НАТПИСИ ВО СТИХОВИ КОИ СВЕДОЧАТ ЗА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА

На територијата Зета Македонија Пиринејска (денес таканаречена Шпанија)

среда, 02.03.2016

Петроглифите откриени во Шпанија, поточно во MOLINO BARREÑO, MARAGATERÍA (LEÓN) и регистрирани од Juan Carlos Campos (Хуан Карлос Кампос) имаат форми за кои самите истражувачи сé уште немаат јасни сознанија.
.
                                                 .

Евидентираните петроглифи се наоѓаат на сливот на две мали сезонски потоци, кои во текот на летото од топлината се сушат. Некои од гравирите на карпа се видливи и во периодот кога тече вода. Постојат и други изгравирани карпи во близина на овој локалитет, за кои аналитичарите сметаат дека се знаци за одбележување на планетите. Од повеќето карпи со различни резби, најзагадочни за истажувачите се овие на слика 2 и слика 4, кои никако не можат да се толкуваат како зодијачки симболи.
.
                          .           
                                                слика 1                                                    слика 2
                                                  Две триаголни форми, кои се преклопуваат.

Покрај оваа, како што ја нарекуваат триаголна резба, се наоѓа според нив најзагадочната изрезбана карпа (слика 4). Има многу мали димензии, едвај 20 см во дијаметар. Од средиштето излегуваат осум линии, кои формираат фигура на ѕвезда. Нејзинито толкување за истражувачите е комплицирано и велат дека може да симболизира соларен симбол или друга ѕвезда. Сѐ друго е мистерија, и прашањето за потеклото на овие остатоци од минатото, како и за тоа со која цел и кој ги направил останува отворено.
Според нашето истражување, а потпирајќи се на истражувањата и констатациите напишани во книгата „Зета Македониа“, гравирите потекнуваат од камениот период на Македонскиот народ и тоа од пред 34.000 – 16.400 г. македонска ера.
Според Бранко Сотировски, гравирот со два вкрстени триаголници е апстрактно-симболичка претстава на дел од македонската вера „православна“ со правото, праведното, вистинското слово, за достоинствениот Македон по најкус пат да комуницира со Богот Сонце ИЛИ. Тоа се двете свети тројства: свето и световно, симболизирани со oвие два триаголника и тројството на Божјиот син ИС.
.
               .
            .

.
Воедно, овие два вкрстени триаголника, како и многу други во овој регион и на сите пет континенти се ремек дело, дело кое во себе крие знаковно-говорна шема, скриена порака во вид на ЛИГАТУРА.
Еве неколку примери за македонската лигатура, обработени во книгата „Зета Македониа“ од Бранко Сотировски: Македонски вез стр. 95, „Печат – господово око“ стр. 106, Лепенски Вир стр.182, „Рожба Мадона“ стр. 255. Зета Македониа Востаниа, Југоисточна Азија (Patne – Индија), 132.000 – 42.000 години македонска ера стр.258. Зета Македониа Божјиот Лом, Бломбос, Јужна Африка, пред 77.000 години македонска ера стр. 374. Наска стр. 320 „Бродот на духот божји Македон“ . Зета Македониа Прекуокеански Северен ЦУТ, Maine SAD, пред 6.000 – 5.000 години македонска ера „Наша Македониа“ стр.360 и Зета Македониа Прекуокеански Цут, Кањони Сиера де Сан Карлос, (денес Мексико) пред 6.000 – 5.000 години македонска ера.
Симболиката на гравирот е следнава: Гравирот е составен од два вкрстени триаголника. Вкрстените триаголници формираат во средишниот дел помал триаголник. Триаголниците се стилизирана претстава на три пирамиди и тоа, пирамидата на Богот Сонце ИЉО, пирамидата на богородица на воскресението земјата МАДОН и пирамидата на божјиот син МАКЕДОН.
Пирамидата на Сонцето го симболизира светото или духовното тројство и тоа Бог Сонце ИЛИ, божји ДОН, и духот божји Македон. Пирамида на Земјата МАДОН го симболизира световното материјално тројство и тоа сончевиот зрак ИЛ, божјата Мадон и Господарите - владетели Македонци. Малиот триаголник произлезен од двата поголеми триаголници го симболизира тројството на божјиот син односно Господарите - Владетели Македонци. Тој се состои од, божјиот син ИС, дух божји Македон и Македонија рајот.
Вкрстените триаголници формираат цифри. Пет плус десет плус пет плус два, е еднакво на дваесет и два. Цифрата дваесет и два ги означува четирите годишни периоди, XXII-ри декември, најдолгата ноќ и најкусиот ден кај македонскиот народ наречен КРШ или прекршување на денот кога ноќта се намалува, а денот се зголемува; XXII-ри март летната рамноденица; XXII-ри јуни летната долгоденица; XXII-ри септември есенската рамноденица.
Рамноденицата, особено пролетната, играла значајна улога за културниот развиток на Македонската цивилизација од минатото на сите пет континенти.
Истото времетраење на денот и ноќта, рамноденицата или рамниот ден со ноќта XXII-ри март, претставува почеток на новата година во род. Почетокот на родната година се манифестира со оплодувачката спремност на сонцето и, чинот на оплодувањето или прогласувањето на владетелот наречен Зет. Прогласувањето на владетелот Зет се одржувал на врвовите на планините или пирамидите како вештачки планини, со пригодни манифестации.

Само Македонската цивилизација оставила длабок печат на својте поданици во источна Азија и Америка. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, пропратени со приложување на жртви за да се има успешен род.
Пролетните празнувања се најсветлите обележја на македонските народни обичаи, кои со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот. Македонските празнувања се во чест на ДОН – пролетта, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината, зачеток на живиот свет „ИС“. Празнувањата се во чест и на науката, уметноста и македонската
 вера во единствен Господ Сонце ИЛИ. Тоа се Дионисовите игри во чест на Зета Македонија, македонска цивилизација, што претставува историја на светот. Тоа се празнувања во кои луѓето верувале дека се случува измивање на душите, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлост врз зимската темнина, што ги притискала нивните души.

Рамноденицата како процес, основна двигателна и појдовна точка, е најклучен и најзначаен момент на целокупната шема за разбирање и одгатнување на културата на живеењето на божјиот народ, кој живеел во големата Зета Македониа, а со тоа и на територијата Зета Македониа Пиринејска. Тргнувајќи од овој природен процес, дознаваме повеќе аспекти од животот на луѓето од временскиот период на Зета Македониа.
Македонците своите пораки кон Господ и кон другите луѓе ги пренесуваат со писмо во вид на стихови. Тоа е првиот вид на уметнички литературен израз во светот наречен поезија. Општествено политичките пораки Македонците, покрај тоа што ги пишувале во стихови, на оригинален и иновативен начин, на мал простор, пишуваат и писмени симболи во вид на ликовниот израз ЦРТЕЖ-ЛИГАТУРА или скулптура-лигатура. Напишаните симболи формираат форми исто како источно азиските симболи, создадени од Македонците, кои во себе кријат говорна порака, а воедно го кријат значењето за македонската вера во единствениот Господ Сонце ИЛИ.
Еве еден пример на претстава на два триаголника, симбол формиран од букви од Равенија, Беломорска Македониа, 8.500 – 5.000 години македонска ера. (денес окупирана од безимено племе и држава со измислено име.)
.
                                                            .
.
На печатот пишува: „СО ИЛИ ГЛЕДАМ СВЕТИ МАДОНА“. Печатот претставува симбол на моќта, со кој се одобрува или забранува. Зад печатот стои владетелот, Зетот и божеството на Земјата, а зад владетелот стои науката, верата и војската.
.
                      .           
                                                      слика 3
.
Печатот е во форма на Сонце и сончеви зраци. Средниот дел на печатот со натпис, претставува ОКО на Богот ИЛИ, кое сѐ гледа исто како владетелот. Окото е сместено меѓу два триаголника, симбол на Боговите Македонци, како и на двете свети тројства. Триаголниците претставуваат пирамиди за пренос на духовната и световната енергија.
Гравирот од MOLINO BARREÑO исто како и печатот од Беломорска Македониа, покрај геометриско-симболичка порака во себе крие и писмени знаци. Тој крие во себе божја порака напишана со уметнички израз лигатура на македонски јазик со македонско писмо ЦУТНО (наречено кирилица) и македонски цифри ПРОЛЕТНИ (наречени римски). На гравирот се препознаваат следните слова: А, В, Д, И, Л, Љ, М, Н, О, Р, У. Од овие слова произлегува СЛОВОТО БОЖЈО, кое гласи: „ОД ИЛ УМ ВО РОД ЛАВРОД. ИЉО МАДОН ВАРДАР, ДУНАВ МАДОНИЈА.“
Словото божјо: „ОД ИЛ УМ ВО РОД ЛАВРОД“ се отсликува на следниот гравир наречен Сонце.
.
                    .          
                                                        Сл. 4                                                  Сл.5 Македонски вез.
.
Гравирот е симбол на Сонцето ИЉО со неговите зраци ИЛ. Со точката во средина и осум точки на осумте сончеви зраци.
„Она што ни ја дава духовната концепција на точката е дека таа претставува „ЅЕ“ или поглед и божјо око, како свето; и окото на обожествените Македонци - како световно. Точката е поглед со експлозија. (Спротивно на Еквилдовата теорија на неделивоста на точката). Точката е експлозија на молњата во безброј ѕвезди како „орос“ и „оплод“, во вселената. Таа е како почеток, допир, миг, совршенство. Тој божји поглед „ЅЕ“, во вселенскиот круг, во часот на оплодувањето, преточувајќи го мртвото во живо наречено ДОН, е желба божја, духот божји Македон да ги создаде господарите на Земјата како Господари - владетели Македонци. Таа е почеток и крај. Со неа сè започнува и сè завршува. Точката е зачеток на плодот, божја семенка, потенцијален плод, миг на создавање. Таа ја претставува создавачката божествена сила – ДУХОТ МАКЕДОН наречен ЛАВРОД. (Извадок од книгата „Зета Македониа“ од Бранко Сотировски стр. 40)
Словото божјо: „ИЉО МАДОН И ВАРДАР“ е со значење.
Богот ИЛИ/ИЛЕ и божјата МА – МАДОН се неизбежен дел од една целина, од една митска приказна. Тие взаемно ја оформуваат целосната слика на митолошкиот концепт на македонската цивилизација од периодот, кога се создава гласот, буквата и првите пишани материјални остатоци, и сликовитото претставување за светот што нé опкружувал преку цртеж-лигатури и симболи.
Сонцето како најважна и најзначајна појава, во македонската ВЕРА се именува како Бог ИЛИ, ИЛЕ, ИЉО, Зет, Тешт, Хермес, а неговите зраци се именуваат со носителот на духот божји Македон – „З“ зрак, „Ѕ“ поглед – молња и сончев зрак наречен ИЛ.
Богот Сонце ИЉО и Големата мајка МАДОН, односно нивната концепција е содржана во македонскиот збор ВАРДАР.
Зборот „ВАРДАР“ може да се расчлени на зборовите „ВАР“ и „ДАР“.
Зборот „вар“ на македонски значи „БЕЛО“. Тоа е корен на зборот „ВАРОШ“ со значење групирани куќи за живеење, заштитени со високи ѕидови, како на пример: Гостивар, Вараждин, Темишвар, Варшава и др. Вар е име и на ѕид кој е бел, направен најчесто од варовник. Именката Вардар означува и река, која тече околу ѕидовите и кулите на Варош или минува низ самото населено место. Вар со значење бело, посочува и страната на светот - западот, за разлика од истокот кој се означува со сиво-зелено или МОРАВА. Северот се означува со именката „БАР“ со значење ЦРНО. Од зборот „БАР“ произлегува зборот „АМБАР“ чие значење е кула во која се чува жито или собрано „ДОБРО“, а добро означува имот. Југот Македонците го означувале со ЦРВЕНО.
Вториот дел на именката Вардар е „ДАР“. Зборот „ДАР“ означува дарба, подарено или дадено од Господ или подарено од реката. „ДАР“ е и река а „ДЕРЕ“ е корито. Во овој случај дешифрираниот натпис „ИЉО МАДОН ВАРДАР“ го добива следното значење: Богот Сонце ИЉО подарува вода во вид на река со длабоко дно на земјата МАДОН. Именката Мадон значи „МАЈЧИН ДАР“. Од тука произлегува дека реката Вардар е и дар од Мајката Земја.
Според симболиката на гравирот, подарокот е за Господарите - владетели Македонци кои живеат во близината, во градчето MOLINO BARREÑO, кое се наоѓа од северната страна на некоја одредница, или тоа е место кое ги користи благодатите на реката Вардар, како на пример воденица за мелење жито и слично.
Именките „ДУНАВ, МАДОНИЈА“ се анализирани на следниов начин. „ДУНАВ“ или „ДУН“ е дно, река со длабоко дно. Од зборот „ДОН“ произлегува „ДАР“ или „ДИАР“, што означува: дрво, живеалиште, земја, област. Од тука произлегува именката која се однесува на областа покрај реката, која се вика МАДОНИЈА или МАКЕДОНИА.
Ваков назив се среќава по течението на реката Дунав.Тоа се локалитетите „Зета Мадонија - Македониа, Македонски полуостров, (денешна Србија) 7.300 – 6.800 г. македонска ера, Зета Мадонија - Македониа, Павлов, (денешна Чешка) пред 31.000 – 27.000 г. македонска ера.
.
                                         .
.
Реката Вардар во Македонија тече од север кон југ. Таа река е божји дар, „Дун“, „Дунум“, „УМ“, нулта меридианот како центар на светот. Реката Вардар во пролетта XXII-ри март, преку морињата, го подарува на светот целиот „УМ“, писмо, јазик и култура на живеење, во слава на единствевиот Бог Сонце ИЛИ, во слава на единствената мајка Мадонија или Македонија. И во слава на единствениот негов син „ИС“, „ИСУС“ во кого е присутен духот божји МАКЕДОН, тоа е синот месија, единствениот „Енох“, „Зет“, Тешт“, „Хермес“.


Прегледано:  2,308.00 пати

Објави:

https://www.facebook.com/groups/

1474313992861929/permalink/

1938452183114772

.................

https://www.facebook.com/groups/

LaMagiadelasPiedras

.................

https://www.facebook.com/groups/

876035302411890

...........................

https://www.facebook.com/dainst  Германиј

 

              Химна на Зета Македони.

  

 

   

     ................................................................