Вторник, 15.12.2015
Монументалната скулптура на Големата Мајка со три лица висока 67 м. се наоѓа на Селечка Планина во Република Македонија, во насока на исток од градот Прилеп, на три километри источно од селото Селце. Скулптурата произлезена од Божјиот природен тек за создавањето на Македониа - рајот, дооформена со раката на обожествениот Македон, рамноправен на својот татко, доминира во просторот каде е поставена. Господарите - Владетели Македонци со високи уметнички квалитети, со скриени пораки во стилот на божјиот Хермес, ни ја презентираат македонската монотеистичка вера во Обнова (Реинкарнација), со помош на Големата Мајка, Бог Сонце и вселената.
........................
Солзана
Скулптурата во книгата „Зета Македониа" е насловена како „СОЛЗАНА“, мислејќи на Божја „солза“ што претставува Божји сончев зрак. Бог Сонце со неговиот диск како божјо око се гледа. Божјата солза е капка роса, која пристига од сонцето преку месечината. Солзата светла но студена, ја наросува вкупната жива природа на Светот Македониа (Земјата), во вид на утринска роса. Таа светлина претставена е со самовилата „Солзана“ (Ана, Јана).
Скулптурата во себе крие три пораки - три лица. Првото лице (сл. 47) е лице со израз на болка кое моли за изгрев на сонцето. Моли и за мигот на оплодувањето. Второто лице го симболизира сончевиот зрак, како самовила Солзана. Нејзиното лице ги искажува следните зборови: „Јас и Сонцето во пролетта, со божјата семенка, утринската роса, осветлена со сончевите зраци, Господ е во мене“. Третото лице (сл. 51) е израз на божјата МА како оплодена, со китка накитена, круна од златно-жолти цвеќиња на главата. Таа е породена - облизната во раст и милувана од сонцето. Таа е обожествена Македонка, родилка на рајот Македониа. Солзана е царица која бдее над своите деца, заштитничка на куќата и Македониа.
..........................
Зета Мадонија,Павлов, (денешна Чешка)
29.000 – 25.000 г. македонска ера пред појавата на христијанството.
Реконструкција М. Герасимов
Мегалитот Солзана е инспирација за создавање стихови, за кои е напишана музика од композиторот Сашо Ливрински – Лаврод.
............................
Бог Сонце се гледа се слуша. Бог Сонце е ОКО, од Божјото око излегува или паѓа Божјата СОЛЗА. Божјата солза е самовила, сончав зрак, утринска роса. Божјата солза е светлост, УМ, словарница и слово божјо. Од Божјата солза се раѓа Македониа - рајот. Од Божјата солза се раѓа „Божја Солзана на Зета Македонија“.
За Македонија рајот пее Сузана Спасовска.
Извадок од книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски.
Доколку сакате дополнителни информации може на контакт телефон: 078 264 106
Книгата Зета Македониа 400.000 г. писменост од Бранко Сотировски, објавена е на сајтот Зета Македониа, може секој да ја чита, но препорачливо е да ја симне бесплатно. Лесно може сајтот да се избрише од некој сили противници на Македонија.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
21.10.502,025 г.
Голема Мајка „Солзана“
Краток текст приготвен од Бранко Сотировски за емисијата „Везилка“.
Според дешифрираните текстови, кои се објавени во книгата Зета Македониа 400.000 г.
писменост од Бранко Сотировски, може да се донесе следниот заклучок.
Одговор на прашањето број 1, 3. Територијата каде автохтоно живее божјиот народ
Македон минимум 500.000 г. се нарекува Македонија. Персонификација на Македонија
се прави со: Невестата, Марија, Мадона – мајка, донаторка на нов живот, Мадомнија -
заштитничка на домот, Господарка – како ќерка на владетелот и Кралица – владетелка на
Светот Македонија. Славниот Македон чуствува огромна почит кон својата мајка, затоа
овие карактеристики ќе ги овековечи со изделканата карпа нарекувана Мома, Господарка
со круна на главата и Голема Мајка „Солзана“.
Одговор на прашањето број 4 и 5. Солзана ја претставува Божјата Солза, која пристига од
Божјото Око – Сонцето ИЛИ, како сонцева светлост. Солзана е Мајкина Солза, која се
грижи за својот син Македон и Македонија. Скулптурата ја претставува и Мајкина Солза,
која пристига од Месечината, како време бесконечно како Господарка на Светот.
Македонците го мереле времето преку Месечината.
Одговор за прашање број 2, 6 и 7. Обработката на карпата направена е од славните
Македонци и тоа, со високи уметнички квалитети, пред 500.000 г. Тоа е периодот, кога
една од ѕвездите на созвездието Македонија, со прекар Змеј, на северното небо, ќе биде
ѕвезда северница, и тоа во периодот од некоја космичка година од 25.776 г. во рамките на
500.000 г. Карпата обработена е со силата на умот од Славниот Македон. Употрбувал
усмерена вибрација од музички инструменти. Овие знаења се заборавиле но, почитта кон
Големата Мајка „Солзана“ останува до денес преку многуте локалитети низ целиот Свет,
во Македонија меѓу многубројните локалитети еден од нив е Тумба Маџари.
Големата Мајка „Солзана“ се поврзува со локалитетот Трескавец Прилеп - Македонија, Ѓаволскиот
ѕит кај Свети Николе Р. Македонија, Пирамидите во Македонија, и Босна и Херцеговина, се поврзува и со
мегалитските изделкани камења во централниот дел на Македонскиот Полуостров
(Балканот) наречени Стојечак - Стечак, Ѓобекли Тепе Турција, Мачупикчу во Перу, Наска
Перу, Бломбос Африка, Какаду Австралија и многу други обработени во книгата Зета
Македонија 400.000 г. писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција
до денес од Бранко Сотировски.
Одговор за прашањето број 8. Во знак за почит на Големата Мајка Солзана посветени се
музичките нумери, во изведба на Сузана Спасовска, „Солзана“ и „Марија Мадина“
Со почит Бранко Сотировски