3. СВЕТА ТРОИЦА - МАКЕДОНСКА ВЕРА ВИСТИНСКО-СЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНО-ВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

3. СВЕТА ТРОИЦА


21.11.2016     


За објаснување на македонска вера ќе се послужиме со анализа на христијанската многубожија религија, затоа што христијанството е продолжение на македонската вера.
      
Бидејќи во претходните делови објаснивме за поимот на Бог и Светиот дух во македонската вера, овој пат продолжуваме со принципот на света троица.

Од генот на оплодувачката моќ на Бог Сонце, во љубовен допир со невестата Планета Мајка Македониа, ќе се роди една нова ВИСТИНА, нов оплодувачки поглед. Новиот поглед е погледот на ИС (бебе-новороденче), а тоа е вкупната жива природа на Планетата, во која се наоѓа и СИНОТ БОЖЈИ.
Сега, Бог Сонце ќе биде татко ИЛИ-ИЛ, а Планетата Мајка ќе биде МАДОНА господарка-Македониа, заштитничка на своето дете. Детето ИС родено од усните-УС од Мајката Планета Македониа (кањон Матка), ќе биде наречен по татко ИЛИОН, по мајка МАКЕДОН. Новата вистина, новиот божји поглед, новородениот Илион-Македон сега ЗЕТ во периодот на зрелоста, со истиот ГЕН на оплодувачкиот поглед на вистината, ќе ја оплоди својата невеста Македонка. На тој начин ќе се рашири божјиот род, родот на ЛАВОТ МАКЕДОНСКИ.

Дилемата: „Кој го создал светот и зошто?“ Ова прашање често е присутно кај денешниот човек и денешната наука. Одговорот на оваа дилема отсекогаш за Македонците била позната, а тоа е генот на светлото и темното, тоа е машкото и женското, доброто и лошото, знаењето и незнаењето, реалното и нестварното и сето ова е генот на БОЖЈАТА ВИСТИНА. Бог оплодува, мајката ја раѓа ВИСТИНАТА. Вистината не е грев. Македонците не се грешни. Во македонската вера не постои грев и ѓавол. Во македонската вера постои само ЉУБОВ на Бог-пролет, ВИСТИНА-лето, ЉУБОВ на синот-есен и нова ВИСТИНА, НОВИОТ ЗЕТ-зима.

Се наметнува прашањето: „Зошто постоиме?“
Македонците постојат само поради три причини кои се во хармонија една со друга.
Првата: поради генот и неговата оплодувачка моќ, содржан во божјиот поглед-светлината.
Второ, поради истиот тој ген, кој се содржи кај Македонците, кој служи за оплодување на родот на сонцето-Лавот македонски (Лаврод).
И третата причина е вкупната природа, жива и не жива, која е родена од мајката, за потребите на Македон да го слави својот Татко Сонце ИЛИ и тоа со работа, песна и добра мисла.

Во новиот завет, Бог се доживува како еден единствен, но воедно и троичен. Едно е три или три во едно.
„Светото“ тројство, според христијанството е содржано од Бог, Бог Син и Бог Дух. Сите три личности се еден Бог или сите три се посебности. Според логичното сфаќање, не е сосема прифатливо сите три посебности да се едно, бидејќи во овој случај се јавуваат повеќе богови и автоматски христијанството се декларира за многубожја религија. Тоа би изгледало исто или слично како змеј со три глави.“  - „Зета Македониа“ стр. 467.
Исто така оваа несфатливост на човечкиот ум, христијанството ја толкува како „ограничен ум“ на Македонците и од времето на појавата на христијанството служи за уништување на македонскиот дух, вера и верба за осамостојување, слобода и обединување.

                                                           
                                       Безимени, обезличени „света троица", кои се всушност македонски. 


Со христијанското толкување што е Бог, како Бог е едно и воедно три, нарачателот на ова учење прави огромна неправда, геноцид на македонскиот Бог ИЛИ, синовите божји Македонците, и дух божји Македон, а со тоа сака да ја уништи македонската вера. Тоа се случува по падот на македонската држава и смртта на последната царица Клеопатра. Македонскиот Бог се прогласува за безимена „полнота на сила“, кој како женско има моќ да го раѓа - создава својот син, безимениот ИС-ИСУС (со значење ИС=ИЗ усни, од уста), наводно преку безимена земна мајка, а со помош на светиот дух кој е исто така безимен.
Во ова толкување, што е Бог, окупаторот на македонските територии, лансира теорија за САМОПРОГЛАСЕН Бог. Окупаторот е Бог, кој го праќа својот син „Исус“ да ги откупи гревовите на луѓето - Македонците. Исус сега е поробениот Македонец, кој мора да страда, и со неговата смрт да ги откупи гревовите на Македонците, кои си имале со илјадници години своја монотеистичка вера. Сега нивната вера е прогласена за „паганска“, политеистичка, грешна. Исус по смртта ќе воскресне како нова католичка религија за „спас“ на народот (македонскиот народ треба да биде предаден на љубовта божјa. Тоа предавање е она кога македонскиот народ не треба да даде отпор на поробувачот, туку треба слепо да се предаде на религија која не е негова. Тоа значи царство божјо, царство на поробувачот.)


Македонската вера на вистината пред појавата на христијанството е логична, лесно сфатлива за здравиот разум, блиска до Македонците кои ја сметаат како нешто свое. Христијанството може да ја прогласи за погрешна, но таа констатација важи и за самото христијанството. Зошто? Затоа што македонската вера е постара од христијанската религија, која всушност произлегува од неа.

Наводно единствен творец на сѐ е „полнотата на сила“ на самиот Бог. Како што рековме погоре, Бог не може да создаде, затоа што не може да роди и затоа што го нема духот божји, кој се наоѓа кај неговиот син Македон. Бог е „полнота“ само на оплодувачката моќ. Бог е оплодувач на Мајката Планета Македонка, која покрај другото го раѓа РАЈОТ МАКЕДОНИЈА на Планетава. За раѓање на рајот на Ѕемјата, рамноправен на Бог во оплодување е и синот божји, и тоа со неговиот ум, работа песна и добра мисла, а сето тоа е љубов кон мајката Македониа.

                                 

                     Свето или СВЕТЛО тројство, составено од Мајката Македонка, Таткото Сонце и синот Македон.  


По македонското верување Мајката, Марија, Мадона, Македониа е СЀ. Мајката е спој на две материи од кој се раѓа трета материја со поинаква особеност, затоа се наоѓа на врвот од светото или светлото материјално тројство.
Бог татко Сонце ИЛИ е дел од едно божество, кое се состои од повеќе сонца во вселената. За разлика од таткото, Мајката Македонка е една, родилка на Македонија рајот во вселената и Македонија рајот на Планетава наречена од Македонците Македониа. Овој РАЈ на Планетава се раѓа само со светото тројство помеѓу Мајката Македониа, Таткото Сонце ИЛИ и синот Македон.

Второто духовно или СВЕТО тројство се состои од Татко Сонце ИЛИ-ИЛ, пролетта ДОН и духот божји Македон. Таткото Сонце ИЛИ со неговите оплодувачки зраци ИЛ, кои се преносителите на духот божји Македон во пролетта од денот XXII- ри март ќе ја оплодат Мајката Ѕемја Македониа со првиот сончев зрак ИЛ, со молњата „Ѕ“-ЅЕ и утринската роса пристигната од месечината. ДОН е божја низина-почва покрај реките наречена „Мадониа“ или Македониа.

                                 
                         Второто свето тројство се состои од Таткото Сонце, ДОН-пролетта, и духот божји Македон.


Овие две свети или Светли тројства претставуваат основа на македонската вера на ВИСТИНАТА. Тоа е кружење на енергијата од Сонцето кон Планетата Македониа и од Планетата Македониа кон Сонцето. Овие две свети тројства споени во едно цело ја претставуваат МАЈКАТА МАКЕДОНКА.


                                                       
                                                            Гoлемата Мајка Македонка составен од две свети тројства.
                              Оваа стилизација на Македонка е македонски симбол, кој се наоѓа на македонскиот ќилим,
                                                         македонската носија и македонскиот вез , на пет континенти.


ВРЕМЕТО Е ДУХОТ БОЖЈИ МАКЕДОН. Тоа се движи по вистинската линија, на оска при што не запира, се движи бескрајно. Духовното време или пак времето на духовноста, е време коешто се создава од почетокот на нештата, оставајќи трагови зад себе, но не запирајќи го својот тек. Тоа време не може да се запре, тоа духовно време е бескрајно. Времето на духовноста, или времето претставено од духовна смисла, не може да запре, не може да стивне, тоа е бесконечно. Бесконечноста на духот, можеме да ја аргументираме со реинкарнацијата. ‘Реинкарнација, буквално значи е повторно да се родиш во тело. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело’. Овој основен дел најчесто се нарекува БОЖЈИ ДУХ МАКЕДОН, или душа МАКЕДОНСКА, повисоко јас, или вистинско јас, божествена искра или едноставно ЈАС МАКЕДОН. Терминот „јас“ е лична заменка во еднина. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но е дел од „јас Македон“, кој е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации. Безвременоста пак, можеме да ја сфатиме како незапирлив тек на нештата, нешто што започнува, а не завршува. Таа безвременост е во нераскинлива врска со македонската цивилизација“. - (Цитат од книгата „Зета Македониа“ стр.74).

              
                                 Македонски симбол на сонцето ИЛИ, пролетта ДОН и Мајката Македонка.
                                                                      Симбол на четирите годишни периоди.



Македонската вера всушност е приказ на македонската наука, јазик и култура за полесно да ја разберат неписмените. Умот и разумот на господарите владетели Македонци не е ограничен, тој е широка лепеза на причинско логички сознанија за светото или светлото тројство поврзано со планетарното. За разлика од христијанското сваќање на светото тројство, луѓето да бидат ограничени со умот и слепо да ги прифаќаат напишаните библиски текстови полни со нејаснотија и страв од нешто што никој не знае од ШТО.
Поради сето ова македонските тројства се едноствни и јасни полни со СВЕТЛОСТ, како ден.


Продолжува...



(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.  Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)


 

Прегледано:  404.00 пати

 

 

 

 

Банери од радио станици каде се емитуваат песните создадени според сознанијата објавени во книгата „Зета Македониа“.

 

 

 

......

 

 

        

            https://www.facebook.com/RadioIskrica

 

Песната на НАРОДНИ РАДИО СРБИЈА се емитува шест пати во денот и тоа во. 09ч, 11ч, 14ч, 17ч, 20ч и 22ч.