Вовед


“Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое
македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината на мојата
татковина...“

(К.П.Мисирков)

Оваа книга е стремеж на авторот за презентација на македонскиот јазик, наука, култура и македонската монотеистичка вера. Тоа е вера за Големата мајка на воскресението, Мадона – Господарка, Бог Сонце ИЛИ, Космосот, сојот, ројот, родот ЛАВРОД Македонски и Македонија – РАЈОТ во вселената и на земјата, верување во реинкарнација на духот божји Илион-Македон, вера за поминување на духовната енергија во материјална и обратно помеѓу двете свети тројст-ва. Двете свети тројства се: првото Бог Сонце ИЛИ, ДОН (пролет) и духот божји ИЛИОН-МАКЕ-ДОН и второто сончевиот зрак ИЛ, божјата МА (земјата) и обожествените Господари Македонци. Воедно тоа е верување во создавање на рај на земјата со живата природа „ИС – ИСУС“ и тоа во дуалистичкиот однос помеѓу Бог Сонце и обожествените синови - Господари во кој е присутен божјиот дух Македон.
Основната појдовна точка при откривањето на наведеното е традицијата на македонски-от народ од пред 400.000 г. во продожеток до денес. Научните достигнувања се презентирани со митолошко-симболичка персонификација на појавите и процесите што се одвивале во приро-дата, општествената реалност, производството и стоковната размена. Презентацијата е на др-во, кожа, коска, камен и земја од микро до макро димензии, со писмени знаци - слова (кирилица и латиница) и цифри (наречени римски), и тоа на мал простор со високо уметнички квалитети во вид на ЛИГАТУРА врз реалистички цртежи, како скриена порака во стихови. Верата се мани-фестира и со обреди во кој се одразува односот кон Бог Сонце преку песната, танцот, мимиката и гестовите.
Овие артефакти со естетско симболично значење, дешифрирани во оваа книга преку ма-кедонскиот древен исконски јазик и писмо, претставуваат материјален и писмен доказ за посто-ење на современо општество налик на денешното, организирано во држави во рамките на една држава која била распространета на пет континенти, наречена Големата Зета Македонија. Спо-ред овие писмени докази, дознаваме за постанокот на човештвото, историјата на македонскиот народ, а со тоа дознаваме и за историјата на светот.
Македонскиот народ со неговата наука, уметност и вера, претставува основа на сите но-воформирани писма и говор и на другите племенски заедници и народи со понизок степен на развој. За жал, македонската вера претрпувала промени од самите одродени Македонци, прет-ворувајќи го рајот во пекол преку светскиот потоп на УМОТ. Науката e заборавена, уметноста уништена, a македонската вера преточена во нова митска приказна. Но, се случува чудо божјо, се појавува Новото Македонско царство и реинкарнација на УМОТ со Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум.
Во однос на тоа, предмет на моето истражување е македонската цивилизација, која нау-ката ја преточува во религиозни верувања, со магиско-религиозни практики, преку светлоста на божјиот ум присутен во Синот Божји Македон.
Континуитетот е запазен преку македонскиот народ, наречен азиско-европскиот народ, преку античко-македонскиот период со обожествениот македонски народ и Македонија како цен-тар на светот со државното уредување ГОСПОДСТВО Зета Македонија со писмена, јазична и културна традиција до денес.
Користени се одредени теоретско-методолошки показатели со чие посредство ќе се вр-ши реконструкција на македонската наука, писменост и вера.


Авторот
Бранко Сотировски 

Прегледано:  1,778.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................