10 ЕГИПЕТ

27.10.2018

 

ЗЕТА МАКЕДОНИА АР на МА (денешен Египет)

 

Тутан Камон I династија 2.925 г. со вкрстени раце, жезло и млатило, симболи на македонската вера вистинско-славна.

 

 

Македонски симбол КРСТ

Коренот на македонската вера води потекло од камениот период на македонскиот народ најмалку од пред 500.000 г. Тоа е верата во Големата Мајка, Марија, Мадона-господарка, Богородица, Македониа, денес нарекувана Земја, (погрден збор за една БОЖИЦА Македониа, рај во вселената). Таа е родилка на Богот Сонце, родилка на вкупната жива природа на Планетата Македониа наречена ИС-Зет во кој се наоѓа и синот божји Македон. Вера во единствениот БОГ Татко Сонце ИЛИ, ИЛ, Илија, кој осветлува, просветлува, оплодува. И македонската вера во синот божји, по татко наречен ИЛИОН, а по мајка е наречен МАКЕДОН. Македон е единствениот син, ЗЕТ, кој го пренесува божјото знаење и на другите народи и племенски заедници на Планетата МАКЕДОНИА. Македонската вера се нарекува ВИСТИНСКО-СЛАВНА. Вистинско-славна е поради вистинската и најкуса линија од врвовите на планините, кога синот Зет – Македон ќе биде во контакт со бог Сонце. На тој начин богот Сонце го пренесува вкупното знаење на Македонците, кое ќе го употребат за создавање РАЈ на Планетата Македониа. Тоа знаење ќе го употребат и за СЛАВА на единствениот Бог Татко Сонце и Мајката Планета Македониа. Воедно Македон, како син божји ќе биде Господ на Планетата Македониа, господар и господин-гостин во рајот Македониа. Македонската вера е вера на реинкарнација, на материјалната и духовната енергија и тоа со пренос од сонцето кон Планетата Македониа и обратно.
Во камениот период од пред 500.000 г. и многу пред тоа, научниците велат дека во одредени региони на планетата немало луѓе, а таму каде што, имаат сигурни докази велат дека луѓе имало, но во многу мал број. Оваа констатација е делумно точна. Луѓето си постоеле на Планетата Македониа од секогаш, дури од времето на диносаурусите и во голем број низ целата Планета Македониа. Докази во вид на писмо кирилица и латиница, геометриски симболи напишани на камен и земја во вид на лигатури, и реалистички и апстрактни цртежи на животни и луѓе, во најнепристапните предели како пустини и планини, конзервирани од условите кои владеат во тие региони со милиони години. Писмени докази постојат, но материјални докази како коски од човек до сега не се пронајдени, што не значи дека нема да се најдат. Одговорот е едноставен и логичен. Да посочиме на еден пример од поблиско историско минато: На денес таканаречената територија Америка живееле милиони крда бизони. Тие животни се уништени од белиот човек за многу краток времнски период, а сега се сведени на работ на исчезнување. За постоење на тие огромни количини на бизони во Америка немаме никаков материјален доказ. Тоа е така поради фактот дека бизоните не биле покриени со земја за да бидат конзервирани. Коските од забот на временските услови, оставени на површината на земјата биле изронети и уништени.

Ваков сличен случај е со Македонците од камениот период. Според македонското научно сознание и верско убедување за неуништивоста на материјата и реинкарнацијата на човечката душа, тие своите починати сограѓани ги палеле на посебно направена клада или ломача. Кладата претставува енергија-оган за ново создавање-реинкарнација. Тој гори на површината на Планетата Македониа, за пренос на материјалната енергија кон сонцето. Овој обред, палење клада во чест на покојникот е симбол на љубовта кон огнот и Бог сонце. Кладата се грижи за душата на покојникот да пристигне во рајот Македонија во вселената. Кладата е сметана  за самовила, самовила ЛАДА. Со сите бои на оганот, русокоса, црвена, светло сина и бела како светлината на денот и студот на снегот и ледот. Лада е златокоса Планета Македониа, покриена со снег во зимата, а во раната пролет златокоса со венец од цвеќиња на главата. Лада, Ладо, Ледо е името на Планетата Македониа покриена со снег и лед во зима, од денот 22-ри декември, кога се палеле жртвени огнови - КЛАДА, каде се принесувало храна и вино, за реинкарнација на истите во пролетта и крајот на летото. Таа е заштитничка на бракот, љубовта и младешката невиност.

Македонците ја палат кладата три дена, сè до 25-ти декември. Со клада и принесената жртва на Планетата Македониа, се стимулира Планетата Македониа да направи привиден наклон од созвездието змија-аждер, кон созвездието крст. На Планетата ѝ требаат три дена да се одлучи. Третиот ден решава да се наклони кон соѕвездието крст, што ќе допринесе да се намали должината на ноќта, а да се зголеми должината на денот, наречено младо сонце, ЛОМ (сончев зрак) или Зет.

Со денот 25-ти декември започнува македонската Нова година, се повторува или реинкарнира годишниот циклус од 12 месеци. На 22-ри октомври умира најдолгата ноќ. Тоа е старото сонце наречено Тешт. Три дена имаме сонцестоење. Третиот ден на 25-ти декември се раѓа новиот ден, кој се зголемува. Тој ден се раѓа младото сонце наречено Зет. Младото сонце се нарекува и ИС, Р’С, РИС, КР’С, КРИС, во христијанството се нарекува ИСУС.

Планетата Македониа кружејки околу Сонцето прави привиден наклон, всушност, косината на Планетата е иста во однос на кружницата околу Сонцето, само поради местоположбата на Планетата во однос на изминатото време (месеци), во тој случај Сонцето ја осветлува поинаку, формирајќи четири годишни периоди. На овој начин Сонцето и Планетата го исцртуваат симболот „X“, и привидниот наклон од соѕвездието аждер до крајната точка на соѕвездието крст го формира симболот „X“ или двете најоддалечени оски ја формираат краткоденицата 22-ри декември и долгоденицата 21, 22-ри јуни.

 

...............................................

       Годишните периоди прикажани како положбата на Планетата Македониа во однос на Сонцето.
           Со промената на годишните периоди, сонцето го испишува ИКСОТ или две вкрстени линии,
                                         што означуваат цифра десет или v+v+x+II = 21, 22-ри.


Р’СТОТ – растот на денот се случува од 25-ти декември, овој р’ст – раст на денот претставува најсветлата точка во македонската наука, прикажана на народот во облик на македонска ВЕРА право-славна, (со две прави линии исцртани од сонцето врз Планетата Македониа „X“ и Планетата Македониа со четирите годишни периоди изцртувајки крст „+“), всушност ова движење, осветлување формирајќи два крста „X“ и „+“ се во СЛАВА на Рајот Планета Македониа и светото тројство помеѓу Таткото Сонце ИЛИ, Мајката Планета Македониа и синот Македон.
Зборот р’ст што значи раст на денот, подоцна Македонците одродници преселени во градот држава Рим ќе го преименуваат во „нова“ религија, всушност, истата македонска вера со изменето име во Р’СТОС, РИСТОС, ХРИСТОС, ХРИСТИЈАНСТВО.
Сите македонски молитви, лични и општествени, се однесуваат во името на Р’СТОТ - растот на денот и умот, светлото, светлината, светлоста, светоста, како наука која произлегува од светлината на сонцето, сончевите зраци, од 25-ти декември и 21, 22-ри март, преточена во вера право-славна македонска, за  остварување на благосостојбата на умот и телото во склоп на колективниот РАЈ. Овој основен принцип, „создавање рај на Планетата Македониа“. Македонската наука и вера не дозволувалува поседување на робови. Македонците од секогаш имале домашни животни за извршување на тешките работи. Само новото општетсво формирано неодамна од градот-држава Рим и западните земји во 20-тиот век до денес, ќе поседуваат класични и модерни робови.

Симболот крст е симбол на Сонцето и Земјата, нивниот син исцртувајќи ги двата крста во чест на таткото „ / “  и мајката „-“ го симболизира неговото македонско потекло. Со појавата на градот-држава Рим и негирањето на македонската вера, култура и народ, Македонците ги исцртувале вкрстените линии – крстот во облик на риба, како скриена порака лигатура: „ ИС (новородената природа) ОД 22-РИ ДЕКЕМВРИ“. Изцртаната риба е симбол на македонската вера право-славна, пролетта и симбол на сексуалноста и плодноста.

 

....

                Риба или на македонски се нарекува ИСКРСТ. Симбол на македонската вера во времето
                                      на прогон на Македонците од страна на Римската окупација. 

 

Подоцна, кога македонската вера ќе се официјализира како државна религија од Св. Константин и Елена пред извршување на обредни молотви, крстот го испишувале на своето тело, во чест на таткото, мајката и нивното македонско потекло, со цел да докажат дека се Македонци.

 

..............................................

       Планетата Македониа кружејќи околу сонцето ги формира четирите годишни периоди или крстот.

 

Македонската вера е верување во реинкарнација, во обновување на животот врз основа на смртта. Тоа е убедување дека творечката енергија духот и душата се неуништливи, поминувајќи од едно тело во друго. Процесот на минување на духот од едно тело во друго се одвивало со помош на вештачкото сонце - огнот, кладата. Водата се мие, но образот не може, во случајот на македонската вера: измивањето на гревовите се постигнувало само со огнот. На тој начин, одредена личност со неговото име од некој и нешто, неговата душа, со помош на огнот ќе биде никој и ништо, само духот божји Македон ќе остане истиот. Со помош на кладата и огнот, духот божји Македон патува на Сонцето за пречистување и спремање за влез во друго тело. А душата од секој човек, според своите дела, кога бил некој и нешто ќе оди на повторно пречистување на вечниот и најсилниот оган Богот Сонце. Богот Сонце ќе ја прими душата во вселенскиот Рај Македонија или ќе ја казни да талка во вселената, да гори  во вечниот студ и врелина, вечниот мрак и светлост. Во периодот од три дена на сонцестоењето, духот божји Македон се враќа на земјата во новородениот ИС, Р’С, РИС, РИСТОС, ЗЕТ, Исус. На 25-ти декември, кога двете линии се вкрстуваат, новороденчето ИС ќе се крсти или прекрсти. Духот божји Македон сега ќе биде прекрстен со ново име во нов живот.
Овој македонски обичај лесно се увидува кај Македонците од денес таканаречената територија Египет. Нивниот македонски карактер на совршеноста на науката во служба на славата на мајката, таткото и синот, прикажана преку уметноста, лесно се уочува македонската вера за животот по смртта и нивната реинкарнација. Од денот XXI, XXII-ри декември или март.

 

  ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

15.10.2017

 

АНК - симбол на вечниот живот

 

1. Стилизација на Сонце ИЛИ.


2.Крлуг - Симбол на моќ и власт. Го носат само Господари и владетели, како симбол на нивната моќ. На симболот пишува: „У - О ИЛИ“, што би значело „СО ВЕРБА ВО ИЛИ“.

Тој се нарекува ЛИТИУС, енергетска антена или резонатор, кој ја лови и засилува енергијата која доаѓа од вселената, во облик на дух божји Македон.

3. Aнк – симболот на вечниот живот. Тоа е симбол на пролетта, кој претставува знак – лигатура, каде може да се прочита: „СО ОС ИЛИ, ИЛ ЛИЛ“ од XXI-ви. Што би значело: „Со сончевиот зрак Богот ИЛ да лие, да оплодува, од денот на пролетта, тоа е желбата божја“. Топчестата форма на симболот Анк е стилизирана афионова чушка или симбол на опивка на природата, оплодување, дух божји кој се спушта од небото. Хоризонталните линии се македонските – пролетните броеви V + V + X  и вертикалата + I = 21. Зборот АНК, прочитан од десно кон лево е КНА, што значи: Љубовна желба на богот да ја оплоди Божјата МА.


Извдок од книгата Зета Македониа страна 380.

 

Прегледано:  1,233.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................