33 - КОКИНО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА

11-09-2018 г.

Набљудувачница КОКОНО


11-09-2018 г. „Набљудувачница Кокино, Републиа Македониа, опстојува од 500.000 – 1.917 г.мак.е.пред.п.христ.  
Во 2001 година во Република Македонија, под планинскиот врв Татиќев Камен во општината Старо Нагоричане, е откриен археолошкиот локалитет Кокино. Артефактите кои се пронајдени на тој локалитет, докажуваат за митскиот карактер на планината, нејзината светост и постоењето на набљудувачница. Според денешното сознание, локалитетот е направен од Славо-Македонците, потекнува од пред 1.917 г.м.е.п.п.х, а користен е во континуитет сè до седмиот век. Во 2005 година, НАСА го стави Кокино на четвртото место на листата со најстари и најважни астрономски опсерватории на све-тот.[1] Во Источна З.М.Европа, Кокино претставува еден од најмаркантните и најубавите објекти како набљудувачница, меѓу другите откриени и неоткриени набљудувачници, како на пример Цоцев камен – Кратовски регион, или пирамидата Плодна на планината Водно, во близина на главниот град на Република Македонија, Скопје.
Меѓу другото, на локалитетот е лоцирана централната точка за набљудување на небесните тела, како и седум маркери, изработени во вертикалните андензитни карпи, со кои се означувале местата на изгревање на Сонцето и Полната Месечина. Набљудувачницата служела за изработка на лунарен календар во циклус од деветнаесет години. Во наше време, еден таков циклус почнува во 2006 год. За прв пат во светот е пронајден маркер од камен за одредување на лунарниот месец, зимски од дваесет и девет дена и летен од триесет дена. Одбележувањето на изгревањето на Сонцето и на Месечината, со извонредна прецизност ги утврдувале местата на Сонцето во денот на долгодневицата, пролетната и есенската рамноденица, минималното и максималното отстапување на Месечината во зимскиот период и слично. Се набљудувало затемнувањето на Сонцето и Полната Месечина во циклус од педесет и четири години и триесет и четири дена. Пред да стане набљудувачница, се смета дека била света планина како пирамида на Сонцето, на која се негувале повеќе култови: култот на Големата Мајка божја Марија, Мадона, Македониа, култот на светиот спој меѓу мајката планета Македониа и Сонцето, покрај другото и чин за прогласување владетел ЗЕТ И НЕВЕСТА. За таа намена на врвот на планината се наоѓаат најстари, во светски размери, камени престоли. Зетот бил персонификација на Богот Сонце ИЛИ - ИЛ, Господар - Господ на Планетата Македониа и владетел.


[1] http://kokinomk.wordpress.com/, пристапено на 04.05.2015.

 

 

 

Карпестиот планински врв се персонифицира и како тело или пирамида на божјата МА. Служела за пренос на материјалната енергија од Планетата Македониа кон Сонцето. Тоа се случува кога на запалена клада, телото исто како и душата, преку двете пирамиди и сончевите зраци, духот божји Македон од принесената жртва, отпловува кон Сонцето за прочистување и повторно се враќа назад преку АЅИЛ’К - виножито и пирамидата на Сонцето, пристигнувајќи преку врвот или маркерот кој претставува божјо око. Запалената клада била и знак и сигнал, со кој се објавувале одредени значајни дати во големата Зета Планета Македониа, проглас за одредени периоди, кои се дел од еден цикличен процес, како на пример новата година, започнувањето на пролетта и рамноденицата итн. Тоа се случувало симултано, истовремено преку сите други помали набљудувачници или светилишта.
Покрај престолите на Господарите - Владетели Македонци, во Кокино има и помали столчиња за божјите Кокинки, тоа биле божји Мадонки, кои ќе бидат оплодени од сончевите зраци (зраците на господовиот поглед на Зетот).“ (Цитат од книгата „Зета Македониа 500.000 г. писменост Том II).  На едно од столчињата е пронајден натпис кој гласи[2]: „ИЛ“ Бог Сонце.

[2] Фотографија: Бранко Сотировски

Прегледано:  15.00 пати

                Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................