Македонското совршено устроено писмо - супстрат за сите други
азбуки
Васил Иљов
Следствено, ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ на ОФИЦИЈАЛНОТО СОВРШЕНО
УСТРОЕНО ПИСМО на ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ, според досегашните наши сознанија, има
35 гласови обележани со 35 поединечни знаци, но ако се има предвид фактот
дека тоа било време на претежно затворените слогови и во периодот на
ДИСЦИПЛИНИРАНОТО ПИСМО на таканаречениот КОНТИНУИРАН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, т.е.
во времето кога најмногу се употребувал ТЕМНИОТ ВОКАЛ, кој немал ПОСЕБНО
ИЗДИФЕРЕНЦИРАН ЗНАК, а имал ИЗВОНРЕДНА УПОТРЕБНА ГЛАСОВНА ВРЕДНОСТ, тогаш,
заедно со ТЕМНИОТ ВОКАЛ и со таканаречените СПЕЦИФИЧНИ МАКЕДОНСКИ (СЛОВЕНСКИ)
ГЛАСОВИ, ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ на МАКЕДОНЦИТЕ во древноста се состоел најмалку од
36 гласови. Овој податок е уште еден МАРКАНТЕН ДОКАЗ повеќе дека ОФИЦИЈАЛНОТО
СОВРШЕНО УСТРОЕНО УСТАВНО ПИСМО на древните МАКЕДОНЦИ претставува придобивка
на МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА, а не како што тврди ЗВОНИМИР КУЛУНЏИЌ (Историја
на писмото, Загреб 1957, стр. 571) дека наводно “Старословенската кирилица
фактички поникнала од грчкото унцијално писмо од ИЏ век, кое редовно се
вика уставно” и дека наводно “од грчката унцијала се
земени 23 букви непроменети, или малку изменети...” Исто така, е во заблуда и
целосно е погрешен ставот на ЗВОНИМИР КУЛУНЏИЌ (н.д., стр. 425) кога тврди
дека “...само сириско - палестинските Семити го дале гениот, кој го изуми
азбучното писмо од кое настанале сите минати и сегашни азбуки” од проста
причина што НАЈСТАРИТЕ СЕВЕРНОСЕМИТСКИ НАТПИСИ датираат од XVII в.п.н.е. Исто
така, денес изгледаат надминати, неаргументирани и целосно напуштени теориите
на ДАВИД ДИРИНГЕР и на други западни научници дека наводно “....историските
израелски племиња се креаторите на азбуката”.
.................
Споредбена анализа на варијанти од древномакедонската азбука
со современата македонска азбука
Имајќи ја
предвид староста на древномакедонските натписи, јасно следува дека
МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА го дала СУПСТРАТОТ на сите ПОДОЦНЕЖНИ ДЕРИВАТНИ
АЗБУЧНИ ПИСМА, кои имаат значително редуциран број на гласови и знаци и кои
се приспособени и соодветни на ГЛАСОВНИТЕ СПЕЦИФИКИ на поединечните НАРЕЧЈА
или ЈАЗИЦИ. Така, на пример, таканареченото ВИНЧАНСКО ПИСМО од околу 4.500
г.п.н.е., т.е. азбуката на ВИНДИТЕ од околината на Винча има само 26 гласовни
вредности на своите графеми; таканареченото ФЕНИКИСКО АЗБУЧНО ПИСМО од околу
1150 г.п.н.е. е само со 22 знаци; таканаречената ЕТРУРСКА АЗБУКА од околу
VIII в.п.н.е. имала само 26 гласовни вредности на своите графеми во
етрурската елемента, а таканаречената ВЕНЕТСКА АЗБУКА само 24 букви;
таканареченото ГРЧКО АЗБУЧНО ПИСМО од околу IX в.п.н.е. имало 22 букви, а
таканаречената класична ГРЧКА АЗБУКА има 24 букви и, се разбира, има
дополнителни 8 ортографски и 2 фонетски двогласки (дифтонзи); таканареченото
ЛИДИСКО ПИСМО од околу VII в.п.н.е имало 22 знаци, а таканареченото ЛИКИСКО
ПИСМО од околу VI в.п.н.е. било само со 20 букви, та слични биле и
таканаречените ФРИГИСКО ПИСМО од околу 750 г.п.н.е., ПАМФЛИСКО ПИСМО и
КАРИСКО ПИСМО од околу 600 г.п.н.е.; таканаречената СТАРОЕВРЕЈСКА АЗБУКА од
1150 - 1050 г.п.н.е. имала само 22 букви; таканареченото РУНСКО СКАНДИНАВСКО
ПИСМО имало 26 букви; таканаречената ДВОГЛАСНА КАРАТЕПСКА АЗБУКА од ВИИИ
в.п.н.е. имала само 20 букви; ПУНСКОТО ПИСМО од околу V в.п.н.е. имало само
22 букви; таканареченото АНТИЧКО ЛАТИНСКО ПИСМО има 6 самогласки, 16 согласки
и 6 дифтонзи, односно само 22 букви итн. Меѓутоа, само СПЕЦИФИЧНИОТ
МАКЕДОНСКИ ГЛАСОВЕН СИСТЕМ на ПРАИСТОРИСКИТЕ МАКЕДОНСКИ АЗБУКИ бил
вистинскиот ПРОТОТИП за да се понудат 38 букви за СРЕДНОВЕКОВНАТА МАКЕДОНСКА
ГЛАГОЛИЦА и 44 букви за СРЕДНОВЕКОВНАТА МАКЕДОНСКА КИРИЛИЦА во која бројната
вредност понекогаш се разликува од таа во ГЛАГОЛИЦАТА.
..........................................................
Споредбена анализа на таканаречените Феникиско и Латинско
писмо.
................................................................
Споредбена анализа на таканареченото Етрурско, Латинско и
Винчанско писмо
.....
Споредбена анализа на средновековните македонски азбуки
таканаречените Глаголица и Кирилица
Имајќи ги предвид ДРЕВНОМАКЕДОНСКИТЕ
НАТПИСИ, веќе и калуѓерот ЦРНОРИЗЕЦ ХРАБАР од првата половина на X в.н.е. со
својот труд
“О ПНСМЕНХЏ” (“ЗА БУКВИТЕ “) ни станува многу поконкретен и појасен кога
вели: “Порано Словените немале книги, туку со цртички и рески читаа и гатаа, бидејќи
беа пагани”. Дури добива извонредна конотација неговата констатација дека не
може подобро да се напише со грчки букви “...бог или живот, или ѕјело, или
црква, или чекање, или ширина, или јад, или откаде, или младост, или јазик и
друго слично на ова “. ЦРНОРИЗЕЦ ХРАБАР во почетокот на X в.н.е. никаде не
вели дека СЛОВЕНИТЕ биле неписмени, како што тоа буквално го сфати проф.
КРУМЕ КЕПЕСКИ (Граматика на македонскиот литературен јазик за училишта од II
степен, Скопје 1972, стр. 10) дека наводно “Во својата татковина Словените
немале писмо”, туку, напротив, и ЦРНОРИЗЕЦ ХРАБАР сведочи и ние веќе денес
сме во состојба да дешифрираме сé тоа што древните МАКЕДОНЦИ “... со цртички
и рески читаа и гатаа”, бидејќи тие го имале составено не само најстарото ПРАСЛОВЕНСКО
ПИСМО, туку и најстарото СОВРШЕНО УСТРОЕНО АЗБУЧНО ПИСМО за ОПШТА и ТАЈНА
УПОТРЕБА во поширок контекст.
http://www.mn.mk/istorija/5984-Makedonskoto-sovrseno-ustroeno-pismo---supstrat-za-site-drugi-azbuki
Васил Иљов
Објавено
на сојтот „Македонска нација“, ИСТОРИЈА, СРЕДА, 11 АПРИЛ 2012 г.