Зета Македонија Илина - Денешна Сиракуза во Сицилија 800 години македонска ера

                          
Овој сад за култна намена со натпис, е пронајден близу Сиракуза во Сицилија. “За натписот на садот, истражувањата  велат дека на прв поглед би рекле дека е испишан на латински. Меѓутоа земајќи ги во предвид потеклото, периодот и тргнувајќи според истражувањата на B.F. COOK во делото ‘Reading the past, Greek insсriptions’ на садот е испишан грчки натпис.


                                                                   Сад за култна намена, http://www.edgarlowen.com/greek-art-sales.shtml


 Во првата табела на 8 страница,[1]  прикажана е листа на разни варијанти на букви од раната грчка азбука, во која ‘С’ била архаична форма од ‘gamma’,а ‘R’ од ‘rho’ и други, но двете букви биле користени само во Коринтскиот дијалект [2]. Така, натписот е протолкуван како ‘GER’ што укажува на ‘GERAS’ со значење ‘подарок’ или ‘во чест на”[3]. Доследно на тоа од каде потекнува овој сад т.е. од Сиракуза во Сицилија која била тогашна Грчката колонија основана од страна на Коринт во 734 п.н.е.[4] истражувачите си земаат за право на овој редок и вреден артефакт да му препишат грчко потекло, не одејќи подалеку во своите истражувања.

Имено, Сицилија тогаш претставувала посебна Зета со култоролошки и цивилизациски одлики како дел од древаната македонската држава, големата Зета Македонија распространета на пет континенти, со сопствено и единствено уредување, писменост и култура, чиј најстар досега пронајден писмен запис е со датираност од 400.000 години македонска ера пред преименувањето на македонската вера на Вистината во Христијанство. Текстот во садот е доказ за долгомилениумскиот одржлив контнуитет на македонскиот јазик, азбука, и умешност на изразување во вид на лигатури кои истовремено имаат и уметнички и лингвистички
карактер. Во внатрешноста на садот испишаните букви со засега загадочно значење, се всушност, текст испишан со древнотомакедонско писмо „Цутно“ (кирилица и латиница) и древен македонски јазик. Текстот се однесува на македонската митологија на Сонцето, Космосот, сојот, ројот, и рајот - Македонија. [5]

Текстот од садот кој потекнува од 6 нвек пред нашата ера, е лигатура која дешифрирана гласи:
                                                                                                          
(ОД ЛЕВО КОН ДЕСНО)    „СЈ’ШТЕ ИЛИ.
(ОД ДЕСНО КОН ЛЕВО)     "ЕТШУ ИНЅ“.

Транскрибирано на современ македонски јазик гласи:   „СЕИШТЕ НА ИЛИ. Ѕ’НИ УШТЕ“.

Култниот сад најверојатно служел за принесување жртва, во облик на семе наречено СЕИШТЕ, на богот Сонце ИЛИ[6]. Тоа е семе како маја, кое, кога ќе биде принесено на богот, тој ќе изврши оплодување на нивата која се сее, наречена исто така СЕИШТЕ. Во пролет, по чинот на оплодување на земјата, со “божјиот поглед” молњата, како машки принцип, настапува силниот дожд, а по дождот ситната роса. Сонцето, минувајќи низ капките роса, формира виножито – ѕуница (дуга). Текстот читан од десно кон лево гласи: „ЅУНИ УШТЕ“, што значи, ситната роса да роси подолго. Преку росата и ѕуницата, според македонската митологија, Македонците како духот божји Македон, по смртта качени на сонцето на АЅИЛК [7] се спуштаат на планетата Македониа, и преку ѕуницата се реинкарнираат во нов живот, во Македонија Рајот...

За македонската митологија, писменост и култура ќе прочитате повеќе во книгата „Зета Македонија“ Том II.


[1] "Reading The Past, Greek Inscriptions" - B. F. Cook, University of California press/British museum стр.8 табела 1
http://books.google.mk/books?id=Kp806ShRDh8C&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
[2] http://www.edgarlowen.com/greek-art-sales.shtml
[3] http://www.edgarlowen.com/greek-art-sales.shtml
[4] http://www.ancient.eu.com/syracuse/
[5] Древните Македонци од таканаречената праисторија, пишувале од десно кон лево,од лево кон десно и од горе кон доле и обратно, и тој стил е задржан долг период.
[6] Единственото божество на Македонците, чие верување е монотеистичко уште од таканаречената праисторија, прочитај повеќе во
http://www.zetamacedonia.com/default/zeta_makedonija-6541-116
[7] Прастар израз и поим од македонскиот јазик, за кој подетално се расправа во делото “Зета Македонија, транскрипции и толкувања на древните македонски натписи, Том II” Од Бранко Сотировски
http://www.zetamacedonia.com/default/zeta_makedonija-6541-116

Прегледано:  751.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................