ДАВИД И ГОЛИЈАТ, David and Goliath

 

06.02.2020 г.

Приказната за Давит и Голијат претставува метафора, сликовито изразување на борбата помеѓу Македонскиот народ и останатите племенски заедници. Таа е вистински настан, кој се одиграл минимум пред 500.000 г. македонска ера, кое случување трае до денес. Давид и Голијат се реален приказ на објективната стварност, како вистински личности и настани. Од почетокот на христијанството, македонската вера на Реинкарнација - Воскресение предземена е, од таканаречената Христијанска религија. Македонските преданија за Давит и Голијат прикажувани се, како свои, христијански, со испревртенa содржинa, сменето име и измислени територии на случување на одредени племенски заедници од блискиот исток.

 

Според дешифрираните текстови, објавени во книгата Зета Македониа, се доаѓа до следниот заклучок. Давид се родил во планинските предели, на  сливот на реката Вардар, и тоа од планината Шара па се до Солунското поле, каде се влива Вардар во Егејското море. Вистинскиот Давид роден е во центарот на Македонскиот Полуостров, Македонија. Неговата лоза никогаш нема да биде уништена, која треа до денес. Директен потомок на Давид е ИС – ИСО, ИСУС. (Според двете родословија по Матеј 1:6-16; и Лука 3:23-31). Родителите на Давид се таткото сонце ИЛ и мајката Планета Македониа.


Кој е всушност Давид. Давид е Македонскиот народ со неговата моќ да го види божјото знаење, кое доаѓа преку божјата светлост. Тоа се одбрани поединци, како Давид, од Бог Сонце ИЛИ, кои го поседуваат „третото око“, кое се наоѓа на челото, над хипофизата во облик на шишарка. Тоа око или жлезда, како антена, му овозможува на телото да одговара на светлината и зрачењето, кои го подмладуваат телото. Давод е ВИД или светлост, светлосно суштество, кој свети како светлост, тој е Светец - светилка. Давид е карактеристика на Бог Сонце, кое свети, ГЛЕДА или самиот ДЕН е Бог. 
Истата светлост во вид на знаењето, душа македонска, ја користи за одбрана на својата територија Македониа и нејзината култура. 

 

Кој е Голијат. Голиат е вистински непријател на Македонија, тој се наоѓа во непосредното сосетство, и прекуокеанските македонски територии. Голијат има само еден проблем, тој ѐ ГОЛ и БОС во умот, јаден, не гледа со третото око.
Голијат опремен ѐ со модерно оружје, како денес така и пред 500.000 г. Давид ќе го победи. Во моментот на мегдан Голијат крупен, силен, наоружан до заби, со секакво оружје. Давид малечок, од оружје поседува само праќа (чатал) и неколку бели, тврди и мазни камења земени од реката Вардар Р. Македонија. Давид со својта вештина, белиот камен, како сончев зрак, фрлен со праќа, со молневита брзина, ќе го погоди Голијат по третото око, кое ништо не гледа и ќе му го скрши черепот.

 

      

                        Давид со праќа.                                                                        Трето око,

                                                                                               се наоѓа над хипофизата, во облик на шишарка.

Давид е метафора, алегорија,симбол на доброто кај Македонскиот народ, кој не прави зло, сочуствува и помага. Тој е симбол на скромност и вештина, персонификација на божјото знаење. Давид или Македонија е парадокс, со своето неочекувано умеење, за справување со непријателот. Давид е симбол на победата на светлината, растечкиот ден врз најголемото долготраење на ноќта. Давид е поет, свирач на кавал. Со својот кавал, мелодија и скриените пораки во поезијата, лекувал луге, ја оплодувал природата. Давид всушност е Единствениот Зет, Дон, Дион, Дионис, Хермес, Куртиш, Кокопели, Орфеј, Асклепиј, Св. Пантелејмон, денес Дедо Мраз.

Голијат е метафора и алегорија на злото, омраза кон Македонија, тој е штетник за ситни лични интереси. Голијат е симбол на темнината и најдолгат ноќ, која неминовно ќе умре.
Војната на Давид – Македонија со Голијат - племенските заедници во целиот свет, ѐ со минималниот временски период од 500. 000 г. се до денешниот ден.


Македонци со вашиот бистар и светол ум, светлост што зрачи, вашиот мотив да се победи Голијат ѐ вашето семејство, јаката наследна коска, наслетството и Македонија. Удружете се околу умниот и силниот Давид.  

Научно сознание за потеклото на приказната за Давид и Голијат. Сознанијата за Давид и Голијат црпени се од книгата „ЗЕТА МАКЕДОНИА 400,000 г. МАКЕДОНСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПЕТ КОНТИНЕНТИ, ТРАДИЦИЈА ДО ДЕНЕС“ Бранко Сотировски. Книгата може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или по тел. +389 78 264 106. Прочитај повеќе: zetamacedonia.com




Прегледано:  533.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................