ОСВЕДОЧЕНА МАКЕДОНСКАТА ВЕРА ПРАВОСЛАВНА ВО МАНАСТИРОТ ШУДИКОВО ВО ЦРНА ГОРА

Во близина на Беране (Црна Гора) се наоѓаат урнатините на манастирот Шудиково. Тој е центар на писмените и културните одлики на македонскиот народ и духовниот живот на оваа македонска провинција од камениот период со континуитет до денес. Не се знае кога е изграден, се претпоставува XVI-ти век, а изгорел на почетокот од XVIII- ти век.
Градската населба Беране го предзема името од Селото Беран, во кој се наоѓа македонскиот манастир „Ѓурѓеви ступови“ (имот), и тоа во периодот од 1213 г. кога манастирот го изградил Стефан Првослав Немањиќ (1174-1244) од македонската династија Немањиќи.

За именката Беране никој не го знае потеклото. Се претпоставува дека значи овен. Именката Беране води потекло длабоко во историјата на Македонскиот народ. Во Македонија го имаме градот Берово, во јужниот дел на Македонија, во подножјето на планината Олимп се наоѓа градот Бер, во денешна Германија го имаме градот Берлин и други. Бер е син на божјиот Македон и именката Бер е дел од македонската „митологија“ (наречена „Грчка“ - непостоечка држава во тоа време), а всушност тоа е македонската вера. Македонскиот народ на територијата Зета Македониа Европа, како и на сите други континенти, како бел човек е автохтон народ во континуитет до денес. Тој е организиран во посебни Зети, што претставуваат господарства, во рамките на една Голема Зета со седиште на Македонскиот Полуостров и нејзиниот центар во Македониа.

Во државата Зета Македониа се воспоставува првиот облик на владеење – ЗЕТУВАЊЕ, со нејзините словесно - славни владетели - богови ЗЕТОВИ и НЕВЕСТИ, ТЕШТ и ТЕШТИ, а народот во таа држава обожествени со словото – Македонци (Цитат од книгата „Зета Македониа СТР.10).
Македонскиот народ како автохтон на Македонскиот полуостров уште од камениот период на развитокот на општесвениот живот и тоа во континуитет до денес, бил организиран во помали региони наречени ЗЕТИ-господарства. Зетувањето или господарењето било основа на македонската монотеистичка вера-православна. Единствениот Бог е ИЛИ. Богот ИЛИ се именува со ТЕШТ-старо сонце, кое умира на ден XXII-ри декември, а на XXV-ти се раѓа ЗЕТОТ младото Сонце.
На следнава фотографија е прикажана една гравир-лигатура од Македониа.

 ..................

Извадок од книгата „Зета Македониа, гравир на камен, Кумановски регион, село Младо Нагоричане, Македониа, 400.000 -12.000 години македонска ера пред појавта на христијанството. Дешифриран текст и тран. на сов. Македонски јазик: „КОЊ ЈАВАМ СО ИЛ. ВО ЛЕТ ИТАШ, ЗЕТУ ШУМАНУ ЛИ, (ПРОЛЕВАЈ). ИДИ Ѕ’НЅАЈ, СИЈАЛОТО ОЛИ ГО.“

„На цртеж-лигатурата од село Младо Нагоричане преку азбуките цутни (кирилица и латиница) напишан е текст, а воедно обликот во кој е врежан текстот е коњ и човечка фигура. Тоа е една од вредностите на писмото и писменоста на Боговите Македонци, кои за искажување на верските претстави на пошироките народни маси, го користат токму овој облик на изразување цртеж - лигатурата. Коњаникот е персонифициран дух божји Македон во лет кон Зетот Шуман.
За Македонците, Зетот го претставува младото сонце кое се појавува на ден XXII-ри декември, кога денот ќе се зголемува а ноќта ќе се намалува. Најдолгата ноќ го претставува Тештот или старото сонце. Со Тештот и Зетот се персонифицира единствениот македонски Господ Сонце ИЛИ, во склоп на монотеистичка вера православна.
Значајноста на овој култ е огромна за разбирање на целиот верски концепт на македонската цивилизација. Македонецот развива силно чувство кон Сонцето поради неговата моќ за создавање на светлост, топлина, душа и писмо. За Македонците, сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Затоа Македонците уште од времето кога станале свесни (слово-свесни, словесни), за својот постанок и егзистенција, на Сонцето му припишуваат божествен карактер, т.е. самото Сонце е Господ, двигател, прапочеток и праизвор на животот, извор на духот божји Македон, бог на небото и обожествените Македонци на земјата. Сонцето како најважна и најзначајна појава, во македонската вера се именува како Бог ИЛИ, ИЛЕ, ИЉО, Зет, Тешт, Св. Илија, а неговите зраци се именуваат со носителот на духот божји Македон – „З“ зрак, „Ѕ“ поглед – молња и сончев зрак наречен ИЛ. За полесно разбирање од пошироките народни маси, направена е персонификација на Сонцето, и низ дешифрираните текстови се среќаваат претстави на: јајце, орел, ластовица, лебед, коњ, коњаник, елен, лав, оган, бик, бизон, буквите „О“ и „А“ и лигатурата „日“ (Овој источно - азиски симбол, подарен од Македонците, како лигатура, толкуван и прочитан на македонски јазик гласи: „ИЛИ во од востани“). (Цитат од книгата „Зета Македониа“).
Големиот процут на македонските Зети во Македониа се случува во периодот на владеење на македонските господари од пред 5100 г. македонска ера пред појавата на христијанството се до пристигнување на римските легии во Македонија, кои земјата ја делат, го ограбуваат културното и материјално богатство. Падот на последното македонско царство на Птоломеите се случило во 30 г. македонска ера пред појавата на христијанството, управувано од последната македонска царица Клеопатра VII.
Познато е дека Господарот Филип II (359–336 г. македонска ера п.п.хр.) македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Извршил реформи во војската во однос на тактичките дејствија, наоружувањето, вовел справи за исфрлање стрели и камења, ја приклучил коњаницата кон пешадијата формирајки платена војска наречена Фаланга.

....................       

Филип II ја проширил македонската држава на исток а 336 г. македонска ера п. п.хр. jа проширил на северозапад се до Јадранското море. На југ Филип II ги освоил сите градови од безимените луѓе од семитско арапско потекло, со битката кај Херонеја на ден ИЛИНДЕН 338 г. македонска ера п.п.хр. Филип II во Македониа градел тврдини. Тоа биле градови заштитени со монументални ѕидови со огромни камени блокови наречени „киклопски ѕидини“. Таква е тврдината во Охрид на Габавски рид, долж јадранскиот брег и др.

....................       
                                              Кралска гробница кај Старо Бонче-Македониа.

Македонците преку целата нивна територија граделе светилишта. Оставале писмени симболи да сведочат за нивната вера и култура на живеење со развиено писмо Цутно (кирилица и латиница), која ќе биде основа на сите писма и цифри во светот со временски период од најмалку 400.000 г.

Именката за одбележување на територија како држава „Зета“, како и реката Зета во денешна Црна Гора, потекнува токму од камениот период на Македонскиот народ. Средновековна Зета е покраина на повеќе македонски територии и држави, кои ја владеат македонските кралеви Немањиќи од 1.189 г. македонска ера. Името Зета е задржано и како зетска бановина се до Кралството Југославија 1941 г.

....................      
                                        Држава Зета                             Манастир во Беране, изграден од Немањиќи.

....      
          Родословие на династијата Немањиќи.                         Декрет на македонскиот цар Стефан Милутин Немањиќ
                                                                                                                                         1299 година. 
На декрето пишува:
 „БЛАГОЧЕСТИВАГО И ХРИСТАЉУБИВАГО ЦАРА СТЕФАНА МАКЕДОНСКАГО, СЕРПСКАГО, БОГАРСКЕГО... ДАЛМАТСКАГО, АРБАНАШКАГО, ВАЛАХИСКАГО (ВЛАШКИ).... ПРЕДЈЕЛОМ И ЗЕМ....ЦА. СУШТАГО (КОЈ ШТО Е) МИЛОСТИЈУ ВАШЕГО БОГА [ИСУСА ХРИСТА]. ЗАКОН И УСТАВ ПОСТАВЛЕНИА ВЛАСТО(?) 6087 (ОД ПОСТАНОКОТ НА СВЕТОТ) И ИНДИКТИОН 20 НА ПРАЗНИК ВОЗНЕСЕНИЈА ГОСПОДА НАШЕГО ИСУСА ХРИСТА МЕСЕЦА МАЈА ДЕН 20.“ (Предземено од книгата „Зета Македониа“).


Дел од писмените споменици на Македонскиот народ е и каменот со македонски натпис од манастирот Шудиково со димензии: 0,94м.,0,87м., и 0,54м.

.................       
                           Урнатините на манастирот Шудиково. Камен со македонски натпис.

Претпоставка е дека натписот на камен е со старост од 7.500 г. македонска ера пред појавата на христијанството, (според книгата „Бихор и Билеќа“ од Вуќиќ Губериниќ).

На каменот е дешифриран текст кој гласи: „ИЛИ Т. ИНИ ИЛИ И Ѕ ИТИ. С МОИ БОГ ИЛИЈ, БОГИ УЈ, БОГИ ЛИЈ. Л’Г ЛИЛ. ИМИ Г’ГИ.“

Транскрибирано на современ македонски јазик гласи:
1. ИЛИ ТИ.
2. ПОИНАКОВ ИЛИ ГО ГЛЕДАМ ИТА.
3. МОЈ БОГ ИЛИЈ, БОЖЈИ ДАР, НА БОГИЊАТА ЛИЈ.
4. НАЛЕЈ ЈА ЛЕДИНКАТА.
5. НИВ ВОЗЉУБИ ГИ.

Оваа молитва се однесува на единствениот Бог Сонце ИЛИ, младото сонце нарекувано со именката Зет. Молбата до богот ИЛИ е тој да ја оплоди Божица Земја Македонка, а нејзините деца или божјите синови да ги возљуби. Овој камен се наоѓал на некое возвишение во непосредна близина, кој служел како дел од опсерваторија каде Бог ИЛИ Зетот ќе го прогласи за ЦАР со првиот сончев зрак. На ден XXII-ри март се номинирал младиот Зет што претставува младо сонце, Божество ИЛИ на Земјата. 

.............
                                                               Дешифриран текст.

Според денес наречените Бугари и Срби и нивните изјави во книги и брошури, натписот на камен е прабугарски или прасрпски, што значи натписот е создаден пред создавањето на бугарската и српската држава, („пра“ е со значење пред). Единствен познат народ пред да се формираат таканаречените Бугари и Срби е македонскиот народ со најстаро име на светот, најмалку од 130.000 г. Според бугарските аналитичари симболот би можел да значи божество. Се среќава многу често на територијата на денешна Бугарија. Според моето мислење овој знак е симбол на божеството Сонце ИЛИ на кој може и да се прочита ИЛИ. Овој симбол се среќава на сите пет континенти.
Најпознатиот и најстариот симбол на македонскиот народ е КРСТОТ.

...................
................................................Симболот на македонското божество ИЛИ,
......................................................содржи писмени и цифрени знаци.

..............
.................Источноазиски  симбол за ОГАН. Најголемиот оган во природата е Сонцето ИЛИ.

Македонскиот симбол за БОГОТ ИЛИ се среќава секаде низ светот, поради фактот што Македонскиот народ живеел од секогаш на сите пет континенти.

     

                 Зета Македониа Прекуокеански Северен Цут                                            Македонска носија-Мариово.                     
                           (денес наречена Невада во С.А.Д.),
 14.500 – 10.400 години македонска ера пред појава на христијанството.

„Значи, крстот претставува симбол на раѓањето на новиот обновувачки процес, врз основа на смртта на зимата да се роди пролетта Дон, ЦУТ, пролет, возобновувањето помеѓу два бога, Богот ИЛИ и „Богот“ Македонец преку допирот на две букви „А“ или два триаголника и две пирамиди во една точка. Тој е симбол на духовното и материјално обновување.“ (цитат од книгата „Зета Македониа“ страна 42.)
Македонскиот симбол на благосостојба и среќа, симбол на пролетта, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината, симбол на божјата Божица, Маричка, Мадон, Мадонка, Македонка, мајката и Македонија - РАЈОТ, зачеток на плодот и раѓање на рајот, ОВОЈ МОТИВ Е МАКЕДОНИЈА. Крстот е роден од Мајката Божица во вселената, кој воедно претставува писмен симбол на Земјата.
Симболот на Македониа КРСТОТ се појавува и во христијанството. Одродените Македонци формирајќи нови племенски заедници го претвориле во симбол на мачење и смрт, распнувајќи ги Македонците на крст.

................       
                    Микеланџело Буонароти (1475-1564 г.) распетие,       Зета Македониа Сончев Зрак, Пештера
                        нарачка од македонската фамилија Медичи.             Lene Hara – Индонезија, 6.000 – 2.000 г.
                             во облик на скриена порака ИЛИ.                             македонска ера п.п.христијанството.

Македонските Зети-господарства во период од најмалку 400.000 години, со одредени подеми и падови предизвикани од меѓусебни борби и пљачкосувања, опстојуваат се до појавата на градот држава Рим и појавата на новата религија, создадена врз темелите на македонската вера наречена христијанство, формирана од Македонци противници на сопствениот род.

Патем, зборот „ШУДИКОВО” го има следново значење. Шуди или суди. Да се запрашаме на кого се судело? Според дешифрираниот текст на камениот блок, тој служел за принесување жртва на Богот ИЛИ. Каменот бил светост и молитва на македонскиот народ во таа света област, каде се славел богот ИЛИ и неговиот син ДОН, ДИОН, ДИОНИС и Мајката Земја Божица Македонка.
Во именката Шудиково се содржи зборот „диково“ во Македонија познат е топонимот Дихово. Претпоставка е дека „диково“ е произлезено од зборот „ДУХОВО“. Од тука може да кажеме дека топонимот „диково“-„духово“ го означува продуховеното место каде се наоѓа Духот Божји. Народот кој го славел тој Дух Божји со нивната вера „православна“ и нивниот Бог ИЛИ и нивниот дух божји МАКЕДОН е македонскиот народ.
По освојувањето на Македонскиот полуостров од Римјаните, ова светилиште било уништено. Каменот со натпис место симбол на среќа и обожување на верата македонска, бил претворен во место за суд и осуда на Македонците кои продолжиле да си го слават својот бог. Наместо „духовно“ место, тоа било претворено во „Шидиково“ место за осуда и убиства или прогон на Македонците.
Македонците се осамостојуваат со новото македонско царство со Св. Константин и Елена (од IV-XIV век), династијата Немањиќи и Цар Самуил (970-1014 г.).

За време на турското владеење на Македонија, повеќето Македонци патриоти, како значајни личности отселени од Македонија, се обидуваат да помогнат со свои проекти на Македонскиот христијански народ за ослободување. Меѓу нив позначајни се шпанскиот проект од 1600-1620 година на Карло Емануел Први Савојски (1606-1609); на тосканскиот дук Казимо Втори Медичи (1606-1611), проектот на францускиот крал Луј 14 (1685-1686) и др.
Македонскиот народ близок до својот Господ ИЛИ или Св.Илија, се крева на востание за ослободување од Турците 1903 г. на ден ИЛИНДЕН. На 02 август 1944 гoдина, ден ИЛИНДЕН се одржува првото заседание на АСНОМ, кога е прогласена МАКЕДОНИЈА ЗА СЛОБОДНА ДРЖАВА.


(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106).






 







 

Прегледано:  3,914.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................