МАКЕДОНСКИ КИРИЛИЧЕН НАТПИС ОД ГНИЈОЗДОВО-СМОЛЕНКС РУСИЈА

13.04.2017

 

Македонски натпис во вид на лигатура, напишана на земјен сад од локалитетот Гнијоздово во близина на Смоленкс со кирилични слова. Според руските археолози го сметаат, како најстар кириличен натпис, кој потекнува од X-ти век, иако според начинат на пишување во вид на лигатура, а и според содржината на дешифрираниот текст, во вид на стихотворба, се претпоставува дека е многу постар.

 

............................................

                                                  Сл. 1 Натпис изгравиран на земјен сад од локалитетот Гнијоздово
                                                                      во близина на Смоленкс со кирилични слова.


Според руските археолози и според анализата на Валери А. Цоудинов, објавена во Руската академија на науките, од страна на Научниот Совет за Светската култура, комисија на старата и средновековна руска култура, Ленински Проспект 32, 119991 RU-Москва ГСП-1, Русија, натписот ги содржи следните елементи.
Според Валери А.Ц., кирилицата и кириличните натписи пред X-ти век не постоеле на територијата денешна Русија. Всушност, во тој период се појавуваат кирилицата заедно со руницата. Натписот прочитан со чиста кирилица, од страна на руските археолози не дава логична мисла. Но, според Валери А. Ц., натписот прочитан во конбинација со кирилица и руница во слогови го дава следниот резултат.

 

............................

                                                                   Сл.2 Прочит на Валери А. Цоудонов.1

 

 

Според мое мислење, Македонците во историјата на писменоста уште од пред 500.000 г. ја користат кирилицата. Во книгата „Зета Македониа“ стр.22, е наречена словарница ЦУТНА. Кириличните букви никогаш не служеле за изразување на мисли во слогови. Македонците, според малиот простор за пишување, секогаш пишувале во вид на лигатура и во стихови. Македонски текстови со македонската словарница ЦУТНА (кирилица), пронајдени на пет континенти на македонски јазик, го докажуваат фактот дека Македонците живееле автохтоно на петте континенти уште пред 500.000 г.

Во контекст на руските археолози кои велат дека кирилицата се јавува дури во X-ти век, посочувам еден пример на кириличен натпис од Русија.
На територијата на денешна Русија, а според книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост“ стр.257, наречена Зета Македониа Р’зија, во локалитетот Мамутоваја курја, пронајден е мамутов заб со старост од 40.000 г. На забот е изгравиран следниот текст:

„ На коската со должина 1м и 30 см има гребнатини со длабочина од 1-2 мм и 0.5 – 1 см должина. Изгравирана е стихотворба, која е на македонски јазик и дешифрирана од десно кон лево, и гласи:

„И УРАЛУ У ТП ГОРУ ВР, ДОХУ ЛТ, ЈС ЖГИ ТШТ ГР, ПИР РЕА ЛУТ, РС МА, МИЛ НА ИЛ, ЛП СТ, АЛ ЛП“, односно на современ македонски јазик:

„И НА УРАЛ НА ТАП ВРВ НА ГОРИТЕ, ЛЕТОТ НА ДУХОВИТЕ, Е СО ЖИВИОТ ТЕСТ НА ГОРИТЕ. ПИР РЕА ЛУТ, РИС НА МА, МИЛ НА ИЛИ, ЛЕП СИОТ – АЛ ЛЕП“.[1]

 

.........................
                                     Сл. 33 Мамутов заб со македонски натпис. Мамутова курја на Урал-Русија.

 

 

Во контекст на македонската вера, текстот може да се толкува и на следниот начин:
„И НА УРАЛ, НА ТАП ВРВ НА ГОРИТЕ. ДУХОТ ЛЕТА. ЈАС СУМ СÈ УШТЕ ЖИВИОТ ТЕШТ НА ГОРИТЕ. ПИР РЕА ЛУТ. РОСА НА МАДОН. МИЛУВАНА ОД ИЛ. ЛЕБ ЗА СИТЕ. МАЛКУ ЛЕП“.


Оваа стихотворба е дел од македонската вера на Сонцето, Космосот, сојот, ројот, родот македонски и рајот Македониа. Планината Урал, сметана за пирамида, преку која пристига духот божји, но и се враќа назад кон Сонцето како дух божји Македон од стариот Тешт. Тештот како владетел, смртниот Господарот – Господ Македон на Планетата Македониа, по неговото упокојување, неговата душа божја, е сè уште бесмртна и жива.
Македонскиот народ живеел на територијата на денешна Русија со илјадници години. За своето присуство сведочат безброј кирилични натписи, како и народната носија, културата на живеење и верата со продолжеток до денес.



...................           
                          Сл. 4 Македонска носија од Македонија.                        Сл. 5 Македонска носија од Русија.

 

 

Што се однесува за натписот од локалитетот Гнијоздово во близина на Смоленкс, според моето толкување, на глинениот сад пишува:
„ЅНЅА НИТК’ТА, ГОРО ЛИ, НАША, МАКМ’Д’Н НА ИЛ“.

 

                                                                      Сл. 6 Дешифриран текст.

 

 

Транскрибирано на современ македонски јазик гласи:

„ЅНЅА НИТКАТА, ГОРО ЛИ НАША, НАД МАКЕДОНИА МАДОНА-МАЈКАТА НА ИЛ“.


Глаголската форма „ЅНЅА“ е термин сѐ уште жив во Македонија, со значење: бавно движење. Честичката „ЛИ“ е неменлив збор што се придава на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.  

Именката „МАК“ е скратенка од Македониа, именката М’Д’Н-Мадон е со значење мајка, донатор, господарка. Именката „ИЛ“ е именка на македонскиот Бог Сонце ИЛ, ИЛИ, ИЛИЈА.  

Текстот недвосмислено ја презентира македонската вера на вистината, вера во Големата мајка Македонка-Мадона родилка на Богот Сонце ИЛ, ИЛИ, ИЛИЈА. Тоа е вера на македонскиот народ, денес наречени Руси, со сопствена наука, писмо, јазик и вера македонска од пред 500.000 г. во продолжеток до денес.

 

 

1 http://www.korenine.si/zborniki/zbornik03/cudinov_runica.htm

2 Објавено во утринската емисија од Васил Иљов, (кој го дешифрирал текстот), на телевизија на почетокот на 2009 година. Емисијата е прикачена и на каналот you tube.

3 http://donsmaps.com/kurya.html, пристапено на 25.05.2014. 

 

 

Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, во националните библиотеки во Берлин, Загреб, Будимпешта, Анкара, Hong Kong - 香港 и др.  Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил zetamakedonija21@gmail.com или на телефон +389 78 264 106.)

Голем интерес за книгата „Зета Македониа“ превод од македонски на англиски јазик. Големиот интерес се должи од стравот за разоткривање на западната лажна историја, во однос на нивното Македонско потекло.

Прегледано:  572.00 пати

 

 

 

 

Банери од радио станици каде се емитуваат песните создадени според сознанијата објавени во книгата „Зета Македониа“.

 

 

 

......

 

 

        

            https://www.facebook.com/RadioIskrica

 

Песната на НАРОДНИ РАДИО СРБИЈА се емитува шест пати во денот и тоа во. 09ч, 11ч, 14ч, 17ч, 20ч и 22ч.