Македонско Танго (наречено Аргентинско Танго)

26.09.2019 g.

 

  

Почувствувајте ги убавините на Аргентинското Танго. Покрај македонските ора, кои се бисери во светот, танго е вештина дадена за забава, уживање и здравје затоа ја заслужуваат сите! „Аргентинското танго или „љубовна приказна во три минути“, како што го нарекуваат многумина, потекнува од Аргентина, а извршило големо влијание врз поезијата, драмските уметности, модата, сликарството, архитектурата…“
Несомнено корените на аргентинското Танго треба да се бараат во македонскиот фолклор. Македонскиот ритам од 7/8 - ски такт, кој е составен е од два прости ритми 4/4 -ни (тангото) и 3/4 - ни (валцерот). Самиот збор во врска со танцот за првпат е употребен во 1890. година, а се знае дека доаѓа од македонските зборови: Т = татко, АНГ = пролет - симбол на вечниот живот (ангел), анг прочитано од десно кон лево е КНА = со значење: „Љубовна желба на богот да ја оплоди Божјата Планета Македониа“ (Зета Македониа стр. 380.) Зборот Танго доваѓа од македонскиот збор ТАНЦ - танец.
Аргентинското Танго се игра на забави наречени milonga, овој збор е македонски со значење ДОЛГО МИЛУВАЊЕ. ЛОНГ = долго и МИЛО = што е сакан; што предизвикува пријатно чувство при гледање или танцување. . Не е исклучено полката, валцерот, мазурката и schottische, како ритми кои се произлезени од македонскиот ритам 7‘/8 - ни исто така да имале свое влијание во создавањето на milonga-та.
На почетокот од 20. век тангото доживува светска експанзија, во Македонија и Европа. Во стиховите на танго песните, се појавува старата македонска традиција и тоа се пеело за, минатите времиња, се спомнувале изгубените љубови кон саканата и татковината Македонија, копнежите по мајката, родното место, но најмногу од се, се пеело за љубовта спрема тангото.
„Нешто подоцна тангото добива значајно место во стандардните танци, како ballroom tango, денес попознат како европско танго. Сепак, иако потекнуваат од ист корен, европското танго во многу се разликува од аргентинското: во ставот, прегратката, движењата, импровизациите, балансот и чекорите.
Според стручњаците, за учење на тангото потребно е доста труд, волја, љубов и креативност, зашто самиот танц изискува огромна прецизност и пред се извесна дарба на пророкување. Затоа што чекорите не следат предвидлив ред, туку се подложни на импровизации на оној што води или, пак, на една кореографија на бескрајни комбинации во односот помеѓу мажот и жената, во нивниот допир како телесен, така и духовен. Обата партнера мораат многу да придонесат- исто како и во вистинска љубовна приказна. Мораат да научат да се наслушнуваат меѓусебно и да си веруваат еден на друг. Тие внесуваат свои стилови и декорации (adornos) што значајно придонесува за возбудата и непредвидливоста на танцовото искуство.
Инаку, тангото секогаш се танцува во насока спротивна од сказалките на часовникот, како на коњичките трки (коњите и обложувањето заземале значајно место во танго песните), а танцувачите се трудат да останат на ивицата на подиумот избегнувајќи го неговиот центар. Милонга танцот потсетува на разбранета река која нежно се бранува постојано менувајќи ги ритмите. Можеби токму поради постојаната промена на ритамот, како главна карактеристика на танго музиката, овој танц не е подложен на однапред осмислени кореографии.“
„Овој танц го красат мноштво негови стилови: salon tango, milonga, tango nuevo, orillero, fantasia.
Fantasia е сценско танго или танго перформанс кој е наклонет на глумата, драматичноста и акробациите. Tango nuevo својот одраз го наоѓа во електро музиката (Gotan project, Bajofondo…), има бројни декорации и е мошне популарно кај помладите генерации. Milonga е танго кое има побрзо темпо и го карактеризираат ситни и едноставни чекори. Иако милонга музиката историски е многу постара од танго музиката, танцот е доста понов.
Она што танго музиката ја изделува од сите видови музика е секако инструментот бандонеон (вид армоника), како и отсуството на тапани. Бандонеонот се појавил во Германија околу 1880. година. Иако било прилично тешко да се совлада, неговиот плачен звук ја фатил самата суштина на тангото. Клавирот, виолината и бандонеонот се најчесто тие кои ги одржуваат фасцинантните танго ритми. Исто така, кај тангото убавината на гласот е еднакво битна како и начинот на пеење, просторот помеѓу слоговите, намерата што ја обвива секоја фраза. Пејачот на тангото е пред се глумец. Не било каков глумец, туку таков што слушателот во него ги препознава сопствените чувства.
Во 2009. година тангото стана дел од светското културно наследство. Организацијата на ОН за наука, култура и образование (УНЕСКО) на овој танц му додели статус на традиција од посебно значење за човештвото.“(цитат: //panoptikum.mk/argentinsko-tango/)

 

 

СОН
Лице ко месечина,
Коса златна коприна,
Очи, сон гледаат,
Вистинска убавина.

Сонлив, проѕирен,  
Ми дојде до постела.
Рамо ми допира,
Гром силно удира.

Страшна олуја,
Срце ми поигрува,
Го барам убавецот,    
Во роса се претворил.

Го барам убавецот,
Во роса се претворил.

12.07.2019 г. Бранко Сотировски

 

За песнава направена е мелодија, во ритамот на Македонско Танго.

Viewed:  170.00 times