ИЛИОН ОД ЧАИР

21.01.2018

 

ШТО ЗНАЧИ ПОВТОРНО ДА СЕ РОДИШ?

Пред многу години, според пронајдените артефакти најмалку од пред 500.000 г., а пред појавата на потопот на умот, Единствениот Зет ДОН го прима словото божјо директно од Богa, под најкуса права линија од врвот на светата планина Богословец, а од врвот Крстовар на планината Водно од денот 25 - ти декенври се до денот 22 - ри март, го предава на својот народ Македонците. Единствениот Зет-ДОН, ДИОН, ДИОНИС во Македониа им го предава-пренесува на Македонците божјото знаење, божјата наука. Знаењето служи за доброто не само за македонскиот народ, туку и за другите племенски заедници низ светот. Затоа Зетот – ДОН ќе го сметаат за чудотворец, првиот глобализатор на светот. Македонците ќе го прогласат за Единствен ЗЕТ, ДОН, ДИОН, ДИОНИС, денес наречен Дедо Мраз, (Врвниот ПАН- Крал), на Планетата Македонија.

Македонците кои живееле покрај реката, со бистра вода-бела, која е дароносна ја нарекувале Бела Река или ВАРДАР, ДОН, ДУН, ДУНАВ, ја обработувале почвата покрај самата река. Тие биле силно импресионирани поради високите приноси од земјоделските култури, употребувајќи ги советите на Единствениот ЗЕТ-Дон. Во градот Чаир живееле Македонци ариевци, наречени според почвата АР. Обработувајќи ја почвата АР, според советите на Единствениот Зет, тие остварувале огромен аир и ќар. Меѓу населението во Чаир (Ќаир) живеел стариот локален Зет Илион, (Зет = титула за македонски крал), со неговата Невеста Марија. При обиколката на Македонија Врвниот Зет-Дон, пристигнал и во градот Чаир.
Точно на пладне, кога сонцето е највисоко а денот најсветол, Стариот Илион го посетил Врвниот Зет-ДОН, кој, само што се вратил од врвот Крстовар од планината ВОДНО, да прими нови божји сознанија.

„Наш единствен, Зете (Кралу)“ - му се обратил Зет Илион на кралот, „Знаеме дека си ти единствениот кој го прима божјото знаење. Научине како да стасаме во Македонија Рајот во вселената.?“ Кралот ДОН, ДИОН, ДИОНИС му одговорил: „Треба повторно да се родиш за да стигнеш во Македонија рајот во вселената.

„Но, како е тоа можно?“ - прашал Зет Илион.

„Ти повторно ќе се родиш само со почитување на верата Преродба, божјото слово, работа, песна, добра мисла и добри дела, и преку оганот на запалената клада. По природното упокојување, телото ставено на клада, како и духот божји Македон, ќе се качат на пламените јазици, ќе те однесат на Сонцето, за прочистување од гревовите, а потоа прочистен, повторно роден од звездата Жива, која се наоѓа во созвездието Крст (Cygnus X-1) , ќе одиш во вечниот живот во Македонија рајот во вселената. По деведесет дена повторно ќе се родиш на Планетата Македонија, кога твојот дух божји Македон ќе биде пратен на Планетата Македонија преку молњата и ситната роса. Мајката Марија, Мадона-господарка, Планета Македонија, Богородица, повторно ќе те роди во Рајот, како син божји Македон, ИС - ИСУС“.

Илион тешко можел да го сфати најновото божјо откровение, затоа Единствниот Зет-ДОН продолжил: „Божјата светлина како молња ја прима Зет Асклепиј со неговиот стап, крлук или литиус, симбол на молњата, околу која, е обвиткана јагула (змија), симбол на Верата Преродба - реинкарнација и симбол на Планета РАЈОТ Македонија. Стапот е антена - божја молња, а јагулата - змијата е Македонија. Така преку стапот, јагилата - змијата, која при движење го испишува словото „М“ - Македонија и молњата, божјите синови - Македонците патуваат во РАЈОТ Македонија во вселената, и од вселената патуваат во Македонија РАЈОТ на Планетата Македонија. Секој кој го слави СЛОВОТО БОЖЈО, како реч божја, со словарницата цутна, кирилица и латиница, цифрите пролетни, музиката со 7/8-мински такт, и оној кој работи, пее, и ја поседува добрата мисла ќе го има вечниот живот во рајот“.

 

                  Асклепиј со крлук, литиус, божја молња, енергетска антена, преку која пристига духот божји Македон и душата македонска - знаењето,
                                                  околу неа е свиткана јагула - змија симбол на верата Преродба - реинкарнација и Македонија

 

Уште од времето на камениот период, Македонците, кои верувале во светите божји зборови пренесени од Единствениот Зет-ДОН, а тоа се: „Работа со божје слово, божја песна и добра божја мисла“, биле напаѓани, ограбувани и поробувани од одродените и одметнати безбожници, групирани во племенски заедници, кои за жал опстојуваат до денес. Денес модерните робовладетели, можат да се покаат и да се вратат кон македонската вера на Преродба - вистинска, само со верба во единствениот Бог Сонце ИЛИЈА, да ја почитуваат Мајката, Марија-Мадона, Македонија, само на тој начин можт да го добијат вечниот живот.

Единствениот Зет ДОН му објаснил на Зетот Илион истакнувајќи ја важноста дека:  „Големата Мајка, Марија Мадона-господарка, Богородица, Планета Македонија толку си ги сака своите деца Македонците, да на денот 25-ти декември го раѓа својот син младото сонце Зет, Р’С, Р’СТО, (рстот на денот), Р’СТОС, РИСТОС. Исус ќе ќе го роди на 22-ри март, за спас на сите Македонци и останати племенски групи. Кој верува во мкедонската вера на Преродба, божјото слово, работата, песната со божја мелодија, и добрата мисла, нема да биде уништен, со тоа што ќе талка во вечниот мрак и гори во вечниот студ и топлина, туку да има ВЕЧЕН ЖИВОТ во РАЈОТ Македонија во вселената“. Така Единствениот Зет ДОН во Македонија во градот Чаир јасно кажал дека: „Спасението е во рацете на Таткото младото Сонце, Планета Македонија и синот обожествениот Господ Македон наречен ИС - Исус“.
По завршениот разговор со Илион, Единствениот Зет ДОН завршил со следните зборови: „Ти дојде кај мене кога е најсветло, со светол и јасен ум, за разлика од одродените кои ме посетуваат во темнина. Сега оди во мир и добра мисла“.   

Според христијанската догма повторно ќе се родиш со крштевање. Така е прекрстен македонецот ИСУС пред 2000 г. во светите бели води во реката Вардар, истото ни се случува и денес.

 

Горе: Змија, буква „М“- симбол на Македонија, Dendera Temple of Hathor, 1.500 г.м.е.п.п.х, Египет.
Доле: Мегалитски ѕид Перу, на кој е претставен патот на духот божји Македон од Сонцето кон Планетата Македонија и обратно, преку симболот јагула - змија.
Десно: Марија, Мадона-Господарка, Богородица, Планета Македонија, 1.700 – 1.450 г.м.е.п.п.х, Палата Кносос, Крит.

 

 

Доказите за распространетоста на Македонскиот народ ги среќаваме на пет континенти. Тоа е јагулата - змијата во форма на буквата „М“ - Македонија.

Според дешифрираните текстови, кои се наоѓаат во сите региони на Планетата Македониа, снимена е песната „Зете Царе“.

 

....

Книгата Зета Македониа, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, во националните библиотеки во Берлин, Загреб, Будимпешта, Анкара, Hong Kong - 香港 и др.  Книгата ја има во продажба, но исто така може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.) За други интересни теми, можете да се информирате на сајтот: www.zetamcedonia.com
Големиот интерес за книгата „Зета Македониа“ со превод од македонски на англиски јазик се должи од стравот за разоткривање на западната лажна историја, во однос на нивното македонско потекло.

Прегледано:  1,428.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................