„МАКЕДОНСКИ ИНОСУШНИЈ ЛЕБ“

28.11.2020 г. 

 

 „МАКЕДОНСКИ ИНОСУШНИЈ ЛЕБ“

Леб, кој те осветлува и просветлува. Леб, кој ти го храни духот и душата. Леб, кој ти дава сон, и бистар ум. Јасност и спокојство, кој отвара поглед во иднината со живи и светли бои. Леб кој те разубавува, подмладува и ослободува од токсини. Леб, кој ти дава самодоверба и храброст, ситост и сила. Спречува поспаност, чува од вируси. Ти подарува снаодливост и привлечност. Ти подарува натприродна моќ, за обединување поради една цел – припадност на еден народ. Тоа е леб на лебовите, белиот дар на божиците, храна на боговите Македонци.

ВОВЕД
Овој леб наизглед обичен во себе крие многу изненадувања, скриени пораки, бела магиска моќ. Изобилува со симболика сокриена во божја езотерија. Веднаш да направиме осврт, за поврзаноста на Иносушниот леб со Корона вирусот, најновата закана на човештвото. Корона вирусот е црна магија, сретство за точно опрделена цел, за да се повреди личноста, предизвика болка, усмртат повеќе луѓе на Планетата Македониа  и осиромаши обичниот граѓанин. И тоа од завист кон туѓиот успех, писменост, култура и поседување на слово божјо. Корона вирусот претставува војна со црна магија. Одреден слој на личности и држави, кои не припаѓаат на „човечкиот род“, а кои имаат пороци, алчност, завист од туѓиот успех, омраза, љубомора и др. Со помош на нивните негативни духовни вибрации, влијаат на другите луге. Тоа условува нов начин на преживување,  живот во страв, за сопствениот живот и животот на блиските, тоа е збир на езотерична темна магија, со однапред смислени појави. Всушност Корона вирусот служи за манипулација на пошироката народна маса, за нејзина контрола и експлоатација. Како ќе се победи оваа темнина. Темнината се победува со светлост, со оксидно црвено утро, со Богот Сонце. Македонците од секогаш живееле во хармонија со светлоста и божјите езотерични знаења, за да се одбранат од црната магија. Секое утро се молеле од мугри до изгрејсонце, светлоста да ги исчисти темните вибрации пристигнати од луѓе – нелуѓе преку, пристигнати преку темнината на ноќта.  Едно од најмоќното оружје на Македонците, минимум од пред 500.000 г. е леб на лебовие, тоа не е обичниот леб, тоа е Македонски Иносушниј Леб – Леб со поинаква суштина.

 

                                                     

                                                       Оксидно црвено, 'рѓаво црвено, „риѓо“, изгрејсонце.

 


Лебот претставува основна храна на Македонците пред илјадници години, од времето на нивната свесност за себе и околината, за разлика од оние човекови и животински врсти, кои биле преселници, собирачи на диви плодови. Македонците како деца на Светлоста, родени од паралелната мајка, денес наречена Св. Параскева, умни, го примиле божјото слово - знаење преку „Мкедонскиот Иносушниј  Леб“, леб со поинаква суштина, а тоа е светлоста на белиот ден, тоа е утринското чисто, бистро, видливо со умот и телото. Лебот те храни, одржува во живот. Пред да се започне со описот, за приготвување на лебот, да анализраме неколку македонски збора. Зборот утро – утре е составен од два збора од УТ и РЕ. Ут е птица која почнува да лета, од полноќ. Утот ја зима душата на ноќта, што умира и со тоа, го најавува новиот ден. Зборот РЕ кратенка е, од македонскиот збор Реинкарнација. Македонската вера, пред појавата на христијанството ѐ верување во преродба на духот и душата, РЕИНКАРНАЦИЈА во нов живот со ново тело. Именката ЛЕБ прочитана од десно кон лево е БЕЛ. Оваа сокриена порака на Македонците ни укажува дека „иносушниот леб“ всушност, претставува  храна на Македонците, а тоа е белата душа на денот, белиот дар Вардар, белите градови Гостивар, Вараждин, Београд. Многу потребната храна е и белината на СОЉ – солта а тоа е градот СОЛун. Сол е СОнце. Македонската вера ѐ верувгање во Богот Сонце со неговиот ден.
Светлоста на божјиот ден претставува многу потребната хрна, како леб. Светлината е единствена, наречена е Единствениот Зет, која ја оплодува природата, Мајката Планета Македониа. Единствената светлост на сонцето пресликана е во светлиот ум на Македонецот, како светец, ги измислил словарниците на цутот (кирилицата и латиницта) и цифрите на пролетта (римски и арапски), ја развил науката и културата. Оваа утврдена вистина според напишани документи потекнува од пред 500. 000 г., кога постоела само една држава со име Македониа (нема слово “Ј“), во продолжеток до денес. Откриени се безброј натписи и артефакти, од археолози низ ново формираните – измислени држави на Светот Македониа. Овие сведоштва ги среќаваме на пет континенти, на земја, под вода и во вселената.

Денес Европа го нуди „сувиот леб“, („лебот наш насушен д
ај ни го денес“ цитат од Оче Наш).  на сувиот исцеден човечки живот, живот како роб. Европа го нуди сувиот леб, за исушениот сув ум. 

Македонија го подарува на светот „МАКЕДОНСКИ ИНОСУШНИЈ ЛЕБ“, леб со поинаква суштина. Каков е тој леб? Тоа е лебот на духот и душата, срцето и умот. Овој леб, во кој е содржана божја симболика, ни овозможува, да ја примиме божјата љубов, која директно влијае на љубов со срце, со божја езотерична промисла. Иносушниот леб ни ги разоткрива божјите тајни. Тоа се: кој е нашиот бог, како татко на татковците, Бог на Боговите и која е нашата родилка  мајка, Мајка на Мајките, родилка на родилките.

Овој леб припаѓа на живиот свет, (органски). Што е суштински поврзан со здравјето на лугето, кој е произведен, од самиот консумент, без хемиски додатоци (може и без модерниот квасец), кој директно негативно влијае на нервниот систем.
Не постои здрава или нездрава храна. Секоја храна ѐ квалитетна со хранливи својства, создадена само за потребите на Македонците. Квалитетот на храната изразена е според следново: Храната треба да се консумира умерено, во одредена количина, според физичката активност. Кога се врши тешка физичка работа, како на пример: копање, трчање, качување на планина, градежни работи и др. се јаде повеќе, од се по малку. Одредени продукти при исхрана, не треба да се јадат ни премногу, ни премалку, или воопшто да не се јадат. Секоја храна треба да се консумира навремено. Според хранливите состојки во храната, кои внесени во организмот правилно, ќе се искористат целосно, се разбира, ако е правилно зготвена. Првите сознанија за исхраната и произвотство на храна, врз научна основа, финансирано од државата ѐ институцијата „Ракле Спаски“, со рака, ракел или мотика до спасот, (цитат од книгата Зета Македониа стр. 110), датира минимум од пред 500.000 г. Научниот скуп имал за цел да ги култивизира – припитомува билните култури и животинските  врсти, за поголем принос и обезбедување на здрава и квалитетна исхрана, на населението во Македониа и пошироко низ Планетата Македониа.

 

ЗДРАВОСЛОВЕН РЕЦЕПТ со магиска моќ. Хранлив, лек за душата и телото.


Содржина и упатство за начин на приготвување:

700 г. ‘ржано брашно,
150 г. брашно од Наут, или мелена еблебија.

150 г. овесно брашно, снегулките се користат како украс.


300 г мелено семе од Сусам,
300 г. мелено семе од Лен,
300 г. мелено семе од Тиква,
300 г. мелено семе од Сончоглед,

300 г. мелени ореви.

300 г. мелени бадеми.



Сода бикарбона (рафинирана, апотекарска) -  една мала лажица за слатко, ако не се прави лебот со квасец.
Босилок -  сув и дробен, една голема лажица за супа, ако има во продажба или Ким.
Сол -  една голема лажица за супа, (по потреба)
Шеќер – една до две големими лажици за супа,
Вода – топла еден литар и половина, (по потреба), по можност водата треба да е изворска, негазирана,(која не содржи хлор).

 

По желба  може да се додаде или да се заменат одредени конпоненти, како на пример со:

150 г. интегрално пшеннично брашно,

150 г. Квас од брашно од Наут – растопен во 1 л.. вода,

    2 - ве мали коцки пекарски квасец од габи.

Нане – суво, издробено, една голема лажица за супа,

 

Се пече на 200 степени од 45 до 60 минути, во форма на погача или во четири векни.

Македонски Иносушниј Леб со оваа содржина, ни нуди здрав живот, со повеќе светлост, чистота и белина, повеќе сонце, топлина и среќа. Македонскиот Иносушниј Леб делува на умот и телото, го подмладува, разубавува го зголемува имунитетот, превентивно делува на повеќе болести, ја подобрува и зголемува потенцијата, ослободува од токсини. Ако сакате лебот да биде по ронлив, ќе намалувате количество на брашно.


           

                                           Македонски Иносушниј  Леб – леб со поинаква суштина.
Приготвување:
Содржината се меша на суво со жица за торта, во специјален длабок, округол, пластичен сад за месење. Се додава топла вода заедно со македонскиот квасец од Наут, приготвен, во зависност од тенпературата, еден до два дена пред месењето или две коцки квасец. Се меша со лажица. Масата се дели на четири или осум дела. Врз набрашнета работна површина, или посипени снегулки од овес, од деловите се формираат топки. Топката се ролува како векна. Векните се редат во плех за печење. Плехот е посипан со овесни снегулки Се чека  до 60 минути да стаса лебот, може и подолго во зависност од тенпературата на просторијата за стасување. Се пече од 45 м. до 60 м.на тенпературо од 200 степени. Ако тестото е измешано со повеќе вода, како меко тесто, се пече подолго. Во текот на печењето, се шири мирис кој потсетува на детството, се јавува чувсто на сигурност, задоволство и среќа. Кога се јаде има посебн вкус, сладост и убавина. Најдобар е кога е топол. Не прави цврста кора. Колку и да е сув или со подгорена корка, лесно се рони. За овој рецепт потребни се помалку од 60 минути.


Препорака!


Откако ќе се олади лебот го сечеме на парчиња. Го пакуваме по половина векна во најлонски кесички, и го ставаме во ладилник. По вадењето на векната од ладилникот, парчињата се ставаат во чинија, се покриваат со книжна салвета, да се сушат. Се јаде само едно парче на еден оброк, (во зависност од вашата диета), три пати на ден. Највкусен е, кога се јаде наутро, со бело кафе со мед и мармалад од модри сливи, бело кафе и сирење. Наутро може да се јаде и со грозје во конбинација со сирење. Напладне со супа, а навечер со кисело млеко, кравјо или овчо, може да се јаде и само со домат и сирење. 
За да се задржи опивката на езотеричната моќ, на Македонски Иносушниј Леб, се препорачува да се јаде во придружба, наутро, со Молитва „БОЖЕ МОЈ“ - Серафина Фантаузо, напладне може да ве придружува песната „ЗЕТЕ ЦАРЕ“ – Сузана Спасовска. По успешниот работен ден, кој во голема мера е заслужен Македонскиот Иносушниј Леб, за вечера, ќе оддадете потчит на вашата Мајка Хранителка со молитвата „Марија Мадона“ – Сузана Спасовска.

 


ДОДАТОК Корисни особини на лебот:

ИНТЕГРАЛНО ‘РЖАНО БРАШНО

 
                                     
          ‘Рж житно растение, со златно помаранџаста, риџо, ‘рѓава боја, боја на изгрејсонцето.

Се добива од тревно растение ‘Рж. Зборот е македонски што значи: ‘рж = ж’р со значење жар. ‘Ржот има жолто - златна боја кон црвено. ‘Рж е светлост, црвено изгрејсонце. ‘Рж е црвенкасто – жолтиот Бог Сонце. Член е на групата на пченични растенија. Во сротство ѐ, со јачменот и пченицата. Потекло: Заедно со ленот и други питоми житарки потекнува, од сончева и сува клима на Македонскиот полуостров и Анадолија. Бил одгледуван уште во камениот период од Македонскиот натод. Ова благородно растение Македонците го одгледувале во цела Европа, Африка, Америка, и Азија (северна Кина). Сувата клима во Македонија оневозможува развој на габи, кои го напаѓаат класот. Во средниот век во западна Европа ‘Ржот масовно се користел. Поради влажната клима во западна Европа, кај ‘Ржот и Пченицата се јавува штетна габа Ергот, со значење: Сила. Коренот на зборот ѐ ‘рг – ‘ргни, со значење сила која иде напред или демонска сила. Габата Ергот била причината за масовно психичко оболување со халуцинации. Труење со Ергот ја предизвикува општествената појава, ловот на вештерки. 
‘Ржаното брашно добиено ѐ, со споро мелење на воденични камења.
Интегралното ‘ржано брашно го зајакнува организмот, му дава сила и го подобрува нивото на железо во крвта. Состав: Магнезиум, манган, селен, калиум, фосфор, цинк, железо, Б1, Б2, Б6. Богато е со диетални влакна, важни за нормално функционирање на дигестивниот систем.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД ‘РЖАНО БРАШНО.
Помага во борба против: Дијабетис, запек, кардиоваскуларни болести, воспаленија, висок крвен притисок. ‘Ржаното брашно содржи помалку глутен, богато ѐ со јагленохидрати, коишто побавно се варат и заситуваат.


ИНТЕГРАЛНО ПШЕНИЧНО БРАШНО.

Не е претпоставка, туку со сигурност се тврди, дека припитомување на Пченицата со селекција, се извршило во Македонија и македонските територии по долината на реката Нил, со значење На Ил = Река на сонцето и областа на Месопотамија со значење Месо = меѓу, потамија = поточје или Месопотамија = Мегупоточје.
Добиено со споро мелење на воденични камења. Богато е со многу протеини, витамини, аминокиселини, масти, јагленохидрати, белковини, тиамин, ниацин и разновидни минерали. Содржи многу влакна.


БРАШНО ОД ЛЕБЛЕБИЈА наречено Наут.
Леблебијата ѐ, една од најстарите тревни растенија од семејството мешунки. Родната земја на Леблебијата е Македонија. Од леблебијата Македонците од секогаш правеле леб. Ја сметале за Бог Сонце, леб на лебовите. Зошто? Леблебијата е храна на с
ите пекарски продукти. Од Леблебијата се прави квасец кој служи за потквасување на сите производи од брашно. Брашното од леблебија има жолтеникаво светла боја. Тој светол цут, претставува светлост на светлиот, а тоа е светлоста на Бог Сонце. Леблебијата претставува рајски леб, кој пристига директно од сонцето, како дар божји. Со Леблебијата Македон се прочистува, осветлува, просветлува, станува светец, кој свети со својот ум, наука и култура, низ целата Планета Македониа. Зборот леблебија прочитан од десно кон леви: „АЈ И! И јас да бидам БЕЛ, БЕЛ, Што значи: ‘И јас да бидам, како мојот Бог Сонце“. Белиот леб од лелблебија или Наут, се правел за ритуални цели. Се принесува пред УТОТ, во знак на благодарност и придобивање милост. Имено Утот врз основа на смрта на ноќта го најавува сонцето. Утот ја зима душата на умрениот, и ја најавува нејзината реинкарнација во ново тело, телото на денот. Леблебијата е симбол на светлиот ден.


                                     
                                                          Леблебија нарчена Наут.

Оваа македонска традиција се практикува и во христијанството. По упокојување на лугето се прави варена пшеница и леб од пшенично брашно. Симболиката е сменета. Брашното од пшеница мелено со лушпа е по темно, со овој леб се дава до знаење, дека духот и душата на упокоените Македонци да се храни само со темнината на ноќта, да ги изеде помрачина.
Биохемискиот состав на леблебијата содржи: Белковини, јаглени хидрарти, растително масло, целулоза, минерални материи.Железо, фосфат, калциум, магнезиум, манган, цинк, витамин К , витамин  Ц, витамин Б-6, селен, фолна киселина и холин. Сите тие витамини и минерали ќе придонесат за градење и одржување на коскената структура и сила, регулирање на дијабетисот, крвен притисок, здравје на срцето, против заболување од рак, против холестеролот, помага за здрав дигитален тракт (против запек), ги намалува хроничните воспаленија, и управува, ја намалува  тежината и предизвикува ситост. Во случај да немате Македонски Иносушниј Леб, препорачливо е Леблебијата, жените да ја јадат секој ден по 25 г. а мажите 30 г.


ОВЕСНО брашно или снегулки
Овесот е житно растение, во народот се нарекува Зоб. Бојата на зрното е златно жолта, 
боја на сонцето, формата на зрното е во вид на утринските сончеви зраци. Тој го пренесува божјото слово кое патува од сонцето кон Планета Македониа и обратно. Овесот е гласник - ангел, во камениот периот го нарекувале Единствениот Зет, Пред 4.925 г. го нарекувале Озирис, со значење озори, ороси, озири – раздени. Во христијнството наречен е Ангел Михаил. Овесот како ангел го пренесува божјото слово од сонцето, како енергија и ја враќа назд. Овесните снегулки ја претставуваат божјата семенка, духот божји Македон. 


Дивиот овес расте во сувите предели на Месопотамија – Меѓупоточје или Магдонија - Македониа, земја помеѓу две реки Еуфрат и Тигар. Овесот бил култивизиран од Македонците во камениот период, во плодната Македониа со нејзината умерено влажна клима, во ридско -планинските предели. Во Македонија е персонифициран со Единствениот Зет, просветителот Дионис и Хермес, во денес наречена Америка, бил нарекуван како Кокопели, на блискиот исток го нарекувале Озирис, во Европа Куртиш, покасно ќе се нарече Св. Никола или Дедо Мраз, го пренеле култивираните растенија низ светот. Македонците први изработувале леб од овесно брашно, со квас направен од Леблебија – лебот на лебовите. Овесот се користел во исхраната и на животните.

          

                             Овес                                                                 Сончев зрак, зрно Овес.
                                                                                                           Дешифриран текст: „О Ил, ос Рис, Озирис“
                                                                                                                   Локалитет Тенеси, Алжир.
                                                                                                https://www.youtube.com/watch?v=35P5twI1mZA&t=58s

Овесот е храна богата со хранливи материи (нутриенси), која при редовно консумирање од човекот и животните ги зајакнува нивните природни одбрамбени механизми. Овесната трева се користи во козметиката и медицината, како помошно средство во регулирањето на менструалниот циклус, при третирање на дисменореи, за остеопороза и инфекција на уринарните патишта.
Овесот е лесно сварлива житарица, па затоа често им се препорачува на лицата со проблеми со варењето на храната, при желудечни заболувања и болести на цревата. Исто така, овесот помага и при разни воспалителни процеси, како при воспаление на дишните патишта и друго. Делува на снижување на нивото на крвниот холестерол. Овесот помага во јакнење на крвта, ги јакне забите и коските, ја поттикнува работата на мозокот, го поттикнува растот и развојот кај децата и ја зајакнува мускулната маса кај возрасните. Овесот се покажал многу ефикасен и во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Затоа тој им се препорачува на лицата со шеќерна болест.



СУСАМ, еликсир на бесмртноста.

Сусамот е божји дар. Тој е богатство од хранливи состојки и езотерија.
Сусамот Македонците го користат пред илјадници години, од камениот период до денес. Сусамот ѐ, со портокалово кафена – ‘рѓава боја, на изгрејсонцето, и светло жолтеникава боја, на пладневното сонце. Сусамот ѐ, сончевиот зрак.

Сусамот подмладува. Лековитото дејство на сусамот ѐ: против ќелавост, првут, забоболка, ишијас и нарушување на доењето Македонците го одгледуваат, уште од пред 500. 000 г. во продолжеток до денес. Едно од најпознатите македонски јадења од сусам е таан алва. Таан алвата како храна Македонците ја принесуваат, заедно со лебот од Леблебија по упокојување на човекот. Поради формата, бојата и неговата езотерична моќ. Тоа се тајни божји знаења со кои душата на упокоениот патува кон сонцето за прочистување, а утре наутро се враќа, реинкарнирана како феникс, во нов ден. Македонците сусамот го пренеле кај Индусите и Кинезите.

          
          Илина Гора, Осинчани близу до Скопје 9000 г. ма.ер.                               Сусам
            Натпис на камен во форма на сончев зрак, сусам.

Корисни својства:

Семето на сусамот содржи висока концентрација на фитостерол, хемиска материја слична на холестеролот и која има м
оќ да го регулира нивото на холестерол во крвта, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од појава на одредени видови карцином. Исто така, маслото од сусам помага против појавата на тромб, односно згрутчување на крвта, како и против долготраен запек. Оттука, тоа се препорачува за отстранување на цревните паразити, за чистење на цревата и за лекување на хемороидите. Во народната медицина, сусамот се корист и во лекувањето на повреди, акни, чиреви, брадавици и изгореници. Сусамот е многу богат со железо, а во него се присутни и други минерали, како: калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините, во сусамот има најмногу витамин Е, кој е моќен антиоксиданс и заради ваквиот состав може да придонесе за намалување на хроничните воспалителни процеси во организмот, но тој е одличен извор и на витамин Б1, фолна киселина, пиридоксин Б6, ниацин и рибофлавин. Понатаму, во него има сезамин кој е важен во заштитата на црниот дроб, како и лигнан кој ги намалува холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува витаминот Е. Сусамот е делотворен против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и при напади на астма. Македонците сусамот го сметаат за силен афродизијак, Средство за зголемување на сексуалната моќ.



Семе од ЛЕН
Едно од најкористеното растение, кај Македонците бил ленот.
Македонците ленот го користеле не само за исхрана. Од ленот изработувале извонредно платно, од кое производат топла и мека облека. Ленената облека кај Македонците преставува симбол на чистота, и белина, симбол на богот Сонце. Лененото платно белено е во белата река Вардар и Охритското езеро.
Тоа е култура на храна и влакна што се одгледува во Македонија пред 500. 000 г. Одгледуван е покрај течението на реките ДОН, на плодните ниви ДОНИИ - Макдонии. Го одгледувале луге наречени Донци или Македонци. За разлика од лугето кои живееле во планина кои користеле облека од козји волна, наречени Волнари. „Значи доаѓаме до заклучок дека, во јужниот дел на Македонскиот Полуостров, лугето кои се нарекувале Велени, всушност се Словени, а лугето кои биле црни и влакнести, (безимени со семитско арапско потекло) нарекувани се Волнари, всушност тие се Хелени“, цитат од „Зета Македониа“. Македонците ленот го пренеле низ цела Планета Македониа.

Семките од лен содржат витамин Е и Б, калциум, калиум, цинк, фосфор, селен и магнезиум. Најважната состојка на ленот е фитохемикалијата лигнан за која е докажано дека има антиоксидативни својства. Ленот е лек за слабеење. Помага при намалување на високиот крвен притисок, а алфалиноленската киселина ја намалува опасноста од појава на срцеви болести, подобрувајќи ја функцијата и интегритетот на артериите. 
Семето на ленот ја штити слузокожата, ги „подмачкуваат“ цревата и го олеснуваат движењето на содржината низ нив, а поради својството да омекнува, се употребува против запек и за чистење на цревата. За превенција од опстипација (запек), се препорачува секојдневно консумирање една лажица мелено семе од лен, Ленот служи за одржување на оптималната телесна тежина. За изработка на леб треба, да се користи свежо мелено ленено семе.


                            

                                                     Жолто златниот ЛЕН.


Семе од ТИКВА
Тиквата е едногодишно растение од видот ползавец. По својата хранлива вредност ова растение спаѓа меѓу водечките зеленчуци.
Познато е дека Македонците од семето на тиквата приготвувале помада за нега на кожата. Овој рецепт е стар 5.000 г. Тиквата била една од основнта храна на Македонците со илјадници години. Пренесена е во денес наречена Америка пред 100 000 г. Тиквата во Азија пренесена е пред 500.000 г.

Маслото од семето од тиква содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, К и разни минерали. Содржи повеќе од 60 отсто незаситени масни киселини и е богато со белковини. Но, и со Омега 3 и Омега 6 есенцијални масни киселини кои ја зголемуваат енергијата, го регулираат нивото на холестерол, го подобруваат здравјето на репродуктивните органи и овозможуваат убав изглед на кожата. Маслото од тиква има црвенкаста боја, тоа е квалитетно и лесно сварливо. Семките и маслото се користат во фитотерапија кај бенигна хиперплазија на простатата.Тиквата е исклучително богата со витамин А, кој е многу важен за здравјето на очите, особено за мрежницата и штити од катаракта. Бетакаротинот, пак, го блокира дејството на слободните радикали, директно го спречува оштетувањето на ќелиските ДНК структури и делува како јак антиоксидант. Се користи превентивно, бидејќи го намалува ризикот од појава на рак на јајници, на грлото на матката и на желудник. Заболените од простата пожелно е да јадат семки од тиква секој ден. Може да ги земаат деца од две-три години, доилки, постари особи, како и оние со заболен црн дроб.

Семе од СОНЧОГЛЕД
Сончогледот претставува Мајкин дар за Господ Македон. Сончоглдот е персонификација на Македонецот. Македонците од самиот почеток на живиот свет го одгледувале сончогледот. Зошто? Македонците се отсај на вселената, одсјај на природата и природните појави на Планета Македониа, одсјај на Богот Сонце, нивниот татко. Од мугри свртени кон изгрејсонцето. Погледот е вперен кон првиот сончев зрак, налик на слово, писмо, цифри, божја семенка, семе од житарка, семе од сончоглед. На тој начин го примаат словото божјо, божото знаење, тоа е магиска моќ во борба на црна магија, болести, вируси и домашни кодоши. Свртени кон сонцето Македонците го мерат времетраење на денот, четирите периоди од една година на Планетата Македониа и космичката година која трае 2148 г.
„Научните работници“ и археолози можат слободно да претпоставуваат кој прв го одгледувал сончогледот. Едно мора да е јасно на квази научниците, дека само  Македонците и нивните потомци Индијанцитр МАИТИ го обожуваат Богот Сонце и се што е поврзано за него го одгледуваат и култвизираат.

          

                                  Сончоглед                                                             Стилизација на сончоглед.


Семките од сончоглед се богат извор на многу витамини како на пример Б и Е. Минерали калциум,  железо, цинк, магнезиум, селениум, фосфор и манган, а имаат и умерена количина на протеини и диетални влакна. Многу од овие минерали имаат витална улога во минерализација на коските, синтеза на ензими и создавање на црвени крвни зрнца. Сончогледови семки се богати и со омега-3 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина. Може да помогне во спречување на срцеви заболувања, ја зголемува моќта за концентрација.  ја ублажува напнатоста, ги опушта нервите и штити од депресија, го подобрува  целокупното здравје и отпорноста на организмот.

ОРЕВ

Македонскиот Орев претставува едно од најблагородните листопадни дрва. Стеблото на Македонскиот орев е спесифично, богато со разновидни шари, кои не се среќават кај други видови Орв, кои растат во други региони на Светот Македониа. Стеблото се користи за изработка на мебел, иконостаси, музички инструменти, како шупелки и зурли. Од внатрешниот дел на лушпата од оревот се прави чај, кој треба да го користат пушачите. Оревот се користат со цел да ја зголеми виталноста    нормално функционирање на организмот.   физичка, како и ментална активност

 

БАДЕМ - МИНДЕЛ

Македонскиот Бадем е во форма на божја семенка, која се спушта од сонцето. Неговата содржна е мелем - мед, кој благотворно делува на нашиот организам. 

„Бадемите се богат извор на антиоксиданти кои се концентрирани во кафениот слој на кожичката. Една научна студија дошла до податоци кои укажуваат дека мажите и жените кои консумирале 70g бадеми на ден имале т.н. биомаркери за оксидативен стрес намалени за 27%, за само еден месец. Се смета дека непечените, но и печените бадеми имаат пробиотичко дејство, односно служат како храна за природната цревна микрофлора. Сè повеќе испитувања доаѓаат до резултати кои го поврзуваат доброто здравје на цревната микрофлора со сè повеќе позитивни влијанија на организмот. Позитивни влијанија како: поддршка на имуниот систем, антивоспалително дејство, па дури и позитивно влијание на менталното здравје“.

 

-
СОДА БИКАРБОНА Натриум хидроген карбонат.
Сода бикарбоната е бел кристален прав. Тој заедно со солта го симболизира белиот Бог Сонце со белиот ден. Има широка примена во готвењето, медицината и чистењето. Сода бикарбоната се користи за нега на телото и од надвор и однатре. И ако додадете витамин Ц, кој го има во квасот од леблебија, добивате моќна комбинација која го штити целото тело.
Научните истражувања покажаа дека, сода бикарбона помешана со витамин Ц може да го забави развојот на тешки болести или целосно да ги отстрани клетките на ракот Комбинацијата на витамин Ц и сода бикарбона го алкализира целото тело. Ова ни помага, на пример, во борбата против ацидоза, која може да се случи кога бубрезите не можат да ја отстранат киселината од телото, или кога телото произведува премногу киселина. Ова е исто така одличен лек за бубрезите, ја олеснува нивната работа и му помага на телото да се исчисти и да согори маснотии.  
Сода бикарбоната помешана со витамин Ц го забрзува варењето, делува против надуеност и против гастроезофагеален рефлукс. Го чисти црниот дроб, а дозата на витамин Ц го зајакнува телото и помага во борбата против вирусите. На овој начин ќе го регулирате лошиот холестерол и ќе ја подобрите работата на кардиоваскуларниот систем.  


КВАС ОД НАУТ
Ферментација на храната е најстара и најважна метода за конзервирање на храната. Со оваа метода, во која се вклучени микро организмите, ензимите, што претставуваат биолошки катализатори, ја подобрува храливоста на намерниците, за разлика од квасецот направен од габи, кој произведува и отровни материи.
Според археолошките ископувања никаде во светот не е посведочено, произвотството на леб со квасец, освен во Македонија, во населеното место Говрлево, во подножјето на на планината Водно, во близина на Скопје. Според српските археолози и нивната претпоставка археолошките докази од 
Говрлево стари се 9000 г. Датирањето е направено од ракав, според нивната логика, дека не е постаро од македонскиот, археолошки локалитет Винча. Не е исклучено дека, населбата во Говрлево е многу постара. Во овој регион цутела македонската култура, со писмото Цутно (Кирилица и Латиница) и цифри Пролетни (Римски и Арапски), со македонскиот јазик, вера Реинкарнација и организиран живот. Со областа владеел крал – Зет, Господин, Господар, Господ, со својата Невеста Господарка, Мадона, имал своја војска и образовен систем, во сите свери на науката. За потребите на војската се произведувал леб на индустриски начин. За подобра и здрава исхрана на населението, лебот се правел со квас. Овој квас нарекуван е Леб на Лебовите = Леблебија. Овој квас е храна на замесениот леб, помага за скиснување на тестото, кое пак испечено, лесно се разлага во организмот. Вкусот на лебот приготвен со овој квасец, има исклучителна арома и сладост, произведува чувство на задоволост и сигурност. Квасот од Леблебија – Наут има жолтеникава боја, боја на Богот Соне. Сега во овој леб, нараснат, присутно е растечкото утринско сонце, присутно е божјото знаење, Словото божјо. Македонците нахранети со конпонентите на овој леб, во кој се наоѓа и словото божјо, биле сигурни, дека се заштитени од својот Бог Сонце и заштитени од синот божји својот Зет, кој го нарекувале Господин, Господар, Госпот на Планетата Македониа.

 Во поново време направен е обид да се измисли квасец на друга основа и други цели. За овој модерен квасец искористена е габа која го надига тестото, хранливоста му е подобрена, тој е  мек, шуплив, но празен, без божјо езотерично знаење. Ако се запрашаме габите каде растат. Габите растат на темни места, тие се продукт на темните магиски сили,  тие ги користат иструлените органски материи. Одредени габи не се отровни или незнаеме за количината на отровот во нив, кој директно, негативно влијае на нервниот систем. Голем број на габи се високо токсични. Направен е обид со ваков сличен квасец, кој ќе се користи во секојдневната исхрана, да се уништи Македонскиот народ низ цела Европа.
За потквасување на лебот Македонците ги користат микро организмите кои постојат во природата. Тие живеат во услови на кислороден дефицит. Такви се, млечно киселите бактерии и оцетно киселите бактерии. Тие на различен начин ја разградуваат пирогроздовата киселина, (органска киселина), поради што се добиваат и различни крајни продукти на дишењето, какви што се: етил алкохол, млечна киселина, оцет, витамини, арома и други материи. Ослободувањето на енергијата на овој начин се нарекува Ферментација или вриење.
од 50 до 150 г. брашното од Наут растопено во вода и подобрено со една лажица, мед или шеќер, на температура од 30 степени, претставува одлична подлога, за развој на микроорганизмите, а со тоа започнува вриење, така што брашното од Наут, од десет до дваесет и четири часа, ќе прерасне во квас – леб на сите видови лебни производи наречено Леб-леб-ија. За да се прекине вриењето, квасот го ставаме во ладилник. Се внимава квасот да не прекисне.

                                                     

                                                 Македонски Иносушниј Леб украсен со овесни снегулки
БОСИЛОК
Босилокот е мека ниско растечка билка. Потекнува од Македонија и блискиот исток. Македонците го одгледуваат минимум 500.000 г. Значење на именката Босилок е божја сила, силен лек, потсетува на македонскиот збор Василеос со значење, одмаздувач, борец, владетел, крал. Вас-а = борец и Иле = сонце со значење, борец со Богот сонце.
Босилокот има силно антиоксидантно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби – бактерии.


НАНЕ
Нането е тревно растение, распространето од Македонците на пет континенти.
Нането е лековито растение. Ако Босилокот е божја сила Нането е сила на Мајката АНЕ – АНА.
Нането има микронутритивна вредност: значителна количина од витаминот А (маснораствролив витамин кој е клучен за здравјето на очите), потоа железо, манган, витамини од Б групата (особено Б9 или фолна киселина) и помали количества калциум, магнезиум, калиум, цинк, фосфор и витамин Ц и А.
Нането содржи компонента наречена ментол, која помага во релаксирањето на мускулите на дигестивниот тракт, обезбедува нивно полесно празнење и чувство на олеснетост.
Покрај споменатото, кај оваа билка е утврдено силно антимикробно и антивоспалително дејство. Нането е особено корисно за олеснување на симптомите на луѓето со синдром на нервозни црева, како што се дијареата, запекот, стомачните болки, грчевите, повраќањето итн.Поседува корисни ефекти за мозокот и да направи хормонски баланс.


СOЛ
Натриум хлорид, познат како готварска сол, е соединение со хемиска формула NaCl.

Сол значи бело, сол е белиот ден. Познат е македонскиот топоним СОЛун со значење С’л’нце – сонце.
Според езотеричките сознанија, самиот организам произведува чувство за потреба од сол. Солта нетреба да се јаде претерано но неможе и без неа. Солта според „научниците“, кои и самите незнаат, велат, солта го намалува имунитетот. Но солта многу лесно се справува со бактериите на кожата и организмот.  Според германските истражувачи Корона вирусот е всусност бактерија. Претераното внесување на сол ги оптеретува бубрезите.

ВОДА
На нашата планета 71% од површината е вода. Според тоа Нашата планета треба да се нарече Планета Водена а не планета Земја. Згора на тоа ова понижувачко име се користи да се понижи нашата планета која е Мајка. Почвата – земјата помешана со вода ќе биде кал, тоа значи дека нашата мајка е Каллива. Според објавените откритија во книгата Зета Македониа нашата планета Македонците од секогаш ја нарекувале Планета Македониа (без словото„Ј“) и тоа на пет континенти. Ма = моја, КЕ = кева, мајка, Дониа = земја од река до река, помеѓу две реки и ДОН = река. Лугето кои живеат на таа  почва се нарекуваат Македонци.
Водата е хемиска супстанца со хемиска формула H2O. Водата е добар растворувач и често се нарекува универзален растворувач.


ЕЗОТЕРИЈА, ГНОСТИЦИЗАМ

Оваа презентација на внатрешо суштинските знаења, на сите конпоненти искористени, за изработка на Македонскиот Иносушниј Леб, наречено езотерија или ЕЅО-ТЕРИЈА, со значење: „Е“ = тоа е и „ЅО“ = поглед. Укажува на внатрешно, мистично разоткривање, чувано во тајност, од Македонецот Хермес Вермес, Верме, Време и неговите следбеници Македонците, а сега достапно за секого. Ова сознание има влијание на умот, кој почнува да се буди во мугрите. Сега бистриот ум делува на телото, тоа се движи. Тие движења претставуваат тајни верски значења „ГНОСИ“. Движењата се обични вежби од само неколку минути, може да се извежбаат и во кревет. Овие тајни движења ќе се објаснат во следната колумна. Тајното значење на Македонскиот Иносушниј Леб, тајните значења на вежбите во верата македонска, ќе допринесат за лесно ослободување на организмот од ноќната црна магија, преку исфрлање на отровните токсини. Само вака просветлени, го чекате изгрејсонцето, Богот Сонце, како Бог Ден.Полни со чуствителност и добрина, енергија примена од сонцето и „силно светнатиот ден“, вие ќе бидете спремни да се борите со проблемите и вашите надворешни непријатели.

 

                                                                    

 

ЗАКЛУЧОК

Се што е објавено на оваа страница, служи само за информативни цели, во смисол на езотерични, божји тајни знаења, кои се спротиставуваат на црната магија, која шири негативна енергија, како на пример, клонирана храна, која е со одредена доза на токсичност, Корона вирусот, кој служи за ширење став и селекција со смрт, демократија, што значи анархија, човекови права, што значи хаос, амен што значи нема и др. Оваа клонирана храна, болести, и изреки навидум ни помагаат, но зад тие се крие црна магија, целта е човекот да се исплаши, да е замајан, за полесна негова манипулација и експлоатација.
Да се напомене повторно, мора се да се јаде умерено, од се по малку.Треба со претпазливост, интуитивно да ја избегнуваме храната која во себе содржи црна магија. Да се исчисти механички и термички. Овие сознанија не ги заменуваат советите или рецептите на вашиот лекар. На одредени конпоненти во Македонскиот Иносушниј Леб може да се намали количината. Напомена, немојте да се срамите и, со гадење да ги отфрлате сознанијата на оваа колумна, со помислата дека неможе да биде се македонско, дека нештата, „мора да се од Франција, Германија, Англија“. Да се гордеете што сте Македонци. Се е можно. Вистината е една.

 

                                                                                                      28.11.2020 г.        Бранко Сотировски

Прегледано:  1,199.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................