Фасцинантните научни откритија на Бранко Сотировски - oд Александар Станковски


Во своето монументално научно истражување, кое по својата методологија е мултидисциплинарно и е втемелено врз еден комплексен дедуктивен систем на проучување од областа на палеолингвистиката, антропологијата, археологијата, митологијата, етнологијата и други научни дисциплини, интуитивниот и ерудитивниот гениј на Бранко Сотировски нè води на едно фасцинантно сознајно патување во далечното минато, кое во современата наука е сè уште акцептирано како алтернативно, хипотетично, напати дури и фантазмагорично. 



       

Патување, при кое дури и на посветените научници од оваа област, секако на оние академски ориентираните схоластици чија главна задача е да го бранат петрифицираниот конзервативен научен став како еден вид саинтифичка гарда, во многу нешта подобна на догматиците од времето на Инквизицијата, им се замаглува свеста и доживуваат помрачување на нивниот рудиментиран научен светоглед. Но, за секој посветеник со отворена сознајна свест и жива интелектуална интуиција, ова научно истражување на големиот ентузијаст, авторот на оваа книга со наслов „Зета Македонија“, Бранко Сотировски, е вистински еликсир на спознанието, а истражувачкото патување на кое нè води како вистински адепт и алхемичар, е една неспоредливо возбудлива авантура на духот. Треба да се има голема интелектуална храброст, но уште повеќе талент и знаење за еден научник да се впушти во едно волку деликатно и смело излагање, при кое на површината на свесното се појавуваат вистини, шокантни и неверојатни, но во исто време тези, кои овој екстраординарен проучувач на најделикатните сфери на длабоката историја (всушност, според академската терминологија - праисторија) ни ги аргументира со зачудувачка прецизност и со вистинска научна аргументација, втемелена на артефакти, но и на принципиелните логични методи на референтните научни дисциплини. 

Откако е воспоставена историската наука во новиот век, односно по ескалацијата на ренесансниот спознавачки дух, се јавува константно периодично коригирање на воспоставените параметри за постанокот, но и за историското време, во кое човештвото со еволутивен процес на гностичка иницијација транзитирало од епохата на бесловесноста кон словесното битисување на оваа планета, или ако сакате, од едно анимално и стихиско постоење, во голема мера базирано на инстиктите, кон востремување кон духовноста и креативноста, цивилизациските индикатори, кои се втемелени врз говорот, писмото, уметностите, технологијата и општествената организација. Токму најголемите научни полемики во историското време се воделе и сè уште се водат околу датирањето и контекстите на овие, во секој случај, фасцинантни појави, не само на планетарно, туку и на вселенскои рамниште.

Без сомнение, главните ресурси на оваа научна систематизација лежат врз обилните диверзитети на митологиите што човештвото ги создавало како порив да се одрази и изрази во бесконечноста на простор-времето, како феномен неспоредлив со било кој друг феномен во вселената. Со историска и емпириска сублимација на овие митологии создадени се религиите, кои долг период во човековата сознајна и општествена еволуција имале улога на толкувачи на сите непознати сфери, со кои се среќавал живиот и секогаш заинтересиран за непознатото, дух човеков.

Така, на пример, според книгата на постанокот од Стариот завет, проценката на староста на светот била 6 до 7 милениума, а оваа догма се одржала прилично долго, сè до времето на рационализмот, кога религиозната догматика, пред сè онаа, која ги монополизирала научните теми, била темелно деконструирана од страна на експерименталната аргументација и самата логика, која, всушност, била и структуралната методологија на научниот спознаен процес. Оваа транзиција на научниот светоглед не се одвивала без проблеми и реакционерност од страна на конзервативните догматици, напротив. Бројни се мачениците во името на научната вистина. Да се присетиме на Џордано Бруно, кој беше спален на клада од страна на Инквизицијата, на судењето и малтретирањето на Галилео Галилеј од истите овие структури, непријателски ориентирани кон научните вистини, кои овој вљубеник во совршеноста на вселенската структурологија ги застапуваше во своите дела, а кои не му беа по волја на Ватикан. Да се присетиме на негирањата на откритијата на Јохан Кеплер, на Исак Њутн, на Тихо Брахе и на други големи научници, кои конзервативците од тоа, замрачено во умот, време ги гледаа како вештери и слуги на нечестивиот. Но, вистината без оглед на тоа дали е научна или поетска, секогаш бара жртви. 

Кога војната против Инквизицијата беше конечно добиена, а црковната догма исфрлена од научниот Пантеон, некаде во почетокот на 19 век, по скоро три века мачеништво на прогресивните и креативни сили во науката и уметноста, почнаа да се случуваат нови предизвици и контроверзи, но овој пат барем научниот форум и берзата на идеи функционираа потолерантно, што не значи дека старите манири беа искоренети до крај. Иако светогледите беа во голема мера проширени, а научната аргументација стана неминовен метод на докажување на разните хипотези, пред сè за историската наука, природните науки и науката за постанокот, која ги извлекуваше своите аргументи од нововоспоставените научни дисциплини, базирани на егзактните науки (да се сетиме на Кант–Лапласовата претпоставка за постанокот на вселената), настана еден нов конфликтен проблем во контекст на создавање на еден конзистентен научен поглед на светот. Тоа, всушност, беше синдромот на „Вавилонската кула“ и мешањето на јазиците, или подобро – на контекстите. Тоа овозможи научните вистини во ова ново време да се определуваат со еден вид консензус на проминентните академски експерти, што на некој начин повторно ја воведе светската наука во еден вид гносеолошка диктатура. Сепак, оваа академско авторитарно арбитрирање ни оддалеку не беше така ригидно и насилно, како она на Инквизицијата. 

Но овој идеалистички период во науката не траеше долго. Набргу по појавувањето на тоталитаристичките идеологии, какви што беа комунизмот и нацизмот, науките се политизираа, идеологизираа и почнаа да се однесуваат како доктринарни апологии на овие тоталитаристички системи. Сè уште има живи сведоци, пред сè научници, кои ја вкусиле жестоката казна на овие режими за нивното недогматско толкување на одредена научна проблематологија. Дури би се осмелил да кажам, дека овој ригиден тоталитаристички менталитет во науката е сè уште присутен во одредени академски кругови како реликт. 

И токму ова смело научно излагање на Бранко Сотировски може да биде цел на нападите на овие научни догматици, реликти на комунистичкиот тоталитаристички менталитет, кои за жал, се сè уште добро позиционирани во нивните академски бункери, секогаш спремни за најжесток напад. 

А делото на Бранко Сотировски е навистина провокативно, можеби едно од најсмелите анализи и декодирања на енигмите од минатото. Самото спомнување на бројката од 400 000 години цивилизација и писменост, внесува голема раздразливост кај дежурните комесари на „здравиот разум“ во академските научни сфери. Кога, пак, кон ова ќе се додаде дека корифеите на оваа цивилизациска и писмена фертилизација на човештвото се Македонци, имено, Боговите-Македонци, доаѓа до делириум и манијакални устреми кај овие современи инквизитори на научната свест, кои во својот идеолошко–научен фанатизам не даваат никаква шанса за било каква поинаква научна вистина, освен за онаа, која тие самите ја застапуваат, без оглед на аргументацијата со факти и логиката, имплементирана во овој процес на експертиза. Да се присетиме само дека тие сè уште фанатично и вехементно ја застапуваат тезата за доселувањето на Словените од зад Карпатите, теза, колку побиена од научната аргументација, толку и ставена во служба на геостратегијата и геополитиката на 19 век, со цел да му се даде сила и легитимитет на тотално невистинитиот и исфабрикуван квази-научен концепт на хеленизмот и да им се одземе симболичката моќ и историско- цивилизациското достоинство на Словените, како на најсериозна културна и политичка закана за Западот. И покрај сите релевантни историчари и нивните дела, и покрај археолошките и лингвистичките докази и референци, оваа ступидна и недокажана теорија на повеќе геополитичарот, а многу помалку на историчарот, лингвистот,археологот и антропологот Дројзен, фати корен во академската научна јавност, и тоа не само за геостратегиски заинтересираниот западен империјализам, туку и кај нас, на Истокот, меѓу Словените, малтретирани повеќе од пола век со идеологизираната и политизирана комунистичка наука. 

Ете, затоа ова резиме е дефанзивно ориентирано и, пред сè, сака да го предупреди, но и да го ослободи хипотетичниот читател од сите стапици кои го демнат на ова величествено и колосално патување, на кое нè поканува и нè води фасцинантното научно откритие на Бранко Сотировски. Намерно не сакав да навлегувам во детална анализа, што се однесува до богатата и дивергентна научна граѓа, што во оваа студија ви ја предава и елаборира ентузијастичкиот и храбар истражувач на овие неверојатни феномени и откритија. Сакав само да обезбедам една рамка за ослободен од предрасудите и од петрифицираните илузии, влез во ова неспоредливо научно истражување на Бранко Сотировски.



Прегледано:  1,364.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................