10.12.2016
5. ОД ШТО ТРЕБА НИЕ ДА БИДЕМЕ СПАСЕНИ? По Стариот ЗАВЕТ
Според ранохристијанските записи, само светото писмо ни
сведочи за периодот од историјата на човекот од времето кога потекнува Стариот
завет. Сите други записи од други народи, ранохристијанството ги прогласува за
ПАГАНСКИ, многубожји, митолошки.
Според книгата „Зета Македониа“, во која се обработени натписи оставени од македонскиот народ, пронајдени
и датирани од научниците, на пет континенти, ни сведочат за периодот на рајот,
кој се простирал низ целата Планета Македониа. Рајот на Планетата Македониа е
задржан само во Македониа.
Според мое мислење и мислење на други автори, Стариот
завет е пишуван во исто време кога е напишан Новиот завет. Стариот завет е
предговор на Новиот завет.
Овие колумни имаат за цел читателот да дојде до поинакoв поглед кон историјата на светот.
Овие истражувања не се доволни за целосната слика за македонската вера, но
затоа читателот треба да продолжи со истражувањата, вистината да ја продлабочи
до најситни детали. Вистината за христијанската религија е пишувана 2000 г. Низ
историјата многумина по нешто додавале и одземале во зависност од материјалните и
духовните интереси. Според научниот пристап и напишаните документи,
истражувачот Милош Линдро во книгата „Заборавениот Кадмо“ ни го презентира
сознанието дека Исус во Охрид, а целиот негов пат се случувал во Македониа.
Ова сознание е логично и прифатливо, поради фактот, дека центар на светската
култура и центар на светот била Македониа.
Според повеќето автори, кои го обработувале Стариот и Новиот завет, постои мислење дека Стариот и Новиот завет се напишани во подолг временски период, почнувајќи од шестиот век и менуван сѐ до денес.
Наводно нашите „пра“ родители се соочиле со спознанието
на доброто – рајот и со спознанието на злото, јадејќи забрането овошје.
Единствениот грев бил само тој што ја прекршиле заповетта на својот господар.
Последиците од ова искуство од забранетото овошје било фатално, биле избркани
од местото на живеење од рајот и тоа од „творецот“, оној кој „најмногу ги
сакал“.
Зад оваа приказна се крие нешто друго, Адам и Ева
симболично го претставуваат македонскиот народ.
Македонците се синови божји, го примаат словото божјо,
преку единствениот Зет, кои ја развиле науката, јазикот, писмото, верата и
обичаите. Тие имаат рамноправно учество во оплодувањето на Мајката Планета Македониа
за да се роди рајот. Родениот рај, доброто и богатството, со создадената
македонска култура-цивилизација, била трн во око на отпаднатите Македонци од
рајот.
Отпаднатите Македонци, како отпад, во ранохристијанскиот
период го прават најголемиот грев, во христијанството гревот ќе се нарече
САТАНА. Сатаната или ѓаволот не постоел во македонската вера. Македонците
живееле среќни на земјината топка, што претставува рај на Мајката Планета
Македониа заедно со своите поданици, но тие не биле робови. Отпадот од рајот
Македониа, кои биле Македонци, ќе се групира во посебни племенски заедници,
нарекувајќи се секако, но во ниеден случај не смееле да се наречат Македонци.
Отпадот-сатаната ќе ја уништи македонската култура со тоа што научните, и
материјалните вредности ќе ги опљачкаат, а верата ќе ја пренасочи во погрешен
правец. Македонската вера ја насочуваат кон уништување на македонскиот народ и
неговото име, тој процес трае 2016 г. Ова зло, оваа инфекција се шири
незапирливо преку целата ПЛАНЕТА. Губејќи го чувството за припадност на
македонски народ претставува ЗЛО, ГРЕВ, ДУХОВНО МРТВИЛО, ХАОС ВО СВЕТОТ И
ВОЈНИ, сето ова предизвикува смрт. Ова зло трае до денес, ова е сатанското
ропство.
Покрај овој сатански пат кој води кон смртта, ранохристијанството
прави уште еден поголем грев, измислувајќи
приказна за спасот на човештвото од уништување, кои сами го предизвикале.
Иронијата е до толку поголема, што апостол Павле вели:
„Бог ја пројавува својата волја, а таа е, “од целото човештво никој не сакал да
загине и сите да дојдат до спознавањето на вистината“.
Со појавата на градот-држава Рим, во светот ќе се случат
големи промени. Рим сака да го постигне успехот на македонската држава, но во
тоа нема да успее. Да објасниме накрато, што значи именката РИМ-РОМЕИ. Ромеи се
дел од денешните РОМИ или Еѓупци.
Тие се прогласуваат за БОГОВИ. Самосоздадениот Бог
(Римјаните), прави сѐ да го уништи духот Македон во секој Македонец, но секој
Македонец ќе биде поштеден од смртта ако самиот се откаже од сопственото име и
од сопствената македонската вера и БОЖЈАТА ВИСТИНА пристигната од Бог преку
единствениот ЗЕТ.
Македонската држава со најстаро име на светот, македонската вера како
прва вера и основа ни сите религии во светот, македонскиот јазик како прв јазик
на светот и основа на сите јазици во светот, македонското писмо - кирилицата и
латиницата е прво писмо во светот од кои произлегле сите писма и цифри во
светот, и македонската наука врз која се базираат овие вредности, со право може
да кажеме дека Македонците се божји народ. Македонија со македонскиот народ
немала никаква потреба од некаква нова, за нив непозната религија. Таа религија,
која е измислена врз основа на македонската вера, со извртени факти и имиња ја
прогласуваат за спасителка заедно со испратениот МЕСИЈА Исус. Самопрогласеното божество (Римјаните) заедно со Евреите, пишувајќи го
„светото писмо“, Стариот и Новиот завет, пласира НОВА ВИСИНА како божја.
Самопрогласеното божество, (Римјаните) има план како
македонскиот народ да „го спаси“, и тоа од досегашната вера, која претстсвувала
зло, во однос на самопрогласениот Бог и неговиот РОБОВЛАДЕТЕЛСКИ поредок или
сатанското ропство, кој трае до денес, кој предизвика војни, духовна и физичка
смрт.
Оваа пост-рајска „сатанска“ култура почнала да се развива
од Адам и Ева (персонифицираните Македонци) и нивното потомство. Основната
карактеристика на тој период е „заповетта“ на Бог, уште од времето на „рајот“,
„плодете се, множете се“, тие ја продолжиле и во „отпадната“ состојба да го
множат човечкиот род. Наводно децата што се раѓаат од Адам и Ева (македонскиот
народ) во себе ја содржале инфекцијата од злото.
Измислениот Мојсеј, (со значење мој посед), всушност, е
ПОСЕЈ (со значење поседувач), тој ни посведочува со првата книга, дека
потомците на Адам и Ева се тие носители на цивилизацијата која трае до денес.
Ги формираат градовите кои ги опкружуваат со ѕидови, за да се заштитат од
природата, бидејќи ја изгубиле хармонијата на живот како што било во рајот.
Ова Мојсејово посведочување не е точно. Рајот на Адам и
Ева немал ѕидови, но затоа имал херувими со огнени мечеви да го чуваат рајот.
Сите животни отсекогаш се заштитувале од временски непогоди и нивни предатори,
исто така и човекот си го заштитувал своето духовно и материјално добро од
Македонците-одродници. Градовите ги опкружувале со ѕидови.
Во тој период, потомците на Адам и Ева (Македонците),
носители на гревот и злото, поради нивната вера и богатство, наводно почнале да
се одделуваат едни од други. Синот на Адам и Ева, КАИН, и неговото потомството,
живееле во рамнините.
Овие потомци на КАИН (со значење СЕ КААМ) биле ДОНЦИТЕ,
МАДОНЦИТЕ или Македонците. Тоа се умни, работливи луге, со богато културно
наслество и своја вера. Тие се основачи на светската култура, која трае до
денес, како МАКЕДОНСКА ЕРА.
Според Стариот завет, кај потомците на Каин толку многу
се развило „злото“, а тоа е науката, македонската култура, и вера. „Бог се
налутил и како творец на своите деца решил да направи огромно зло сите тие во
рамнината да ги погуби со големиот потоп. Да го погуби оној дел од човештвото,
кој живеел во рамнините то ест Македонците“. Со овој чин, Бог со смрт го решава
спасот на идното човештво.
Вториот син на Адам и
Ева е СИД (на македонски значи „со иднината“ или „рид“). Потомците на Сид
живееле во планините. Тоа се планинци, груби одметници од македонскиот народ.
Необразовани, наречени ВОЛНАРИ.
Според самосоздадениот Бог, само еден човек се спасил,
тоа бил Ное (со значење „но, тој е тој“), а во денешно време се вика Рамбо.
Овој потоп не е потоп на вода врз копно, ова е потоп на
умот. Македонците морале да прекинат со своите обичаи, вера и култура и да го
прифатат христијанството.
Иронијата на новосоздаденото божество (одродените Македонци и
Римјаните-Еѓупците, Ром, ромеи), е таа што пласира теза за Бог, сега како добротворец. Самите Рим-Римјани, како Македонци, се откажуваат од припадноста на македонскиот народ, како
божји деца. Приматот на таа македонска особина, самосоздаденото божество
(Римјаните) ја подарува на новосоздаденото племе - Јудејците. Наводно на територијата
МЕЃУПОТОЧЈЕ (или Месопотамија) настанува пост-потопното човештво. Тој народ е
истиот македонски народ.
..............
Мапа на Зета Македониа Меѓупоточна. Територија населена со Македонци,
со градот Ѕедан, каде е пронајден печатот од црвен камен.
.............
Дешифриран македонски текст, кој е дел од композицијата „Жетварско оро“.
Нумерата е отпеана од реномираната македонска уметничка, певица на традиционални
македонски песни Сузана Спасовска, музиката е од композиторот Сашо Ливрински - Лаврод.
..................
Зета Македониа Меѓупоточна, (денешна територија на Сирија),
6.000 – 4.000 год. мак. ера по преименувањето на македонската вера во христијанска религија
Во Светото Писмо, одметниците од македонскиот
народ, самопрогласените богови - Римјаните заедно со одметниците од
македонскиот народ, Јудејците, напишале: „Бог го создаде староеврејскиот
народ.“ Не може да постои стар и нов народ, народ си е народ. Тој „стар народ“ се
нарекувал со исконското име МАКЕДОНЦИ, денес таканаречени Израелци.
Во
Библијата, новоформираното божество (Римјаните) ќе ги изговори следните
зборови: „Па, сега ако го слушате гласот мој, го пазите заветот мој, ќе ми
бидете народ избран меѓу сите народи, затоа што моја е земјата цела, вие ќе ми
бидете царство на свештеници и народ свет.“
Со
овој цитат дознаваме дека новосоздаденото божество (Римјаните) (а, всушност,
одродените Македонци), одбира македонско племе, лабилно и лојално на Рим за
свои потреби. Тоа племе денес се нарекува со терминот Израелци. Тоа племе ќе
биде единствено, одбрано од самосоздадениот Бог, да ја шири новата религија -
ранохристијанството, со која Македонците ќе ги држи во ропство.
Пласирана
е тезата, новото потомство на Ное, за спасение на човештвото да оди преку СИМ
(СИН или РИМ), еден од трите сина. Од потомомството на Сим по изминати десет
генерации, се раѓа Аврам, роден во УР ХАЛДЕЈСКИ 2166 г. пред појавата на
христијанството (датумот на раѓање е измислен од нарачателот на приказната).
Тој
е единствениот македонски кодош, кој работел за новоформираното божество
(Римјаните). Кај него наводно се одржало сеќавањето на вистинскиот Бог, за
разлика од Македонците, како „малоумни“, кои заборавиле на вистинскиот Бог, па
почнале да веруваат во повеќе богови. Наводно преку Аврам и неговото потомство,
ќе бидат спасени сите народи, со други зборови значи дека целиот македонски
народ ќе си го смени името од Македонци во повеќе племенски заедници, Зета
Македониа Европа ќе се расцепка во помали држави. Потомството на Аврам ќе го
спаси светот.
На
овој начин, Римјаните го подготвувале македонскиот народ за пристигање на
МЕСИЈАТА. Аврам и Сара ќе го имаат синот на 90 г. ИСАК (со значење син на
божјата љубов). Аврам ќе биде синоним за божја
вера. Аврам ќе го послуша Бог да го жртвува својот син исто како што правеле
околните „многубожји“ народи - Македонците. Во последниот момент,
новоформираното божество (Римјаните) ќе го спречи да го направи жртвувањето,
затоа што тој не потекнува од „паганскиот македонски народ“, туку потекнува од
новоформираниот „божји народ“. Во тој момент, новоформираното божество испраќа
овен за жртва. Тоа е симбол дека тој подготвува жртва, а жртвата ке биде
„еднородниот“ син божји.
Пред да се формира нов божји народ, единствени божји синови биле Македонците. Новоформираното
божество (Римјаните) Македонецот наречен Исус ќе го жртвува за спас на самиот
македонски народ, ако ја смени верата во христијанска. Исус на крстот ќе го
откупи злото на македонскиот народ, кое произлегува од верувањето во македонска
вера.
Сега
новоформираното божество (Римјаните) имало план, преку Аврам да формира свој
народ, кој ќе ги спроведува неговите желби, за уништување на духот божји
Македон кај секој Македонец.
Можеби
Аврам е роден во Ур Халдејски. Новоформираното и самопрогласеното божество
(Римјаните) ќе го повика во новоформираната „ВЕТЕНА ТЕРИТОРИЈА“ денес наречен
Израел. На картата гледаме дека и таа територија Меѓупоточна е населена со
Македонци.
Потомците
на Аврам се тие Израелци, повикани да формираат посебни племиња кои ќе
формираат израелски народ. Египјаните како македонски народ, наводно плашејќи
се од овие здружени племенски заедници, го држат во ропство 400 г.
Тоа
е така поради тоа што, само Египет не бил
окупиран од Рим. Наводно се јавува Мојсеј, кој ќе го спасел еврејскиот народ од
ропство со божја - римска помош.
Со
оваа измислена приказна, и строгите римски закони кон македонската вера, полека
македонскиот народ се воведува во денешната ера на новозаветен период.
...........................................
Топонимите Меѓупоточје или Месопотанија, како и градот
ЅЕДАН се македонски.
Како
што е кажано погоре „ВЕТЕНАТА ТЕРИТОРИЈА“, всушност, е МАКЕДОНИА или македонска
провинција.
Според
македонската традиција и вера, божјото писмо пристига на врвовите од планините
со двојниот поглед помеѓу Бог и Зетот. Таков е случајот и со Мојсеј (именката
Мојсеј со значење МОЈ = мој и СЕЈ = сетва, всушност, МОЈСЕЈ во македонската
вера се нарекувал ПОСЕЈ = Посејдон, со значење по сетвата на ДОН, низина во
пролетта покрај реките и морињата, ќе пристигне жевтата), десетте заповеди
божји ги примил на Синајската гора.
Со
овие изпревртени и изкомплицирани приказни од македонската вера, полека
новосоздадрното божество (Римјаните), Македонскиот народ го припрема за
пристигање на МЕСИЈАТА.
(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)