40 Јута САД


07.03.2021 г.

 

Јута САД Македон 


                                   Сл. 1 Зета Македониа Родна - Јута САД, Пештера Македониа. Обожествен Македон. Цртеж Бранко Сотировски. Тенеси



По освојувањата на македонските територии од страна на одродените Македонци, одметници и кратци групирани во градот РИМ, покрај масовната пљачка на материјалното и духовно богатство, Римјаните ќе посегнат и по нешто по свето.
Под закана на смрт, образованите Македонци ќе ги однесат во Рим. На повеќето ќе им наложат, македонската вера на Реинкарнација да ја преобразат во таканаречено Христијанство. Македонските учени ќе бидат принудени да ја испревртат македонската вера во погрешна насока. Таков е случајот и со легендата за Исак. Исак не е човек. ИС-ак е вкупната жива природа која се раѓа од 22 – ри март.

Во куси црти да ја раскажеме приказната за ИСАК, веднаш да извршиме и толкување. „Исак е син на стогодишниот Аврам“. Аврам не е човек тој е персонифицираниот стогодошен СРАМ, синоним за нешто многу старо, за преименување на македонската вера. Аврам е личност кој ќе го осрамоти Богот Сонце Илија. „Исак е роден од деведесет годишната Сара“. И Сара не е човек. Сара претставува С-АР-а. „С“ значи со, АР е обработлива почвае. Сара е временски период од 90 дена од раѓањето на растот на денот, наречен Р’С, Рис, Ристо, а тоа е 25 – ти декември. „Сара ќе биде оплодена од неименуван христијански бог и тоа нематеријално“. Христијанството ќе премолчи како е изведено оплодувањето.

Господарот Господ вели: „ Јас ќе ја благословам, и од неа ќе доаѓаат народи, и од неа ќе доаѓаат кралеви на нации ... Сара, твојата сопруга, ќе ти даде син и ти ќе го наречеш Исак; и ќе го воспоставам Мојот завет со него за вечен ЗАВЕТ [дека јас ќе бидам Бог за него и] за неговите потомци по него“. (- генерал 17: 15-19).
Оваа мисла на граѓаните од Рим кој се сметале за Господари Господ, почнуваат систематски да го уништуваат Македонизмот. Македонските територии ќе ги делат на помали држави со измислени имиња, оваа тенденција трае до денес.
„Кога момчето имало 8 дена, било обрежано (1. Мој. 21,4)“, Ваков ритуален чин до сега, не е сретнат низ светот, во македонската лигатура. Овој обред е измислен од одроденото македонско племе Семитите.
Според македонската вера, АР – почвата (Сара), ќе биде оплодена материјално, со ситната роса, во кој се наоѓа духот божји Македон –Божја Семенка, кој пристига од темните облаци, (види слика 1. Шаката на левата рака на Богот ИЛ претставува темен облак, од кој излегива ситната роса). Ситната роса поминува низ срцето, каде е складиран Духот Божји Македон. На градите пишува „ШТИЛ“ = штител. Се обидува да се објасни, дека ситната роса некого штити. Подоле пишува „ИСА“. Тоа значи дека ситната роса во кој се наоѓа Духот Божји Македон го штити синот божји „ИС“ = покасно наречен Исус. Од оплодената почва излегуваат вертикални линии, кои ги претставуваат земјоделските култури – житарици, каде пишува: „САДИ СИ, во III – три месеци ИС И СИЈА“. Ова значи дека,  за три месеци земјоделските култури – житарици „СИЈА“ како злато. Тој период „На погледот зрел“, кога бескрајните полиња натежнати од плодот лесно се нишаат на ветрецот „Пирвеј“. Пирвеј раскажува за моќта на Богот ИЛ и моќта на Божицата Донаторка, Мадона, Македониа, раскажува и за моќта на Македон и неговиот син БЕР. Синот Бер,  во христијанството наречен е Исак, тој претставува персонифкација на родените плодови. Во чест на Бер се одржуваат свечености, на денот на летниот солстициум 21 – јуни, летна долгоденица. Според христијанското учење, Аврам, срам, арам, проколнатиот од Македонците, треба да го жртвува свијот син Исак. Во мигот на жртва, великодушниот христијански бог со помош на ангелот ќе го спречи. Наместо синот Аврам ќе жртвува овен. Македонците никогаш не жртвувале луѓе на клада, како што тоа го прават во средниот век, во западна Европа.
Македонците овој период, кога зреат житните култури го нарекуваат Жантика, Жан – Ксантика. Во Македониа и одредени региони на Македонскиот Полуостров (Македониа и Хрватска) се нарекува Крес, Креска, Кријесови. Овој македонски обичај се однесува на небескиот оган на Сонцето Илија, на зимскиот и летниот сунцостој, на пролетната и есенската рамноденица. Ова верско почитување изразено со обреди, палење оган Клада, осведочено е со пештерата Македонија во Јута, живо е до денес во Македониа и македонските територии ширум светот. Зборот КРЕС произлегува од глаголот движење – кретање, но и крескање согорување и воскреснување. Еве еден историски документ од Република Македониа, кој е непобитен, кој сведочи за македонската вера Реинкарнација од историскиот период, минимум, од пред 500. 000 г. – 7000 г македонска ера, во континуитет до денес. 

                        

                                                                                                  Сл. 2 Македон


Силата на Македонскиот народ, со истакнати обожествени Македонци, лесно се уочува на цртежите во пештерата Македониа. Се препознава Македонска култура, која цутела со илјадници години, со автохтон народ Македонски. Според доказниот материјал, кој го сочинува македонската цртеж лигатура, се препознава писмо „Цутно“ наречена Кирилица. Откриен е единствен натпис во Северен ЦУТ - Америка, напишан со „Словарница Цутна“  наречена Латиница. Јазикот со кој зборувале е македонски. Целата наука и култура ја презентираат преку цртеж, скулптура и цртеш лигатураи, преку верата на Реинкарнација. Вера и верување во силата на Богот Сонце Илија и обожествениот Македон и неговиот син Бер.
Повеќе од сто години американските истражувачи сакаат да ја откријат тајната на цртеж – лигатурата, писмото и сликарството, но тоа не им успева“. 

 

Цитат од сеуште неиздадена книга „Зета Македониа Родна - Јута САД, 500.000 г. писменост. Том V “

 

Прегледано:  113.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................