11.11.2023 г.
РЕЧНИК - dictionary
На македонски зборови кои се во употреба од пред 500.000 г. до денес, со толкување на истиот јазик. Македонското писмо и македонскиот јазик, претставуваат најголема придобивка на Македонскиот народ, што претставува основа на сите писма и јазици низ Светот Македониа (Земјата), како Македонската цивилизација.
Извадок од книгата Зета Македониа том II, од Бранко Сотировски.
„Ако говорот произлегол од природата, од природните појави, тогаш и формата на буквите
произлегува од самата природа, од Сонцето и сончевите зраци и од физичките и геометриските
законитости. Тоа несомнено укажува на фактот дека тој народ што го согледал сето тоа, поседува интелигенција и е свесен да ги препознава природните закони и појави и врз основа на тоа, да спознава и создава знаци за обележување на гласовите, кои имаат СВЕТ карактер. Тие произлегуваат и од геометриските симболи, кои се апстрактен приказ на природата и кои се објаснети подоле: точката, линијата, крстот, свастиката, спиралата, триаголникот, четвороаголникот и пирамидата. Тие симболи претставуваат основа на светоста на родот Македон и на неговата вера, кои имаат својство на лигатури, геометриски слики и тела, со одреден текст и порака. Тие симболи се, божјите слова и цифри. Словата и писмото се нешто свето, кое осветлува, просветлува, сија, осијува, лие, оплодува. Тие имаат спиритуална моќ произлезена од апсолутното совршенство на законите во природата. Тоа е една од најголемите придобивки на цивилизацијата, како чудо божјо и клучен фактор за основање на големата Зета Македонија. Овој божји дар е, главната причина како, за брзиот развој, на просветата и културата, така и за прераснувањето на Македонскиот народ и прераснување на Зета Македонија како најстара цивилизација, на Светот Македониа (Земјата). Првобитните симболи ги создаваат првите букви и цифри како дел од првиот јазик на светот – Македонскиот, кој е „древен исконски јазик, за што сведочи фактот дека во него се забележани сите природни закони. Тој прајазик беше медиум преку кој природата мораше да се изрази. Древниот македонски и денешениот современ јазик е како ехо или одек на природата, со една мистично лингвистичка содржина, каде што таа е во хармонизација со формата. Нема ништо во природата, а кое што го нема во јазикот, писмото, формата на буквите. Словата споени во зборови и
преточени во текстови, цртежи и лигатури, најчесто се поставувани на свети места, рамнини, карпести предели, или во пештерите и планините. Многу често се изработувале светилишта, како пирамиди и конуси, кои имале функција на вештачки планини.
Секој глас се бележи со едно слово или сончев зрак, како најголема почит кон Богот Сонце ИЛИ – ИЛЕ. Правецот на читање е од десно кон лево и обратно и од горе кон доле и обратно“.
2. СОБРАНИ ЗБОРОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ОД ПРЕД 500.000 г. ДО ДЕНЕС. РАБОТНА ВЕРЗИЈА 12.11. 2023.pdf