ВЕРА НА ВИСТИНАТА - Тоа е верата во единствен господ Сонце Лавот ИЛИ.

 (среда, 10.02.2016)


С
о делото „Зета Македонија“ се потврдува откритието кое се провлекува низ целата книга во врска со македонската монотеистичка вера. 
Ова е обид за појаснување на македонска вера во Богот Сонце и вера во Мајката божја на воскресението, појаснување кое на лингвистички начин, поткрепено со артефакти ни опишува за историскиот камен период на македонскиот народ, распространет на пет континенти, од пред 400.000 г. со континуитет до денес.

                                    
                                                              Бог Сонце-Лавот ИЛИ.                                    Македон 

Откако постои човекот на Планетата Македониа, само Македонците имаат директна поврзаност со еден Бог и засекогаш.Таа врска е „вистинска“ директно поврзана со персонифицираниот Бог Сонце-лавот. Таа „вистинска“ врска е божјата светлост (наречена „ЛОМ“) или божјиот ум во бесконечното време, со еден збор тоа е СВЕТЛОСТ – МЕСИЈА, предводник или ЗЕТ, ЕНОХ или ХЕРМЕС. Зетот или Хермес е Божја светлост на Планетата Македониа или Божјото знаење.

„Значајноста на оваа вера е огромна за разбирање на целиот верски концепт на македонската цивилизација. Македон развива силно чувство кон Сонцето поради неговата моќ за создавање на светлост, топлина, душа и писмо. За Македонците, Сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Затоа Македонците уште од времето кога станале свесни (слово-свесни, словесни), за својот постанок и егзистенција, на Сонцето му припишуваат божествен карактер, т.е. самото Сонце е Бог, двигател, прапочеток и праизвор на животот, извор на духот божји Македон, бог на небото и обожествените Македонци на Планетата Македониа.“ (Извадок од книгата „Зета Македониа“).

Целото Божјо знаење на Планетата Македониа пристига преку сончевите зраци. Обожествените Македонци како деца божји, го одбираат единствениот Македон, наречен Зет, Енох или Хермес да комуницира со Бог преку најкусиот пат, а најкусиот пат е правиот пат. Оттука произлегува и прекарот на обожествениот Зет, Хермес - КУСИОТ или КУСКО.

                   
                                         Печат со натпис, село Говрлево, Македониа (1) 3500 г. македонска ера. 


На печатот пишува: Ѕирнал К’СИ (кусиот) од негововата набљудувачница која се наоѓа на неговиот посед, и ѕирнал Л’СИ сончевиот зрак кон поседот.
Печатот со натпис е пронајден во село Говрлево, во близина на Скопје – Македониа, 3500 г. македонска ера. Печатот има употребна вредност,
што докажува за моќта на тој што го поседува, да издава наредби и одобренија. Зад печатот стои господар, Господ Македон, војска, научниот упавувачки апарат и своја територија со македонски народ.
Печатот содржи и напишана порака со симболичко значење. Печатот е во форма на двојно изгрејсонце. Првото изгрејсонце се обраќа со зборовите: „ЅИН’Л ЛСИ ИЗ ПС’Д“ - сончевиот зрак погледнал на својот посед. 
Тоа е Богот Сонце, поседувач на целата околина и живата природа. 

                                             

                                                 Поглед кон сонцето од набљудувачница. Цртеж Бранко Сотировски.


Второто изгрејсонце се обраќа со напишаната порака: 
„ЅИН’Л К’СИ  ИЗ ПС’Д“ – Ѕирнал, погледнал Кусиот од својот посед од набљудувачницата. 

Оваа порака недвосмислено ни укажува на фактот за дуалистичкиот однос, помеѓу Богот Сонце и неговиот син обожествениот Македон, Зетот или господар и Господ на Планетата Македониа, ни укажува за создавањето и зачувувањето на рајот Македониа. Обожествениот Македон во близина на својата престолнина, на врвот од планината Водно или планината Илина Гора, наутро, единствено тој, го пречекува Бог Сонце во мигот на изгрејсонцето со прав најкус поглед. Со тоа ја докажува најкусата и најчесната врска помеѓу таткото и синот, тоа е чинот на восприемање на господовото знаење. Поради чинот на кусиот спој со Господ, набљудувачот е наречен „К’СИ“ или КУСИОТ.  

Зетот, Хермес или Куско со своите Македонци го гради од камен ВАРОШ (2) – белиот ѕид. Македон Зетот, Енох или Хермес-Кусиот, тој е единствениот кој со помош на божјото знаење на таткото Сонце, пристигнато со правите и најкусите сончеви зраци ИЛ, го подига-гради ВАРОШ - белиот ѕид и град. Еден од тие
зидини со кули во кој е сместен варош е наречен КУСКО. Тоа е македонскиот Варош - град КУСКО во Зета Македонија Прекуокеански Цут, (денес таканаречената територија на Перу).

                    
                                 Мегалитскиот ѕид Куско Перу.                        Мегалитски ѕид „Македон“ Р. Македониа.
                                              Персонификација на сончевата светлост и духот божји Македон.


Во Куско, заштитен со вар-ѕид, престојува Зетот или Хермес, одбраниот-единствениот Македон-Кусиот. Преку вар-ѕидот, Македон го прима ДАР-ВАР или Др-вар, што претставува целото МЕ-ГА божјо знаење. МЕ-ГА божјото знаење претставува огромна милост божја, која те милува или ГАЛИ. Божјото знаење те гали со лиење или проливање на огромни, по количество сончеви зраци, слично како водата која се лизга по вертикалната површина на МЕГАЛИТОТ
или по вертикалниот мегалитски ѕид.

Познат мегалитскиот ѕид во Република Македонија е ѕидот „Македон”. Овој мегалитски ѕид на планината Богословец е еден од најстарите на светот. Функционално - практичниот мотив на изградбата на ѕидот 
денес не се знае, но пораката која ни ја соопштува е јасна. Ѕидот претставува научно, уметничко, вајарско, архитектонско, конструктивно и сеизмичко ремек дело. Тој е пишан документ, порака за моќта на божјиот ум и верата вистинската на градителот. Белиот ѕид  претставува сончев зрак или ДУХ божји Македон.

Сончевиот зрак по најкус пат пристига до заштитениот град со ѕид во кој престојува единствениот владетел и божество на Планетата Македониа - Зетот, Хермес или Куско. Тој сончев зрак е слово божјо или реч божја, што претставува К-УС (или КУ-УС). Тоа е оплодувачката, облагородувачка моќ на сончевиот зрак наречен белиот (вар) КУУС или светлиот КИР. Белиот (вар) КУ-УС по прав, најкус пат, како оплодувач (КУ), пристига до (УС), усните на мајката Планета Македониа Македонка, за да ја оплоди, а потоа да се роди ВАР-ДАР, белиот дар, белиот МАКЕДОН или народот македонски.

                     
                  Зета Македониа Прекуокеански Цут (денес наречена Невада). Извадок од книгата „Зета Макединиа“.
                Цртежот претставува илистрација за најкусиот пат на духот божји Македон од небескиот свод до земјата.


Ова најприродно и
право или исправно мислење на одбраните-обожествени Македонци кои преку праволинискиот, правиот и вистискиот најкус пат комуницираaт со БОГ, претставува ВЕРА во единствениот Бог Сонце, наречена Вера на Вистината или Вера Вистинска.


                                                                        
                                                                                       Македонско сонце


Најправата или најкусата словарница, која произлегува од Бог Сонце Лавот ИЛИ, преку неговите сончеви зраци, е всушност ЕХОТО на природата. Тој прав
олиниски и најкус пат, е ГОВОРОТ на обожествените Македонци. Тие со најкусите и прави слова (за еден глас едно слово) формира словарница ЦУТНА, денес а можеби и од секогаш наречена КИР-ИЛИ-ЦА. Од ова произлегува дека науката се темели на писменоста со која се објаснува верата и нејзините религиозни практики.

Зборот В-ЕРА или В-Е-РА, според сознанијата кои се напишани во книгата „Зета Македониа“ и значењето на буквите во тој збор означуват: В
-Е-РА се: „В“со значење „ВО“, „Е“ е сврзник, и „РА“ би значело работа. „РА“ прочитано од десно кон лево е „АР“ со значење „земја”. Од тука произлегува констатацијата дека вера е верба во РАБОТАТА и тоа, во оплодувачката работа на Бог Сонце Лавот ИЛИ, верба во обработувачката РАБОТА на Планетата Македониа од синот божји и ВЕРБАТА во Мајката Македонка – Планетата Македониа, да ја изврши најголемата работа, со најголема дарба и умешност да воскресне – роди нов ЖИВОТ. 

Тоа е верата, поткрепена со наука, за почетокот на животот во универзумот кога Големата Мајка на ВОСКРЕСЕНИЕТО го раѓа божјиот поглед „ЅЕ“ пред 13 до 15 милијарди години. Божјиот погледот „ЅЕ“, во вид на ЅВЕЗДИ (ѕвезда = божјо око), како капки роса, „орос“, „оплод“, божја семенка, се вселува, во бесконечните усни на мајката ЕЛЕНА. Тој простор сè уште се оплодува – шири, се раѓа ВСЕЛЕНАТА. Во новоформираната ВСЕЛЕНА, божјиот поглед „ЅЕ“ формира  распоред - КОСМОС. Космосот претставува сплет од еден комуникациски систем меѓу сите ѕвезди во вселената. Комуникацијата се одвива со молњи. Мајката Елена, оплодена од „ЅЕ“, околу секоја ЅВЕЗДА раѓа по една или повеќе ЅЕМЈИ. Таков е случајот со делот од божеството „ЅЕ“ наречено ИЛИ – ИЛ, кое околу својата „ОС“ ја има сопствената ѕемја МАРИЧКА, која е приврзана кон Сонцето и кружи по божји пат - ВРЕМЕ или ЕРА, наречено ГОДИНА, вртејќи се околу сопствена оска. На таа почва сè се оплодува, сè се раѓа, но и сè умира и се враќа кон Сонцето како енергија. Тоа е тројниот аспект на божјата МА. Во истиот момент се раѓа Рајот на Планетата Македониа наречен Македонија, а луѓето во таа земја Господари-Владетели Македонци. 

Оваа вера во Бог Сонце Лавот ИЛИ не би имала никакво значење доколку не постои верата во МАЈКАТА родилка Македонка-земјата. Тоа е верата или верувањето во мајчинскиот однос на мајката Планета Македониа кон синот, секоја година да го воскреснува живиот свет, и тоа само за потребите на својот син МАКЕДОН. Тоа е верата на синот во ВОСКРЕСЕНИЕТО.

Зборот ВОСКРЕСЕНИЕ може да се расчлени на ВОС-КРЕС-Е-НИЕ. Зборот „ВОС“ е со значење воздигнување во височина во правецот на Бог Сонце Лавот-ИЛИ, или воздигнување на самото Сонце од страната на светот Зета Македониа Востанија. 

Зборот „КРЕС“ е со значење креска или гори. Во камениот период на македонскиот народ, оганот го сметале како Сонце на Планетата Македониа. Упокоените Македонци заедно со жртвените подароци во храна и вино, ги ставале на клада да се „крескаат“ или горат и на тој начин се качат на сонцето и рајот во вселената. Познат е натписот од село Осинчани Илина Гора во близина на Скопје.

                                  
                                              Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани, близу до Скопје,
                                               Македониа, 9.000 – 8.000 години македонска ера.
 

На каменот со македонско писмо ЦУТНО (кирилица) и македонскиот јазик на СОНЦЕТО е напишано: 
„КРЕШТ СЕ СИ У Л’Т С’Л С ИЉУ“ со значење „КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО“ (Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани близу до Скопје) 
-„Е“ е сврзник. Зборот „НИЕ“ е заменка, што ги заменува именките Господари-Владетели Македонци. Зборот „воскресение” во контекст на оваа анализа би значело: „Бог ИЛИ воскресни на исток. И Богови Македонци воздигнете се со оганот во височините кон единсвенииот Господ Сонце ИЛИ, со единствена цел да се вратите, реинкарнирате, во Македонија Рајот”.

                                                                           
                           Стилизација од бело сликана цртеж-лигатура, историски временски период
                                         на Зета Македониа од 6.480 – 6.250 години македонска ера.
                                                    Велушка тумба – Пелагониски регион, Македониа.

                                                             Овој цут е симбол на воскресението.
                          Симбол на 
пролетта, писменоста, науката, поезијата, љубовта, цвеќињата и
                        убавината, симбол на божјата Маричка, Мадон, Мадонка, Македонка, мајката и
                           Македонија - РАЈОТ е мотивот во форма на пупка, отворен цут, оплоден цут,
                                                               зачеток на плодот и раѓање на рајот,
                                         ОВОЈ МОТИВ Е МАКЕДОНИЈА и овој мотив го симболизира 
                                                          ВОСКРЕСЕНИЕТО и историјата на светот.


Во зборот„вера“ се содржи зборот „ЕРА“. Ерата со која човештвото го досега врвот и од кога се крои историјата на светот е ерата кога господарството Зета Македонија ги воспоставува темелите на писменоста, верувањата, науката и општествениот живот. Тие темели се уште цврсто стојат и на нив опстојува и се надградува она што започнало со народот Македон. Токму затоа не постои пред наша ера и наша ера, ЕРАТА Е ЕДНА. Таа ера е ерата на народот Македон, таа не застанала за да застари, таа трае до ден-денес.

Оваа вера во Богот Сонце-лавот и вера во Мајката божја на воскресението со правиот и достоинствен Македон е вера на ВИСТИНАТА или ВИСТИНСКА ВЕРА.

 

..............................

 
1  Дешифрирано од Васил Иљов.
2  Топоними со именката „варош“: Село Варош до Прилеп, се наоѓа на подножјето на Маркови Кули; Варош (денес Охрид)    е град на светлината, неговото поново име е Лихнидон (спомнато пред 4400 г. македонска ера); Гостивар, Вараждин; Дрвар; Варшава и др.

Прегледано:  1,804.00 пати

 

 

 

 

Банери од радио станици каде се емитуваат песните создадени според сознанијата објавени во книгата „Зета Македониа“.

 

 

 

            ..............

 

 

        

            https://www.facebook.com/RadioIskrica

 

 

 

 

 

Tанго е вештина дадена за забава, уживање и здравје затоа ја заслужуваат сите!