„АНТИЧКИ МАКЕДОНЕЦ ИЛИ ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНИН?“

ДИЛЕМАТА ОКОЛУ ТЕРМИНОТ ПРАВОСЛАВИЕ
27.03.2016; Бранко Сотировски 

Деновиве, како резултат на одредени општествено политички превирања во нашата држава, во телевизиска емисијата се наметна едно прашање: Што се денешните Македонци? „Дали се АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ или ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ?“
Ваквото прашање, како прво, се коси со здравиот разум. Тоа прашање е противречно, пристрасно од позиција на поседувач на моќта.
Со самото погрешно поставено прашање се наметна една дилема за терминот „православие“, за кое следи објаснување.

     

Со проучување на македонското древно минато, преку дешифрирани натписи оставени од македонскиот народ, дознаваме за македонската наука, монотеистичката вера во Бог Сонце ИЛИ, историја, писменоста и начинот на живот. Дознаваме за еднинствениот народ кој живеел распространет низ целиот свет, видување произнесено во книгата „Зета Македониа“.

За значењето и употребата на терминот „православие“, може да се постави следното прашање: Што е вистина?
Вистината е Божјото Слово. Божјото Слово е целата материја што се гледа, и она што не се гледа, а тоа е духот божји Македон.

Вистината е една, а тоа е: сѐ што е родено, родено е од Мајка, вклучувајќи го и Бог со божјата семенка. Tаа мајка во вселената е Елена - Параскева, а на нашиот Свет е Мајка Македонка - Боса (боска или дојка).

Вистината е светлост. Светлоста е преносител на духот божји Македон до Мајката Светот Македониа, како оплодувач на сите процеси во кој е вклучен духот Македон.

Вистината e умот. Умот е божјата Светлост и Божјото Слово или Реч. Умот ги создава зборовите, и ги открива сите сокриени божји знаења, кои се содржат во Словото Божјо.
Се е божјо, само верата во Бога е на обожествениот син господов Господин, Господар, Господ Македон.

Вистината е една а таа е: Бог го пренесува словото или речтта, што претставува ука или наука, по најкус пат на своите одбрани синови Македонците (Господ Македон).
Вкупната вистината, за волја на одбраните, Словото Божјо го држат во тајност, од своите одродени браќа, за да може народот од родот Лаврод да го открие по големиот светски потоп на умот. Словото Господово е запишано во вид на цртеж-лигатура.

Вистината е една. Зборовите се божји затоа што го отсликуваат словото божјо. Зборот произлезен од господовата нематеријалнаст и материја, што претставува ехо на природата, ги создава словарниците ЦУТНИ - јавна и тајна (кирилица и латиница), броевите пролетни (римски и арапски) и 7/8-минскиот музички такт. Од нив произлегуваат сите други словарници во светот.
Зошто духот божји се нарекува Македон, затоа што, Бог го пренесува вкупното знаење на Македонците, затоа што, верата е македонска и затоа што, вкупната вера е сокриена во цртежите ширум светот? Одговорот е во именките ДОН, МАКЕДОН, МАКЕДОНИЈА и народот Македонски. Народот Македонски се синовите божји и воедно најстариот писмен народ.

Што открил Македон? Македон го открил словото божјо, божјата реч или ука-наука. А најважното е верата, а таа вера е вера или верување не само во Бог Сонце ИЛИ, туку и во Мајката Божја во вселената и мајката на синот Божји на Светот. Тоа е вера во реинкарнација на духот Македон, реинкарнација на живата природа ИС- ИСУС или вкупната жива природа во ПРОЛЕТТА. Таа вера е вера во новородениот реинкарниран или воскреснат од мртво во живо, во новородената пролет и растечкиот ден од 25-ти декенври Р'с , Рис, Ристо.

Како се доаѓа до таа вера? До македонската вера се доаѓа по најблискиот и најкус пат, од врвовите на планините и пирамидите до Бог Сонце, со правите сончеви зраци, кои директно со најправ пат на светлината доаѓаат до Македон. Тој најкус контакт се остварува четири пати годишно, а тоа се четирите годишни периоди во месецот на XXII-риот ден. До македонската вера се доаѓа и по подолгиот пат на светлоста, посредно, со господовата слугинка месечината. Тоа е патот од месечината до ДОН-долините како утринса роса во која се наоѓа духот божји Македон. Всушност, најважен е покусиот пат, ЗАТОА ШТО Е БОГАТ СО СВЕТЛОСТ И ТОПЛО, за разлика од сончевиот зрак кој доаѓа од Бог Сонце до Светот во форма на цик цак, а тоа е од сонцето преку месечината до Светот Македониа, кој се состои од излитена светлина и без топлина. Поради оваа верување во најкус, прав и исправен пат, таа вера се нарекува ПРАВОСЛАВИЕ.

Придавката „православие“ ја користи и поновата религија, христијанството произлезена од македонската вера. Целото верување со мали измени на имињата, случките и датите, христијанството го предзема од македонската вера, а подоцна, Македонците христијани придавката „православие“ ќе ја воскреснат-предземат, како продолжеток на сопствената видоизменета вера наречена ПРАВОСЛАВНО ХРИСТИЈАНСТВО.
Каде се врши примо-предавањето на словото божјо? Примопредавањето на словото божјо се одвива во Македонија, од еден народ Македонскиот со континуитет најмалку од пред 500.000 г. во продолжеток до денес. Македонскиот народ е еден, распространет низ денес наречените континенти Европа, Азија, Африка, Австралија и Америка.

Крајот на ова излагање би се завршил со еден цитат од книгата „Зета Македониа“ од Бранко Сотировски,“ стр. 397:
„Дон Дион, Дионис, роден со љубовен допир од Божјата светлост врз мајката „МА“ со извор бисери, божја семенка од ГОРАТА, со „рог“ (машки принцип) на „ар“ (земја) покрај реките во пролетта. Новородената природа осветлена-блосоена со „ЛОМ“ (светлосниот зрак), всушност е Ис - ИСУС (новородениот) МАКЕДОН. Ова ВЕРА од пред 500.000 г. во континуитет до денес, како македонска научно-митолошка ера, на македонското писмо и слово божјо, тоа е ера на Македонската ВЕРА во единствен Бог Сонце ИЛИ, тоа е ера на ПРАВОТО СЛОВО, (праведното, вистинското, чесното со правиот достоинствен Македон, директно да комуницира со Бог), со верата ПРАВОСЛАВНА - ПРАВОСЛАВИЕ. За значењето на крстот прочитај во книгата „Зета Македониа“ стр.42, a информирај се повеќе за православието на следниов линк:

http://zetamacedonia.com/article/istrazuvanja/od_avtorot/pravoslavie-15813-8896-116

Доколку сакате да ја набавите книгата, можете да исконактирате на 078 264 106, како и на zetamakedonija21@gmail.com.

 

                                                                                                                                           
27.03.2016; Бранко Сотировски                             

Прегледано:  2,198.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................