ТУРЦИЈА - ОТОМАНСКА ИМПЕРИЈА

09.08.2018

 

ЗЕТА МАКЕДОНИЈА - НОВО МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО (ВИЗАНТИЈА), ДЕНЕШНА СОВРЕМЕНА ТУРЦИЈА

 

Македонското светилиште Гобекли Тепе е едно од многубројните светилишта од камениот период од славо-македонската ера од пред 11.600 г. Според напишаниот доказен материјал, со писмото ЦУТНО (кирилица и латиница), славо-македонскиот јазик, верата на вистината во единсвениот Бог сонце ИЛИ, мајката Марија, Мадона, Богородица, Македониа, синот божји Македон, односно со науката и културата, може со сигурност да се каже дека светилиштето Гобекли Тепе (Göbekli Tepe) го изградил автохтониот народ СЛАВО-МАКЕДОНСКИ на територија Зета Македониа. Оваа територија од 1299 до 1922 година или вкупно 624 години, се нарекувала Отоманска инперија, по македонсата династија на Комнините (таткото Ертогрул од селото Султан ќој, денешен Лескоец (Охридско) и синот Отоман), и денешна Турција наречена од 1922 г. 

 

Светилиштето Гобекли Тепе (Göbekli Tepe) се наоѓа шест милји од Урфа, древен град во денешна југоисточна Турција, и северна Месопотамија (славо-македонски збор Месо = Меѓу и Потамија = Меѓупоточје). Се смета дека светилиштето е изградено непосредно по завршувањето на последната ледена доба, но било напуштено под мистериозни околности пред околу 9.000 год. Структурите што го сочинуваат Гобекли Тепе се неверојатно добро сочувани, а дел од причината за извонредното зачувување се должи на климата на Зета Македонија, денешна Турција.

 

        

    Светилиштето Göbekli Tepe, 11.600 год. Територијата                  Mапа на славо-македонски локалитети во Меѓупоточје
                         на Зета Македонија,                                           (славо-македонски збор Месо = Меѓу и Потамија = Меѓупоточје).
     Ново Македонско Царство (Византија), Отоманска 

 Империја - Македонска Династија,Современа Турција

 

 

Потенцијалното светско откритие на Гобекли Тепе, всушност, најпрво се случило во 60-тите години од минатиот век, но никој не го препознал неговиот славо-македонски карактер и значење во тоа време. Всушност, било погрешно оценето како „средновековни гробишта“.


Но, во 1994 година е „повторно е откриен“ од страна на германскиот археолог Клаус Шмит, кога излегло на виделина неговото вистинско значење, како и неговите најимпресивни особини: староста; големината и квалитетот на изградбата. Според повеќето археолози, ова место било наменето да биде некаква верска структура, иако некои од нив, исто така, веруваат дека можеби тоа било место за погреб. Затоа, ова го прави Гобекли Тепе најстариот храм на светот. Според најновите дешифрирани текстови, со сигурност можеме да кажеме дека Гобекли Тепе е изградено од славо-Македонци од периодот на Зета Македонија.


Многу од камењата што ги сочинуваат храмовите на Гобекли Тепе имаат значајна научна, верска и уметничка вредност. Повеќето од централните столбови се украсени со елаборирани цртежи на животни, а некои од нив имаат и сложени животински статуи врежани директно на површината на столбот.  Археологот Ходер бил фасциниран што на резбите на столбовите доминираат цртежи на дивеч, но исто така, доминираат цртежи и на пострашни животни како: лавови; змии, пајаци и скорпии. Овие животни претставуваат персонификација на божеството ИЛИ и неговите особини. 


Во ова светилиште биле пронајдени преку 100.000 коскени фрагменти, од кои дури 60% од вкупниот број се коски од газели, но исто така и коски од друг вид на дивеч како: свињи, овци и црвени елени, различни видови на птици (вклучувајќи мршојадци, кранови, патки и гуски).

 

                                                                     (Фото Ирмгард Вагнер, авторски DAI).

 

 

Највпечатлив наод од локалитетот е мала плочка со изгравирани симболи во вид на лигатура. Од лево кон десно е симболот на Македонија, Мадона, реката ДОН, ја претставува божјата семенка, на овој симбол пишува МА. Вториот симбол лигатура го персонифицира сончевиот оплодувачки зрак и синот божји Македон со кренати раце. На овој симбол пишува К, И, и А. Третата лигатура ја симболизира птицата утка, симбол на смрта и раѓање на нов живот. На овој симбол лигатура пишува Е, Д, О, Н. Вакви исти и слични симболи се среќаваат во поширокиот регион, што докажува за распространетоста на автохтониот славо Македонски народ. 

 

На камената плочка пишува: МАКЕДОНИА. Овој камен ја претставува Зета Македониа, како извор на светската наука и култура, реката МА-ДОН-А Македониа, која го раѓа МАКЕДОН со помош на ДУХОТ БОЖЈИ.

 

Прегледано:  152.00 пати

 

 

 

 

Банери од радио станици каде се емитуваат песните создадени според сознанијата објавени во книгата „Зета Македониа“.

 

 

 

            ..............

 

 

        

            https://www.facebook.com/RadioIskrica

 

 

 

 

 

Tанго е вештина дадена за забава, уживање и здравје затоа ја заслужуваат сите!