КРСТOT Е НАТПИС НА СВЕТЛОТО ТРОЈСТВО И МАКЕДОНИА РАЈОТ НА ПЛАНЕТАТА-МАКЕДОНИА И МАКЕДОНИЈА РАЈОТ ВО ВСЕЛЕНАТА



Крстот
е геометриска фигура, која се состои од две отсечки под прав агол (90°). Крстот е еден од најдревните симболи на човештвото, најмногу е користен од македонската исконска вера „правос-лавна“, (тоа е вера „права“ поради правата и најкуса линија, од врвовите на планините, за приен на божјото знаење директно од Богот Сонце ИЛИ, ИЛ, ИЛИЈА, за слава на Таткото Сонце ИЛИ, Мајката Марија, Мадона-господарка, Македониа и синот Македон) Крстот е користен и од мноштво подоцнежни митологии, религии и денешното христијанството. „Симболите крст, свастика, спирала и круг, освен естетско - восприемливото значење имаат длабок корен во духовната традиција на македонскиот народ.

.......................................................

                                           Македонскиот крст, познат уште како и Вељушки крст.

Често различно и конфузно толкувани низ блиската историја, овие симболи успеале да се всадат и провлечат низ вековите, задржувајќи го своето почесно место и првобитно значење. Сите тие симболи се дел од совршеноста на природата. Нив човекот ги восприема интуитивно како едно од најосновните човекови средства за спознавање“. (извадок од книгата „Зета Македониа“ стр. 42)

Еден меѓу првите симболи кој се среќава во македонската историја во континуитет до денес, со апстрактен уметнички израз е КРСТОТ. Своето почесно место низ историјата на Македонскиот народ, крстот го завзема поради разните аспекти за кои тој како симбол е значаен.

..................................................................
              Зета Македониа Пиринејска (наречена Шпанија)                 Вез од дарпна - Дебар Македониа.
                   MOLINO BARREÑO, MARAGATERÍA (LEÓN)

Еден од позначајните аспекти на крстот е тој, што крстот претставува кодиран писмен симбол, кој лесно може да се прочита, со азбуката на ЦУТОТ (кирилица и латиница) и на македонски јазик.
„Основната задача на обожествените Македонци (Господ Македон), како благороден народ, e да ја шират писменоста, науката и уметноста и кај другите народи и племенски заедници, кои биле нивни слуги, зависни од својте господари поради храната и науката. Со текот на времето Македонците ќе бидат жртви на тие свои поданици. Противници на македонската напредна мисла биле и самите одродени Македонци, кои поттикнати од ситни интереси биле најголеми негатори. И тоа како иронија, симболот за благосостојба и среќа го претвориле во симбол на мачење и смрт, распнувајќи ги луѓето на крст. Македонците биле принудени да го сменат своето верување во нова религија, наречена христијанство, базирана врз македонската вера, со симболот - крст. Но, влијанието на македонската вера е врежана во сеќавањата. Ако во првиот случај крстот означувал симбол на смртта, за Македонците од каменото, бронзеното и железното време како и во христијанството означува симбол на живот. Иако, самото христијанство произлегло од македонската вера со сменети имиња и извртени факти.“ (По опширно за крстот може да се види во книгата „Зета Македониа“). 

За крстот како писмен знак, кој се чита, кажува и Саше Ендровски член на групата раководена од проф. Аристотел Тентов кои го проучуваат македонското писмо (наречено демотско). Имено во видео записот од 14-04-2016 г. снимен во ТВ Сонце во емисијата „Македонија мајка на светот“, во 33:48 мин. Саше Ендровски објаснува, дека според сваќањето на Македонците во времето на создавање на каменот од Розета, крстот се исчитува и тоа хоризонталната линија претставува слово „А“, и како цифрена вредност еден, која ја претставува мајката земја, а вертикалната линија на крстот е исто со цифрена вредност еден и се чита како буква „И“. Крстот би се прочитал „ИА“ со значење земја. (завршен цитат)
 
Духовноста на самиот збор „крст“ може да ја согледаме и во лингвистичката анализа на самиот збор. Во зборот „крст“ се содржи именката од машки род „Р’СТ“. Зборот „р’ст“ ако се озвучи со самогласката „А“, ќе го добиеме зборот „РАСТ“, со значење „става“, „бој“, висок или низок раст.

Едно од поважните појави во природата се: „РАСТот“ на денот, кој се случува во одреден период на годината, кога расте времетраењето на денот а се намалува времетраењето на ноќта. Таков „раст“ имаме и кај месечината, кога секој месец имаме „раст“ или полнење „полнеж“ на месечината. Секоја година од денот на пролетта XXI-ви март, живиот свет почнува да расте, и се размножува.

.......................... 
                                                                   Месечева мена.        

Мајката Земја во книгата „Зета Македонија“ е наречена МАКЕДОНКА, таа се врти околу сопствената оска. Нејзината оска во текот на една година, осцилира од десно кон лево во однос на видливите соѕвездија на небото, а тоа се соѕвездието „ламја” и соѕвездието „крст” или млечниот пат. Од денот XXII-ри до денот XXV-ти, оската со наклонот стои во место. Тоа е периодот кога мајката Македонка се двоуми дали својата оска да ја наклонува уште кон созвездието аждер, со што ноќта би се зголемувала уште повеќе, и со тоа би настанала еколошка катастрофа, или пак би направила наклон кон соѕвездието КРСТ (денес нарекувано Лебед).

....................         ..................
                                   Созвездие КРСТ.                             Созвездие ЛАМЈА, ЗМЕЈ, ДРАКОН.

................................................................................ 
                                                   Приказ на осцилација на земјината оска.

Мајката Земја загрижена за своите деца, обожествените Македонци, ќе се одлучи својот наклон да го насочува кон созвездието КРСТ.

Како благодарност за мајчинскиот однос на Планетата Македониа и нејзиниот наклон, господарите Македонци одржуваат чествување со жртвени обреди.

Поради формата на соѕвездието Млечен пат, каде распоредот на ѕвездите формираат две вкрстени линии, во облик на КРСТ, тој ден го нарекуваат крштовден, прекршување на денот, крша или скршнување на Земјината оска. Причинско последичната врска на феноменот со местоположбата на созвездието Крст и почетокот на „Р’СТ“ („раст“) на денот и фактот дека во зборот „КРСТ“ се содржи зборот „Р’СТ“ („РАСТ“), претставува пример дека македонскиот јазик е како одек на природните појави. Тие природни појави во вселената се родени и наредени од мајката Елена, која е родилка на вселената.
Покрај македонската словарница ЦУТНА (наречена кирилица), произлезена од Богот Сонце ИЛИ и како одек на природните појави на Земјата и вселената, така и македонските цифри пролетни (наречени римски) произлегуваат од истите тие појави.(Прочитај повеќе во книгата „Зета Македониа“). Времето или „верме“, „херме“ односно Хермес (Енох), Тешт (старо сонце), Зет (младо сонце), се претставуваат со една линија на бесконечноста, со цифрена вредност I = 1. Меѓу другото, таа линија е и Земјината оска наречена ИЛ. Земјината оска скршнувајќи од лево кон десно, се прекршува-скршнува. Такви прекршувања има две, во јужната и северната хемисвера. Тоа би се напишало со „V“ = 5, + „V“ = 5 еднакво на десет, или две прекршени линии што ја означуваат цифрената вредност X = 10. Сите овие цифри, кога ќе се соберат, произлегува цифрата XXII = 22, денот на прекршување (осветлување, зголемување) и на самиот ден.

...................... .....
         Прекршување на земјината оска МА и ИЛ.                Храм во денешен Египет - „Вилае“ 150 г.
                                                                                       Македонска ера пред појавата на христијанството.

Зголемувањето на времетраењето на денот е условено од скршнувањето на Земјината оска. Основната карактеристика на денот е појавата на сонцето и сончевите зраци. Поради оваа појава, Македонците сончевиот зрак го нарекуваат и „ЛОМ“- „КРШ“. Сета оваа научна причинско последична врска, поради скршнувањето на оската кон созвездието крст, која преставува основа на животот на Мајката Планета Македониа, македонскиот народ го преточува во вера, која е православна и тоа е верата во „КРСТОТ“.

............................... .........     
                         Мајка куќа-Македонка од неолитот              Музеј Св. Николе. На крстот пишува:
                     Жртвеник - Тумба Породин, Битолско.           „ИЛИ С’ЛИЛ, С’МАК’ДОН“ со значење:
                            Отворите се во облик на крст.                „Богот ИЛИ да пролие дух божји во вид
                                                                                                 на вода, заедно со синот Македон.

Оваа вера на крстот е верата во скршнувањето на Земјината оска кон созвездието крст, а со тоа и обновувањето на годината во род. Тоа е вера во појавата на појаки сончеви зраци наречени „КРШТ“, кои ќе условат пристигнување на духот божји Македон во вид на вода, персонифициран во Дедо Мраз-Св. Никола. Овој реинкарниран дух божји Македон пак ќе услови богата родна година. Сето ова е вера во СВЕТЛОТО ТРОЈСТВО а тоа е Бог Сонце ИЛИ, богородица Планета Македониа  и боговите Македонци, и тоа е вера во создавањето на рајот Македониа.

Оваа вера на „К-‘Р’СТО-Т“ е вера во „Р’СТО“ или „РИСТО“. Зборот именка „Ристо“ ја претставува вкупната жива природа, која почнува да ‘рти. Значи именките „РИСТО“, „РИС“ и „ИС“ ја означуваат вкупната новородена жива природа а персонифицирана со човек. Тоа е избраниот новородениот единствениот ЗЕТ, ИС, РИС, РИСТО, ХЕРМЕС. Латинизираното име на Ристо е Христо или Христос.
Наглиот раст на природата во новата година во род, почнува од денот XXII-ри март, кога во природата го имаме рамниот ден помеѓу денот и ноќта. Тоа е денот на почетокот на природата која „‘РТИ“, што значи проникнува, никне, почнува да расте. Најблиска именска форма на зборот „‘РТИ“ е „’РТ“ на нештата, кои проникнуваат, како на пример: „’Ртот на гневот“, „’Ртот на Добрата Надеж“ и др.
„Како основа за употреба на овој симбол во христијанството се зема фактот што Исус Христос бил распнат на крст. Како христијански симбол, крстот се наоѓа во христијанските храмови, цркви, манастири, на предметите кои се користат при богослужба. Со крст се обележуваат и гробовите на христијаните. Според христијанството, вертикалната линија на крстот го симболизира божеството, а хоризонталната човештвото. Крстот е директно поврзан и со мачењето и распнувањето на Исус Христос. Разпнувањето на крст било распространето средство на казнување во древнот Рим. Иако тогаш крстот означувал симбол на смртта, во христијанството означува симбол на животот и претставува најсвет знак и симбол. Сите христијански богослужби се извршуваат со христијанскиот крст “. (Википедиа Христијански крст).

Заклучок: Именката „КРСТ“, „кршт“, „лом“ е со значење созвездие, оска на планетата Македониа, сончев зрак, ‘ркулец, новородена природа. Симбол на пролетта, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината, зачеток на живиот свет „ИС“. Симбол на науката, уметноста и македонската вера. Симбол на Зета Македониа, македонска цивилизација и историја на светот. Симбол за континуитетот на македонската култура до денес. Крстот ја симболизира припадноста на МАКЕДОНСКОТО, МАКЕДОНИЗМОТ, наука и култура, со крстот ја докажуваме припадноста на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Творец на крстот е мајката Планета Македониа и Таткото Сонце ИЛИЈА. Сето ова крстот ја персонифицира или претставува Македониа, крстот е Македониа.

(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил  zetamakedonija21@gmail.com   или на телефон +389 78 264 106).





Прегледано:  2,777.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................