2. ШТО Е СВЕТИОТ ДУХ - МАКЕДОНСКА ВЕРА ВИСТИНСКО-СЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНО-ВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

17.11.2016   
                                                                      2. ШТО Е СВЕТИОТ ДУХ


„Откако постои човекот на Планетава, само Македонците имаат директна поврзаност со еден Бог и отсекогаш таа врска е „вистинска“, директно поврзана со персонифицираниот Бог Сонце - лавот.“, „Зета Македониа 400.000 г. писменост “, стр. 441.

Денешните луѓе, вклучувајќи ги и христијанските отци, наводно и луѓето од далечното минато, не можат да објаснат што е Бог и во каква состојба тој егзистира.
„Светото писмо ‘вистински’ ни го открива Бог. На еврејски ЕЛОХИМ (семоќниот), како полнота на сила и моќ, како полнота на семоќност, независен од ништо и од никого, над просторот и времето, творец на сè што постои, од ништо да направи нешто, таа моќ е ЉУБОВ. Тој е суштество или живо битие. Таа полнота претставува целосна исполнетост“. За човечкиот ум, целосната исполнетост со нешто, што е непознато претставува нешто страшно, незамисливо големо, преполнето со сила и тоа, со сила, која е семоќна. Наводно, сето ова ја претставува љубовта. Таа полнота на сила, моќ и семоќност, кај човекот, всушност, произведува само страв и стравопочит.  

Денешните луѓе можеби и не знаат што е Бог, заблудени од многубожји митологии и новоформирани религии. За луѓето од пред две и повеќе илјади години, Бог заедно со духот и душата божја е нормална и секојдневна појава.
За разлика од христијанството, во македонската вера Реинкарнација, божјата моќ е моќта на божјата љубов, составена од секојдневната светлост и топлина, од темнина и студ, од ситна роса и вода, љубов и болка. Божјата љубов е љубовен допир помеѓу светлоста и материјата. Македонската вера е вера на РЕИНКАРНАЦИЈА. Таа е вера на секојдневно реинкарнирање на љубовта со појавата на секојдневното утринско сонце и допирот на сончевите зраци.
Оваа љубов при разденување е отсликана како цифрена вредност ЕДЕН, со значење дека се разденило. Во природата нешто првично е светлоста на денот со цифрата Е-ДЕН. И во зборот ден се содржи цифрената вредност ЕН (еден).

Светлоста е присутна, видлива во периодот на денот и во периодот на ноќта. Светлоста е присутна во секоја материја, што претставува дух божји МАКЕДОН. Секоја материја си има своја светлост и топлина.



 ..................................................
                                        Дух божји Македон, 7.000-6.000 г. македонска ера пред појавата на христијанството.
                                                    Говрлево во близина на Скопје, Република Македонија.

Топлината е светлост, светлоста е љубов, љубовта е ПОГЛЕД, погледот е духот божји Македон, Македон е сила во секој Македонец.

Зошто духот божји се нарекува Македон? Духот божји се нарекува Македон, затоа што Македонецот е роден од Големата Мајка Параскева - Македонка, која се наоѓа во вселената - РАЈОТ МАКЕДОНИЈА. Новороденото утринско сонце претставува новородениот поглед „ЅЕ“, што е рамно на љубов. Љубовта е допир и спој од светло и темно, љубовта е мајка.
Духот божји се нарекува Македон и поради тоа што фактот Македонецот е единствениот син божји или единствениот, кој се вика по таткото Сонце Илион, а по Мајката Македон, како бел човек и единствен кој го прима словото божјо - ДУШТА, преку сончевите зраци – светлоста. Со примените слова (наречени ЦУТНИ и цифри ПРОЛЕТНИ), тој е единствен кој ја развива науката и ја презентира на пошироките народни маси од Македонскиот род и другите племенски заедници низ светот, во вид на ВЕРА Реинкарнација, вера на вистината. Од таа вера подоцна ќе се развијат сите митологии и религии во светот.
Од оваа констатација, донесуваме заклучок дека: БОГ НЕ ПОСТОИ или Бог постои додека постојат Македонците во кои се наоѓа македонскиот дух. На ден XXV-ти декември, на огнот (симбол на сонцето), му се принесува храна, вино и добиток, за да се ослободи духот божји Македон, и да отплови со пламените јазици кон Сонцето. Кон Сонцето се испраќа и духот божји Македон и од стариот Македонец Тешт и сите други упокоени господари Македонци преку целата годината. Духот Македон качен на Сонцето се прочистува, а Богот Сонце, прочистен го праќа во центарот на галаксијата, каде се умножува, а утредента преку ситната роса пристигнува на Планетата Македониа.

Ако нема Македонци, ќе го нема ни духот Македон. Поради овој факт, духот божји во христијанството нема име, како што и Богот нема име. Нарекувајќи го како Јахве (на македонски со значење „ЈАС сум СЀ“) и поради престижниот македонски ген, ум, писмо, јазик, име и вера. Евреите ќе напишат книга за христијанството, учење за уништување на македонскиот дух во Македонскиот народ.

Во книгата „Зета Македониа“, конкретно на стр. 31 пишува:
„Нашиот Македонски Бог – татко СОНЦЕТО ИЛИ со својот прв сончев зрак, кој претставува дух божји Македон од стариот упокоен Тешт, на ден XXI – ви март наречен „Ѕ“–„ЅЕ“ го осветлува, го просветлува и го ОБОЖЕСТВУВА–СВЕТЛИОТ ТАТКО и божеството на Ѕемјата - Планета Македониа наречен ЗЕТ, односно „ЅЕТ“– БОЖЕСТВО на Планетата Македониа и владетел а неговата територија „ЅЕТА“, збор кој поседува божествен карактер, како што и наведов, тоа е ТАТКОВИОТ ПОГЛЕД.“

Македонската вера, запишана во вид на цртежлигатура, пред појавата на новиот и стариот завет, а според напишаните документи датира минимум 500.000 г., ни укажува на силата божја, која не е семоќна. Бог има и своја немоќ, тој е немоќен да роди нов живот. Бог е зависен од мајката родилка и од синовите божји - Македонците, кои го поседуваат духот божји Македон и душата македонска. Македонците се единствено свесни дека постои дух божји наречен Македон, со кој Богот ИЛИ го добива карактерот на живо суштество. Бог е роден и ограничен во времето, а неограничениот простор е мајката божја Македонка - Планета Македониа и Мајка Македониа во вселената, на ден 25-ти декември наречена е Параскева - Елена.

  
  .........................................
                              Анализата за духот божји Македон претставува инспирација за оваа песна.

 Продолжува: СВЕТА ТРОИЦА


(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)


Прегледано:  1,330.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................