СВЕТО ИЛИ СВЕТЛО ТРОЈСТВО

 02/06/2016 

         Во овој истражувачки текст ќе се обидеме да го дефинираме божјото тројство, дали е СВЕТО или СВЕТЛО и да се обидеме да го објасниме нивниот сооднос еден кон друг. Ќе се обидеме да го дефинираме божјиот збор пренесен на обожествениот Енох, Зет или Хермес.

Дешифрираните текстови во книгата „Зета Македониа" ни нудат решение кое е тоа свето или светло тројство. Зборот „свето“ е апстрактен поим, кој произлегува од нешто непознато, вишо, недостижно за човекот, произведувајќи чувство на понизност и стравопочит. Терминот „СВЕТЛО“ пак, е нешто поблиско, природно, мило, посакувано, секојдневно, кое се појавува со првиот сончев зрак.

Повеќе пати ќе се навратуваме кон христијаското учење, кое е продолжеток на македонската вера, напишана од Македонци, финансирана од нарачателот Јудејците. Основната цел на нарачателот е таа да, Македонците познавачи на сопствената вера, создадат нова религија со изменети верски приказни, имиња, дати и др. Со тоа што најсветите или светлите симболи ги прикажува како јудејски, како на пример Давидовата ѕвезда.

.....................
.....................

                      „Давидова ѕвезда“ денес симбол на јудеизмот, всушност тоа е македонски симбол на сонцето ИЛИ
                                                      и земјата Македонка во четирите годишни периоди.

„Светото“ тројство, според христијанството е содржано од Бог, Бог Син и Бог Дух. Сите три личности се еден Бог или сите три се посебности. Според логичното сваќање, сите три посебности да се едно, не е сосема сфатливо. Ова несватливост на човечкиот ум, христијанството го толкува како „ограничен ум“ на Македонците од времето на појавата на христијанството за уништување на македонскиот дух, вера и самодоверба за осамостојување, слобода и обединување. Во овој случај се јавуваат повеќе богови и автоматски христијанството се декларира за многубожја религија. Тоа би изгледало исто или слично како змеј со три глави.

........................................  ..............

Според дешифрираните текстови во книгата Зета Македониа, може да дефинираме само еден бог во македонската вера и со правото чествување за слава на еден бог, таа вера е всушност православна.Оваa македонска вера се јавува најмалку од пред 400.000 г. Таа вера е монотеистичка, вера на божјата мајка (во вистинска смисла на зборот). Две самовили (невидливи замислени мајки), едната го раѓа Божјиот Поглед а другата ја раѓа вселената со повеќе делови од едно божество - Сонца. Единствениот Бог е Богот Сонце ИЛИ. Третата божја мајка е Мајката Земја Македонка, родилка на боговите или Господарите Македонци.

Да објасниме веднаш што е самовилата. Самовила на Земјата не е жена, таа е сончев зрак пристигната директно од сонцето или посредно преку месечината. Сончевиот зрак во мислите на човекот се претвора во жена-самовила. Самовилата може да биде и мајка. Оваа самовила составена од светло и темнина (светлото е темно, темното е светло), го раѓа божјиот поглед. Тој поглед се вселува во усните на самовилата мајка Елена, која ќе ја роди вселената.
Македонската монотеистичка вера содржи две тројства. ПРВОТО ТРОЈСТВО е светото или светлото тројство. Тоа се состои од Бог наречен ИЛИ, Дон и Духот божји Македон.

.........................................  ............

Македонскиот Бог Сонце ИЛИ е ЕДИНСТВЕН врховен бог. Врховен е поради тоа што се наоѓа на врвот од пирамидите или планините. Тој е врховен затоа што е татко на своите деца, наречени од нивните слуги и поданици ГОСПОДАРИ и „БОГОВИ“ Македонци.

Тој во себе содржи повеќе божји особини а тоа се, моќта да создава светлост (Божји поглед), топлина (Божја душа) и молња (Оплодувачка моќ ЅЕ). Богот Сонце има уште една особина а таа е што на денот XXII-ри март, денот на прогласување на новиот Зет (Хермес) за господар, го пренесува на својот син Божјото Слово што претставува Божји УМ. Сега умот божји, што претставува слово божјо, покрај тоа што сѐ гледа оти е највисоко, сѐ слуша или сѐ знае за она што мислиме со неговиот подарен ум. Тоа е слично како модерните телефони кои гледаат сѐ и слушаат сѐ, сѐ е снимено-запишано. Сопственикот на системот за комуникација може сѐ да види и чуе, посредно преку телефонот.

Втората компонента од светото или светлото тројство е ДОН. Што е Дон: Дон е река (како реката Тихи Дон), Дон е морско дно, (како ПосејДОН), Дон е и ниската земја покрај реките и морињата (како Л’нД’н – ЛонДон), Дон е божествена оплодувачка сила, како ДОНАТОР на божјата семенка во пролетта, ДОН Е ПРОЛЕТ.

Третата компонента од светлото тројство е Божјата семенка, која претставува Дух Божји а тој дух е Духот Божји МАКЕДОН.

Од зборот МАКЕДОН произлегува ВТОРОТО ТРОЈСТВО а тоа е:
„МА“ е со значење „М’А“ или „МОА“-моја светлина ИЛ.
„КЕ“ е со значење Мајка Земја Македонка.

„ДОН“ е со значење донатор на божјата семенка а тоа е БОГОТ МАКЕДОНЕЦ. Подарувајки ја божјата семенка на невестата, тој е спасител на божјиот род ЛАВРОД. Богот Македонец е и донатор на умот и словото божјо на своите поданици, кои ја обработуваат земјата за потребите на Боговите Македонци.

Значи второто тројство или, земно материјално тројство, се состои од преносникот на духот божји - Сончевиот зрак ИЛ, Мајката Земја „КЕ“ и Боговите Македонци.
Да го објасниме односот на светото или светлото тројство со земното материјално тројство. Јасно гледаме дека Богот Татко Сонце ИЛИ, секое утро со својата светлост и топлина не спасува од темната и студена НОЌ. Тој е спасител на сопствените деца секојдневно. Богот е спасител на сопствениот род и со моќта за оплодување. Од денот XXII-ри март ја оплодува Мајката Земја Македонка, која ќе го роди вкупниот жив свет наречен „ИС“ – „ИСУС“, „РИС“ – „РИСТО“ (позната е изреката „се роди Ристо“ или „Ристос се роди“). Сето ова Бог ИЛИ го прави за својот син МАКЕДОН.

Во новородената природа се раѓа ИС, РИС, Ристо, ЗЕТОТ или Хермес Богот Македон, господар, божество и Господ на Земјата. Тој се раѓа за да ја објави оплодувачката моќ на својот татко, оплодувајќи ја својата невеста. Подарената светлост, топлина и духот Македон и земјата ДОН, Македон ја обработува со принесување на УЕМ (жртва, капар, преддоговор), работа и добра мисла.

Светото или светлото тројство заедно со материјалното или земно тројство е вечно и неуништиво во времето бесконечно.

ВРЕМЕТО Е ДУХОТ БОЖЈИ МАКЕДОН. Тоа се движи по права линија, на оска при што не запира, се движи бескрајно. Духовното време или пак времето на духовноста, е време коешто се создава од почетокот на нештата, оставајќи трагови зад себе, но не запирајќи го својот тек. Тоа време не може да се запре, тоа духовно време е бескрајно. Времето на духовноста, или времето претставено од духовна смисла, не може да запре, не може да стивне, тоа е бесконечно. Бесконечноста на духот, можеме да ја аргументираме со реинкарнацијата. ‘Реинкарнација, буквално значи повторно да се родиш во тело. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело’. Овој основен дел најчесто се нарекува БОЖЈИ ДУХ МАКЕДОН, или душа МАКЕДОНСКА, повисоко јас, или вистинско јас, божествена искра или едноставно ЈАС МАКЕДОН. Терминот „јас“ е лична заменка во еднина. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но е дел од „јас Македон“, кој е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации. Безвременоста пак, можеме да ја сфатиме како незапирлив тек на нештата, нешто што започнува, а не завршува. Таа безвременост е во нераскинлива врска со македонската цивилизација“. (Цитат од книгата „Зета Македониа“ стр.74).

Македонската вера православна пред појавата на христијанството е логична, лесно сватлива за здравиот разум, таа е блиска до Македонците кои ја сметаат како нешто свое. Христијанството може да ја прогласи за погрешна, но таа констатација важи и за самото христијанството. Зошто? Затоа што македонската вера е постара од христијанската религија, која всушност произлегува од неа.

Македонската вера всушност е приказ на македонската наука, јазик и култура за полесно да ја разберат неписмените. Умот и разумот на боговите Македонци не е ограничен, тој е широка лепеза на причинско логички сознанија за светото или светлото тројство поврзано со земното. За разлика од христијанското сваќање на светото тројство, луѓето да бидат ограничени со умот и слепо да ги прифаќаат напишаните библиски текстови полни со нејаснотија и страв од нешто што никој не знае од ШТО.

Поради сето ова македонските тројства се едноствни и јасни полни со СВЕТЛОСТ, како ден.

(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)

Прегледано:  1,611.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................