„ИЛИОН, ЗЕТ-ФЕНИКС и ИС – ИСУС“ СЛОВА НА МУДРОСТА - I дел

19.07.2016 

Зета Македониа Илион на полуостровот Зета Македониа Пиринејска, (денес наречена Шпанија), 20.000-11.000 г. мкд. ера пред поја. на хр. Пештера Buitre I, село Јанда и Хе
рез.


На југот од полуостровот Зета Македониа Пиринејска (денес наречена Шпанија), се наоѓа ланец од македонски светилишта - пештери во кои се насликани фигури на животни, апстрактни претстави на човек и македонско писмо ЦУТНО (кирилица и латиница), со кое се презентира македонската монотеистичка вера во правото слово на единствениот БОГ Сонце ИЛИ.
Во пештерата Buitre I истражувачот Lucas Millan ќе го открие најмонументалниот и најдобро сочуваниот цртеж и натписи во областа Зета Македониа ИЛИОН, денес наречен Гиблартар.

                                         
                                             Карта од местоположбата на областа каде се наоѓаат натписите.

                 
                                                Откриениот цртеж од Lucas Millan Millan, предземен и објавен
                                                                           од Симон Бланко Алгарин
                                                      https://www.facebook.com/simon.blancoalgarin?fref=nf

Мојата анализа на овие артефакти, таканаречени цртежи кои се всушност натписи и историски значајни пронајдоци од историјата на човештвото, се однесуваат на толкување на нивното лингвистичко и верско значење, наспроти општо прифатеното дека тоа се дела на примитивни луѓе кои не знаеле да се изразат писмено и симболично. Поточно, тие укажуваат на постоење и континуитет на македонската култура, бидејќи се всушност писмени докази на македонски јазик, едни од низата на мноштво натиси низ сите пет континенти.

Конкретно на оваа карпа, следејќи ја македонската исконска вера, сѐ што имал Бог да им каже на своите деца го соопштил на единствениот Македон, Илион, Зет, ИС-Исус, Хермес, Дон, Дион, Дионис.
Сѐ што Македон треба да го пренесе на својот род Лаврод сѐ е напишано во стихови, и сѐ што е напишано тоа е и нацртано. Со писмото и цртежот сѐ е кажано. Поради светоста на зборот cѐ е сокриено. Божјата порака за синовите божји е лесно препознатлива. Причината е јасна, а таа е поради јазикот и писмото ЦУТНО (кирилица и латиница).
Сѐ што е кажано од Бог, сѐ е заборавено од истите браќа Македонци, откажани од својот единствен БОГ Сонце ИЛИ и од единствената Мајката Земја Македонка и РОДОТ „Лаврод“. Јазикот со векови се менува, a oд незнаење и врз темелите на македонската монотеистичка вера, тие формираат сопствена многубожја религија. Од неспособноста да измислат писмо, го употребуваат тајното македонско писмо на ЦУТОТ (латиницата). Докази за оваа констатација не е само овој извонреден натпис. Вакви и слични натписи има на сите пет континенти обработени во книгата „Зета Македониа“. Еден од поновите докази е и Македонското Евангелие чувано во катедралата Нотр дам во градот Реимс во Зета Македониа Нанија (денес наречена Франција). Ова евангелие, кое е напишано со македонската словарница на Цутот (кирилицата) и македонската словарница Глаголица, служело со стотици години за крунисување на македонските владетели во Зета Македониа Нанија (денес наречена Франција).

Следи анализа на цртежот/натпис, како „цртеж-лигатура“:

                       
„ЗЕТУ МАКЕДОНИУ“

                             
„ИЛ ПТИЦО, П’ЈЕШ ЛИ ИЛИУ ОД ДУШУ. ЛИЈ СОНЦЕ С’ТИ. ЈЕ Н’Ш СИ СИН.
‘РТИ С’Л ДИОН, ИС ЧИТА БОГУ.“

                     
„Ј СИН ИЛ, КРСТ, Ј ИСУС. Ј РБА И РОСИТ, С’ П’СНА ТВОЈА, С’ БОЛ’С ИРНИТ,
Ј ЅИЛ УС С’Т, Т’ШТ ЛИН’Т ИЛИОН Т’, У Р’СТ“.

                      

Стиховите кои произлегуваат од оваа анализа транскрибирани на современ македонски јазик се следниве:

Зету Македониу

Огнена птицо,
поеш ли нити,
илиу од душу,
ли сонце свети.

Еј наш си син,
‘рти сал Дион,
Ис чита БОГУ:

„Јас сум син Илион.
Крст, јас сум Исус.
Со работа
Наросувам.

                                                                Гледај слушни                                    
Со песна твоја,
И божја светлост,
Се ранам.

Гледај слушни  
Усни молчете!“                                      
Тештот венее.
Илион татко,
Ти во раст во
Зета Македониа.

                                    
На врвот на цртежот, СЛОВО светло. Од светлото и словото се раѓа мислата-умот на Македон. Умот на Македон сака да ги спознае височините во универзумот за да владее на Земјата. Височините, тоа е Бог кој се спушта кај синот негов Илион, Зет, ИС-Исус, Хермес, Дон, Дион, Дионис, Македон, пристига од бесконечниот простор со бесконечноста на времето. Пристига во просторот на конечноста на материјата на земјата.  
Двете материи се едно божјо слово, а тоа се нарекува од-до „Зету Македониу“, или господарството на Македонија, како на небото така и на земјата. Ова сознание за Зета Македонија на небото и земјата, на Македонецот Македон му откри сѐ, го откри Богот со зборовите „Ли Сонце свети“. „ЛИ“ да лие оган „Огнена птицо“. Оганот е светлост и топлина, ум и словото Божјо. И уште му откри „ЛИ“ како вода, која е човечкото тело. Ова сознание е бесконечениот циклус на вртење – повторување на Божјата оска, и оската на Илион, кој се наоѓа на цртежот, роден од Божјиот Ум-светлоста и мајката Земја Македонка. Ова вртење започнува во вселената наречена „Зетау Македониау“ и пристига на земјата во Македониа, во облик на светлост-умот до Илион, Зет, Хермес.

                
Слова на мудроста, Илион, Зет-Феникс           Зет, Илион, Хермес   

Бог се обраќа на својот син Илион: „Еј наш си син, (син од Таткото Сонце ИЛИ и Мајката Земја Македонка), ‘рти сал ДИОН“. Синовите Илион-Лион и Дион-Дионис со подарената светлост УМОТ се рамноправни во создавањето на рајот Македониа.

Илион, Зет, Исус, Хермес, Македон ја примаат светлоста Умот. Со умот ја спознаваат суштината на човековото постоење, го спознаваат светот, ја спознаваат словарницата ЦУТНА (кирилица и латиница).

Цитат од еден схоластичар:
„ХЕРМЕС ја согледа целоста на сите нешта.
И, откако ја виде таа целост, ТОЈ РАЗБРА СÈ.
И, откога разбра сè, тој ја придоби моќта
да разоткрива и да насочува.
ВСУШНОСТ, НЕШТАТА КОИ ТОЈ ГИ РАЗБРА - ГИ НАЦРТА!
И, откога ги нацрта - ГИ СКРИ!
Зошто за повеќето посака да молчи, а не да говори.
ЗА ДА ГИ БАРА НИВ секој НАРОД роден
по Големиот Светски Потоп.“

Така и се случи Илион, Зет, Хермес сѐ она што го примил од Бог го напишал во вид на ЛИГАТУРА и го нацртал во вид на цртеж лигатура. На тој начин го сокрил божјото слово од одродените, вандали Македонци. Се што е напишано и нацртано можат да го одгатнат само одбрани поединци од родот Лаврод, а тоа е, Ис, Исус, Македон или Дон, Дион, Дионис.

Тајната е напишана и гласи:

„Јас сум син Илион.
Крст, јас сум Исус.“

За синот Илион или Македон од искона до денес КРСТОТ означува симбол на живот. Крстот претставува живот. Крстот ја содржи цифрената вредност XXI со значење, почеток на пролетта. Македон верува во крстот или скршнување на Мајката Земја Македонка, која со нејзината оска ќе скршне кон созвездието КРСТ. Тоа е вера во појавата на посилни сончеви зраци наречени „КРШТ“, кои ќе условат пристигнување на духот божји Македон во вид на вода. Овој реинкарниран дух Феникс со божји Македон ќе услови богата родна година.

„Со работа
Наросувам.“
Македон како син Божји, рамноправен на својот татко Сонце, ја има должноста со работа да ја „наросува“ Мајката Земја Македонка. Tој ја наросува-оплодува обработувајќи ја и одгледувајки земјоделски култури и стока за исхрана и работа. „Со работа наросувам“, се однесува и на наросување-оплодување на својата невеста, за продолжување на родот Лаврод.

„Со песна твоја,
И божја светлост,
Се ранам.“                                               

Одбраните луѓе како што се Илион, Зет, Хермес, кон Бога пристапуваат со искрена почит. Му пеат песни да ја придобијат неговата љубов. Божјата љубов е составена од сончеви нитки со обилно светло. Тоа е нивната храна, храната на мудроста, мудроста на бесмртноста. Со радост ја предаваат душата на огнената птица-фениксот за реинкарнација, да проникнат во ново тело во рајот Макдониа.
Нечестивите кон Бога Македонци, зли, вандали и одродници, заробени сѐ во својата злоба, по смртта талкаат во вселената, помеѓу студот и топлина.

Сега со радост во душата, ја сеам, ја наросувам љубовта кон Бог.
Гледај слушни  
Усни молчете!“

Херменевтичката филозофија  вели дека "Усните на мудроста се затворени, освен за погледот и ушите на разбирање".
Тоа се усните на радоста за новиот живот што се раѓа. Умира старото сонце „Тештот“ и реинкарнира во огнена птица Феникс, како младо сонце ЗЕТ од XXI –ви март.

Реинкарнацијата на духот и телото се случува на божјиот оган или огнена птица наречена Феникс. Феникс е персонификација на сонцето.

Според македонската вера, новиот Феникс е потомок на стариот што изгорел, или новиот Феникс е всушност стариот кој се преродил. Оваа птица е симбол на излезот и залезот на сонцето. Во историските записи, Фениксот може да симболизира обнова во целина, како и сонце, време, империја - Зета Македониа, осветување, воскресение, живот во небесен рај и рајот Македониа на земјата, Исус, Богородица, невиноста, исклучителноста на човекот Македон. Македон го прима словото божјо од Бог во вид на птица ФЕНИКС го пренесува на својот род Лаврод. Оваа вера во Бог Феникс-Сонце ИЛИ ја прифаќаат сите македонски поданици на сите пет континенти.

Во Кина пак, птицата Фенг-Хуанг е најверојатно иста птица како и Фениксот. 鳳凰 Fènghuáng.
Фенг-Хуанг живее во кралството на мудрите кое се наоѓа негде во Источна Кина. Тој пие најчиста вода и јаде само бамбус. Кога тој ќе запее, сите пејачи на светот се придружуваат на неговата песна. Неговата коскена срж се смета за света храна. Оваа птица е заштитничка на кинеските господари. Мажјакот Фенг-Хуанг симболизира среќа, а женката претставува кралица.
                                      
       
   Огнена птица Феникс.              Грб на Општина Центар Скопје, 
 Република Македонија. На штитот 
    е прикажана птицата феникс.

Овој како и многуте артефакти обработени во книгата „Зета Македониа” со естетско симболично значење, дешифрирани преку македонскиот древно - исконски јазик и писмо, претставуваат материјален и писмен доказ за постоење на современо општество налик на денешното, организирано во држави во рамките на една држава која била распространета на пет континенти, наречена Големата Зета Македониа. Според овие писмени докази дознаваме за постанокот на човештвото, историјата на македонскиот народ преку македонската вера права-православна, во слава на Бог Татко ИЛИ, а со тоа дознаваме и за историјата на светот. Со овие писмени докази дознаваме за почетоците на верата, од народот Македон во продолжеток до денес и тоа преку македонската митологија од античкиот период, римскиот период на владеење на Македонците и христијанството.

                                          
                                                                ИЛИОН КУРТИС

Дешифрираниот текст од цртеж-лигатурата со име и презиме Илион Куртис, како син на Богот ИЛИ, покрај тоа што го претставува човекот Македон, Илион, Зет, ИС-Исус, Хермес, Дон, Дион, Дионис, несомнено го претставува и Божјиот син Македон АСКЛЕПИЈ или КУРТИС-ЛЕКАР. Местото каде што се лечеле лугето, се нарекувало КУРИЛО-КУРИЛОВО односно ЛЕКОВИТО МЕСТО.

Продолжува.... 

(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)







Прегледано:  941.00 пати

 

 

 

 

Банери од радио станици каде се емитуваат песните создадени според сознанијата објавени во книгата „Зета Македониа“.

 

 

 

......

 

 

        

            https://www.facebook.com/RadioIskrica

 

Песната на НАРОДНИ РАДИО СРБИЈА се емитува шест пати во денот и тоа во. 09ч, 11ч, 14ч, 17ч, 20ч и 22ч.