно е наречен ИСУС. Поради фактот што денот се зголемува, сега појаките сончеви зраци се нарекуваат КРШТ. Персонификација на сончевиот зрак „КРШТ“, „КРЕСТ“ (кај македонскиот народ, во денес наречена Хрватска, се нарекува кријесови), со значење оганот.


Еден ден пред да се роди младиот Бог Сонце - младиот ЅЕТ, денес наречен Божиќ, или на 24-ти декември - Бадникова вечер, се ложи оган. Преку ден се сече дабово дрво, денес наречено БАДНИК - ДАБНИК. Според македонските обичаи, Дабникот - Бадникот го сече најстариот член од семејството, (што го персонифицира старото сонце ТЕШТОТ или КРЕШТОТ), во придружба со најмладиот член на семејството (што го персонифицира младото сонце наречено ЅЕТ-ЗЕТ).
Светото дрво Дабникот - Бадникот претставува посредник за поврзување на долниот и горниот свет, на долна и горна Македониа, ја поврзува смртта со повторно раѓање - воскреснување. Дрвото даб  е симбол на цврстина, издржливост и вечност. Дабот е заштитник на РОДОТ МАКЕДОН - РОДОТ ЛАВРОД.
Особината на секое запалено дрво е да ослободува топлина и светлост, а покрај тие особини има и уште една појава, а таа е при допир да фрла искри. Кај запаленото дабово дрво, при спотнување-превртување, се ослободува голема количина на искри. Тие искри се клучен фактор при обредната церемонија за воскреснувањето.
Искрите поинаку се нарекуваат КРЕШТ, КРЕСТ, кај Македонците на територија наречена Хрватска се нарекува КРИЈЕСОВИ.

Именката БАДНИК значи ИДЕ ЗА ДА БИДЕ. Што значи тоа?
Традицијата на македонската вера (писменост и култура), во времето со старост е од 500.000 г. Во камениот период на македонскиот народ, многу ретко се среќаваат гробови. Поради тој факт, денес „научниците“ мислат дека во тој период немало луѓе, или биле во мал број. Проблемот се наоѓа во Дабникот – Бадникот. Всушност, упокоените Македонци не ги погребувале, туку ги спалувале на клада. На тој начин телото како и душата се прочистува, а духот божји Македон се качува на пламените јазици и отпловува на сонцето по пат на КРЕСКАЊЕ или фрлање искри од дабовото дрво кое гори, (денес се вика огномет). Таа клада на која гори упокоениот, и на тој начин се качува ГОРЕ кон сонцето, се нарекува ПАГООН (со значење горе по оган. Оттука произлегува подоцна вулгаризираниот термин ПАГАН). Утредента духот Македон повторно ќе кресне со новиот ден, новиот живот.
Зборот Бадник е збор со две лица. Зборот БАД ја претставува старата година, а по XXII-ри март ќе биде ДАБ или новата година во род. БАД е предвесник на смртта, а ДАБ е раѓање на нов живот. Ова е дел од македонската вера на вистината, вера на воскресението или реинкарнација. Поради големата почит кон дабовото дрво и неговото крескање, како симбол на воскресението, Македонците покасно, кога ќе го пронајдат златото, изработувале златни круни од дабови лисја.

 

...........................

Македонска круна од дабови лисја изработена од злато.                              „Македонски даб“

 

 

Оваа традиција е прекината со доаѓањето на македонците одметници, нареечени Римјани, во Македониа и воведувањето на христијанството.
Подоцна, христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со раѓање на „Исус Христос“. Нарочно го извртува редоследот на имињата. ИС-Исус се раѓа на 22-ри март, а Ристо -Христо (растечкиот ден), роден е на 25-ти декември. Ја измислува традицијата со бадниково гранче.

Што претставуваат бадниковите гранчиња? Бадниково гранче е свето дрво кај Македонците, името му е даб.

Во христијанството ова дрво ќе го прогласат за забрането дрво. Кој ќе го вкуси плодот од дабот, „Господ Богот Римјанин“ ќе го прогони од рајот, всушност животот ќе му биде пекол, како роб на римската галија.
Овој обичај христијанските отци во согласност со апаратот на владеење врз Македонскиот народ, како робови, не можело да го искорени, па исто како и други практики го прифатило, сега како дабови лисја кои служеле за подгревање на, погрешно наречениот, новороден „Исус“, всушност Ристо. 
Македонската монотеистичка вера ВИСТИНСКА е вера на реинкарнација на денот и реинкарнација на живата природа ИС, Сонцето, пролетта, цвеќињата и убавината. Македонците на празнични денови се кителе со цвеќиња. На ден XXV-ти декември се раѓа, реинкарнира младото сонце, наречено Ѕет-ЗЕТ. Персонификација на младото сонце е одбраниот, младиот Македонец Зет. Тој на XXV-ти декември се закитувал со круна од жолти дабови лисја, симбол на сонцето. Новиот единствен ЅЕТ ќе има моќ да го пренесе словото божјо. Низ македонската историја тој се нарекува Зет, Хермес, Асклепиј, Александар, Св. Никола-никулец, Ристо-растечкиот ден.

Дабникот – бадникот како божја круна, како сончев зрак, како сонце, се чува во секој дом една година. Тој носи среќа, мир и има исцелителна моќ.
За да се уништи коренот на македонската кралска круна, христијанството пропагира утредента да се запали оган со дабово гранче или бадникот.
Всушност, огнот на Бадниковата вечер се потпалува со ланскиот Дабник-Бадник. Ланскиот Зет, тогаш младото сонце на крајот од годината, како најдолга ноќ ќе биде/стане ТЕШТ или КРЕШТ. Сега круната на Тештот се пали. Овој обичај го имаме документирано со натпис од Осинчани близу до Скопје.

 

.....................

                         Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани, близу до Скопје, Македониа[1],
       7.000 – 6.000  год. мак. ера по преименувањето на македонската вера во христијанска религија

 


„Со македонското писмо ЦУТНО и македонскиот јазик на СОНЦЕТО, напишано е: „КРЕШТ СЕ СИ У Л’Т С’Л С ИЉУ“ со значење „КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО“. Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани, близу до Скопје, Република Македонија.
Натписот претставува споменик на културата на македонскиот народ и сведоштво е за погребните церемонијални обреди, за патот на телото, исто како и душата кон Сонцето. Со помош на огнот како симбол на Сонцето и пламените јазици како симбол на сончевите зраци, душите пловат кон Сонцето на прочистување, а преку зраците со помош на божјата молња се пренесуваат во центарот на спиралата, каде се умножуваат – воскреснуваат, наречено „КРЕШТ“ во рајот како дух божји Македон. Духот божји Македон, вселен во ВСЕЛЕНАТА со помош на божјата молња ЅЕ и еленот, како симбол на сончевиот зрак, со помош на „аѕил‘к“ (поглед низ виножитото), пристигнува во Македониа - рајот токму како сончев зрак, музика со македонски ритам, вселенска прашина, роса, орос или оплод. 
Зборот „КРЕШТ“ значи и „ВОСКРЕСЕ“. Господарот – Господ Македонец ставен на клада отпловува кон Сонцето, но со цел повторно да воскресне. Овој натпис ни укажува на ритуал за воскреснување, повторно раѓање и реинкарнација.“ - Извадок од книгата „Зета Македониа“. Стр. 98.

 


(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.  Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)

Голем интерес за книгата „Зета Македониа“ превод од македонски на англиски јазик. Книгата се наоѓа во библиотеките во Берлин, Лондон и Вашингтон. Големиот интерес се должи од стравот за разоткривање на нивната лажна историја, во однос на нивното Македонско потекло.

 

 

[1] Цртеж од Бранко Сотировски, дешифрирано од Васил Иљов. http://www.makedonijaese.com/storia1.htm

 

Прегледано:  1,891.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................