Вермонт, САД

23-01-2018 г.

 

НАТПИСИТЕ И КАМЕНИТЕ ХРАМОВИ ВО ВЕРМОНТ, САД.


Уште во 1940-тите карактеристичните камени структури кои се наоѓаат во Вермонт (област Нова Англија, на северозападната страна на САД) предизвикуваат интерес и поттикнуваат прашања за нивното потекло и периодот од кои потекнуваат. Ги нарекуваат „комори", „колиби". „пештери". „кошници", итн.

 

 

Камен со натпис: „И ЈА ИЛИЈ“ со значење И ЈАС СУМ СОНЦЕТО ИЛИЈ. Каменот е во форма на изгрејсонце-Сонце.

 

 

Камен со натпис ИЛС со значење СОНЧЕВ ЗРАК. Каменот е во форма на сончев зрак, кој врши пренос на духот божји Македон.




Всушност, тие се првите храмови изградени од камен. Според анализата на записите пронајдени во самите храмови и надвор од нив, може со сигурност да се констатира дека тоа се споменици на културата оставени од автохтониот македонски народ, со старост од најмалку 500.000 г. Хипотезата дека тие се дел од древна македонска цивилизација добива силна поддршка и публицитет. Овие градби се првите градби од камен, иако не се единствени, ги има и во Република Македонија, но и на другите четири континенти. Тоа е така затоа што поради недостиг на пештери изработувале вештачки пештери. Ист е случајот и со пирамидите, кога поради недостиг на планини граделе вештачки планини. Пештерите, градбите од камен под земја, планините и пирамидите, Македонците ги користеле за одржување на верски обреди, тие се кондензатори за пренос и чување на духот божји Македон од денот 25-ти декември, во христијанството наречен ИСУС. Претпоставка е овие помали и поголеми објекти служеле и за пренос на луѓе и стока од еден континент на друг. Тие се основа на македонската монтеистичка вера. Македонската вера е составена од свето тројство помеѓу Таткото Сонце ИЛИ, Големата мајка МА, МУ, Марија, Мадона-господарка, Планета Македонија Богородица, родилка на Богот, секојдневното изгрејсонце, и синовите божји - Македонците. Оваа вера е вера на кружење на енергијата од Сонцето кон Планетата Македонија и обратно. Тоа е вера на два РАЈА, рајот во вселената и Рајот Планетата Македонија со центарот во Македонија.

 

 

Македонски храм за пристигнување и чување на духод божји Македон од денот 25-ти декември, во христијанството наречен ХРИСТОС.



Веднаш да се потенцира дека македонската вера е монотеистичка. Таа е основа на сите религии во светот, а со тоа и основа на потомците на Македонците, според напишани документи наречени МАИ. (Објавено во книгата Зета Македониа, 400.000 г. писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес стр. 354). Да се потенцира и објасни дека македонската вера не е „политеистичка Грчка митологија“. Денес наречената територија „Грција“ е, всушност, измислена во 1832 г. Населена е со безимени луѓе од семитско-арапско потекло на југот од Македонскиот Полуостров наречен Балкански.

Во прилог на натписите и камените храмови „комори“, професорот Бери Фел и другите [1]  како докази наведуваат понатаму дека некои од камените спиритуални храмови, биле градени на внимателно избрани местоположби за следење на изгрејсонцето и зајдисонцето, особено за време на краткоденицата и рамноденица. Оваа градителска особина е присутна се уште во Република Македонија.
Камените структури, според тоа, се само еден од многуте видови докази кои ја одразуваат древната македонска култура основа на европска култура во Вермонт и на други места во Нова Англија и САД.


Претпоставка на професорот Бери Фел е неговата изјава, дека „идентификувал натписи кои потекнуваат од Келтите датирани во периодот од 1000 п.н.е. до 300 п.н.е“. Според него, античките „Келти“ ги изградиле камените структури.
Професорите истражувачи на камените структури најчесто го препознаваат ракописот „Огам“, примитивен ирски јазик, сличен во морфологија и флексија со „галскиот“, „латинскиот“, класичниот „грчки“ јазик и „Санскрит“. Оваа претпостава е сосема точна, поради еден едноставен факт: ОСНОВА НА СИТЕ ТИЕ ЈАЗИЦИ Е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Сите наведени племенски групи се дел од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД распространет на пет континенти. Основа на сите писма што ги употребувале тие племенски групи е македонската словарница цутна (кирилица и латиница), цифрите пролетни, македонскиот музички ритам 7/8-ски такт.


Според аналитичарите: „Меѓутоа различните пристапи на истражување, недоследноста, противречните ставови, ги водат научниците во замки од кои досега никој не нашол соодветен одговор. Прашањата пак, зошто биле направени и дали воопшто потекнуваат од дамнешни времиња водат до несоодветни одговори, бидејќи самата вегетација, опкружување и услови не наведуваат воопшто на потреба од градење на пештери и скривалишта. Дали се тоа некој вид верски објекти? Потоа, постои проблем и со недостаток на археолошки материјални докази“.

 

Како дополнителен проблем за научниците претставува недостатокот на антрополошки докази. Зошто луѓето не оставиле зад себе ништо друго освен натписи и верски структури? Не биле пронајдени ниту коски ниту некои орудија,. Што не значи дека нема да се најдат. Тоа е така повторно, поради македонската вера на кружење на духот божји Македон од Планетата Македонија кон сонцето и обратно. Природно упокоените Македонци ги палеле на клада. Преку огнот, духот божји Македон, како и телото, патува на пламените јазици, како симбол на сончевите зраци во Рајот Македонија во вселената.

 

За македонската култура и континуитетот од временски период од минимум 500.000 г. може да прочитате во печатеното издание во книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес“ и дигиталната верзија Том III на сајтот zetamacedonia.com .

Книгата може да ја прочитате во Национални и универзитетски библиотеки во Република Македонија и во некој држави низ светот. Печатеното издание може да се купи кај авторот, преку меил zetamakedonija21@gmail.com , телефон +389 78 264106. 

 

 

[1] истражување објавено во The CPROCEEDINGS of the VERMONT HISTORICAL SOCIETY SPRING 1979 VOL. 47, NO.2 -Vennom's Stone Chambers:Their Myth and Their History By GIOVANNA NEUDORFER, страна 79



Прегледано:  297.00 пати

 

 

 

 

Банери од радио станици каде се емитуваат песните создадени според сознанијата објавени во книгата „Зета Македониа“.

 

 

 

......

 

 

        

            https://www.facebook.com/RadioIskrica